Правата на џукелите и правата на луѓето

Живеам во зграда нешто налик на голубарник каде секој од комшиите си има своја пасија. Некој чува џукели, некој канаринци, некои продава глисти за по риба а некои кршат стаклени садови од време на време.
Моја пасија е да пребарувам згодни милфици по Google, да дремам на шанк и да досаѓам на шанкерите.
Ако некој случајно се реши да ми дојде на гости, прво нешо шо треба да напраи е да земе длабок воздух некаде кај приземјето и да не вдишува ниту издишува додека не влезе кај мене дома. Ходникот кој води до мојот стан буквално корне на мочки, на кучешки лајна и кучешка пот. Мириса буквално како кај волкот во зоолошка.
Некогаш се прашувам дали тоа толку смрдат џукелите или нивните сопственици? Како ли само живеат дома? Станаа ли имуни на смрдеата па не ја препознаваат и осеќаат?
Пред некој ден се шетав со синчето во паркот пред зграда и додека си игравме во тревата, забележав една нагазна смрдлива мина оставена од чмарот на некој лингур.
Значи….. Основно право на џукелите е да кењаат у паркот каде си играт деца, а основно право на децата е да се умрљаат до гуша со кучешки лајна. Цареви се нашите служби да казнат некој страстен пушач што фрлил пикавец   или плукнал на улица, меѓутоа сеуште не гледам дека некој ги казнува овие  типови и типки чии куќни миленици  ги наѓубруваат детските паркови со кучешки гомненици.
Газдите на овие љубимци први излагаат надвор. Некаде околу 6 часот изутрина гордо ги вадат своите лингури у парк, оставаат гомнарија позади себе и си одат дома. Не е битно што потоа некое дете може да се умрља у гомца. Битно љубимецот си го испразнил мешљакот.
Пред некој ден се враќав накај  дома со бицикл, и додека ги вртев педалите и проаѓав низ паркот ми се зегна еден чопор на кучиња скитници а нивните бели заби касаа накај моите нозе. Застанав да побарам  некое дебело дрво и да опаљушам некоја лингурска  муцка како не би отишол дома со некој кучешки  заб на листот од ногата.
Ме заболе што ќе кажат на тоа тетка  Мелита  и сите оние групи за заштита на животните.  Додека тие ги заштитуваат правата на животните, фрапантно се кршат правата на луѓето. Не знам дали одвоиле барем едно евро од тие средства  кои ги добиваат   од разните европски фондови за да направат некој пристоен центар каде би се згрижиле овие кучиња скитници.
Меѓутоа се е кај нас формално. Слично како и оние невладини организации за заштита на правата на децата. Парите од европските фондови се сливаат на нивните сметки, за некои возвишени цели, а сепак, и натаму гледаме како  деца просат на раскрсниците и како децата се се почесто жртви на педофили или насилни родители. Никој јавно не побарај кастрација на овие сексуално растроени типови и сеуште немам видено некое дете да се одземе од оние родители кои си ги ладат под некоја сенка додека нивните дечиња голтаат деривати и мирис на гума на жешкиот асфалт. Да. Ние сме европски настроени, и ако треба за нешто да се јаде гомна за да се црпат  европски пари, ќе се јаде и тоа како.
Во суштина нема ништо да се смени. Освен фактот што гомнојадците ќе го збогатуваат финансиското конто и својот возен парк, додека  децата ќе гинат на раскрсниците а моите нозе  и натаму ќе бидат потенцијална мета на белите лингурски заби….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

8 Responses to Правата на џукелите и правата на луѓето

  1. Пингување: Тестиси за бубрези… | Кежуал мислите на еден пишувач…

  2. Zemjanin напиша:

    Ako dobro se sekjavam zabraneto e da se gazi po treva, a i ako ubavo se sekjavate gospodine uste vo gradinka ucevme edna izreka koja veli ” trevata moli, ne gazi ja, boli”, samo sto mi izgleda deka odamna ste go zaboravile toa. Megju drugoto vo sekoja urbana naselba ima ogradeni parkovi za deca so razni zabavni sodrzini tokmu za da se zastitat decata od pedofilite i lugjeto koi sakaat da im nastetat. Treta rabota sto kje ja navedam e deka koga nie bevme mali ne bese nisto strasno da zgazime vo nekoe gomce od kuce, toa bilo del od rastenjeto i na nasite roditeli. Za toa kolku vi smrdi vo zgrada mozete da si pomognete samo vie samite, a taa smrdea e pokazatel deka ocigledno nemate registirana zaednica na stanari koja kje se grizi za pravilnoto funkcioniranje na zgradata i nejzinoto tekovno odrzuvanje, vklucitelno i higienata. Za kraj bi vi preporacal da se setite kakvi ste bile kako mal koga ne ste bile prepoln so razni frustracii i omraza kon drugite, obidete se da bide dobri kon okolinata, potesko e, no veruvajte kje vi se isplati. Iskreno ve pozdravuva eden gragjanin na planetava Zemja koj se nadeva deka nekoj od ovie zborovi kje dopre do vas.

    • darko напиша:

      prijatele golem ekologist si spored tebe ne e vo red da se gazi po treva a vo red e da se kenja kade ke stignes. a decata treba da igraat zatvoreni vo kafez za nekoj da seta kucinja po parkovite. Ako spored tebe dobra tradicija e gazenjeto gomna prodolzi da ja neguvas ama ima lugje na koi toa im e odvratno i barame promena na svesta kaj lugjeto sto gi kenjaat milenicite kako sto toa se pravi so zakonot za pusenje plukanje mokrenje alkohol do 7 i sl.

  3. Vlatko Eftimov напиша:

    интелектуално настроен мразачу,се извинувам најпрвин за простачкиов вокабулар.зарем ти не сереш,а твоето интелектуално гомно на темјанушки да не мириса?и да сум на твое место не би се плашел само од белите заби на лингурите,туку и од нивните некастрирани гениталии,оти може и да ти го начукаат!!!

  4. darko напиша:

    Mora da se prevzeme nesto se pomalite trevni povrsini vo Skopjevo se se ponatrupani so kuceski izmet a nas lugeto ne kaznuvaat za plukanje sto ne odi ne odi da bideme realni

  5. Metal напиша:

    Druze poima nemas od zivotot, kako sto go citam tvojot tekst a ne ni uspeav da go docitam do kraj a sepak zakluciv deka si zlobna i neintelegentna licnost koja mu steti na opstestvoto poveke odkolku kucinjata.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s