На пат за Лондон (Внимавајте на фалц картите, не на УВ зраците)

Еве деновиве ми се актуелни натпреварите во Венецуела, каде нашите кошаркари бркаат пласман за Лондон 2012. А во моментов Лондон 2012 е пофраерски град од Скопје 2014. За после Олимпијада не знам.
И како нашиве кошаркари водат битка, а го изедоа на старт од Ангола, така и јас ментално, онака со фантазиите,  чуствувам како да се работи за мое патување во Лондон. Искрено, многу ме потресе оној пораз од Ангола, но кој ни беше крив? Прифативме да ја играме нивната игра, паднавме во брзиот и шутерски ритам и некако не сомлеа.А кур со Африканец рака на срце , не се мери.
Цела среќа Нов Зеланд ги прееба Африканциве, ние го преебавме Нов Зеланд, и оп…ете не нас на посакуваното прво место. Ние не се посравме од страв од Хака- танцот на Ново Зеланѓаните, меѓутоа Анголциве се посраа и тоа како.Затоа Македонци, спремајте го газот за Лондон!
Денес излезе инфорамција од МВР дека на пазарот харале препродавачи со фалц билети за Олимијадата во Лондон. А јас таман се згнав да скршам нозе и да барам карти. Цела среќа ја видов инфорамцијата на време, иначе отидоа парите јабана.Заради таков пропуст ништо чудно и жена ми да ми најавеше дека ми раскинува, ама преку ополномошен посредник.
Жими кур.  Ја сум еден обичен и  тежок клошар, кој нема свој автомобил, и на кого секоја дестинација му е далечна. Попрво некоја старлета од Холивуд ќе слета на месечината одколку јас клошарот, да одпатувам за Лондон.
Оваа информација е од добра корист за оние кои имаат пари да го покажат својот сурат во Лондон. Дали се по спортот не е битно. Битно е да бидат in!
За клошарите ко мене и останатата багра оваа информиција не важи. За нас нема ни обична информација во кој дел од денот по нашиве улици ќе се проака некој странски дипломат. Колку да не не тепа УВ 10 по глава. Колку и да ни се љобањите дебели, кожата може да страда , а гљивичав и крастосан не во Лондон, ни  во Свирипичино не можеш да одиш таков.
Одкако Министерот  за труд и социјална политика излезе со наредба до градежните фирми , да ги поштеди своите  градежни работници во времето од 12 до 15 часот, сите ние на дело се уверивме колку на овие дебело глави директори им стало до своите работници. На тие тикварите, повеќе им вреди еден загубен ден, и дневница плус за работниците да мораат да одвојат, одколку еден мозочен удар или сончаница на некоја сиротиња. Ма каква обврска имаат за него? Нити е пријавен, нити е здраствено осугуран. Работникот може комотно да липса, да го покријат со земја, да излезат демек на увид инспекторите од Трудова инспекција и толку!
Исход понатаму и нема да има, сем ако си политички непогоден. А во земја ко Македонија политички непогоден значи да си бугарофил, да си грчки шпиун, да си предавник , да си плукач по својот народ. Е за ваквите профили на луѓе, оваа земја си има свои разно разни институти кои ќе елаборираат, ќе анализираат и кои ќе организираат разно разни дебати.
За оној кој не знае, како се станува подобен на системот, нека го прашаат чичко Додовски или   батко Петровски. Тие долго време беа чеда  одметнати од јатото, но брзо се вратија назат пред волкот да ги изеде.

И не е битно кој ја шверцал нафтата по распадот на СФРЈ. Битно е што таа ја пиеме сите од време на време. Онака по потреба. Тој криминал  веќе одамна не е работа на Јавното обвинителство. Гледајте еден ден вести и ќе се уверите дека секоја партија си има свој портпарол Јавен обвинител. Ма тоа е само ефтина приказна. 20 Години се обвинуваат, и никој сеуште не е ниту во суд стапнат за тие овинувања.
Ама не, без заебанција. Кој ја шверцаше нафтата? Кој ги затвори фабриките?
Е  богами овие прашања во иднина може да  станат Олимписка дисциплина за која нашиве актери ќе може да побараат и Вајлд карта за учество на Олимпијадата. Слушачи и публика за оваа нова дисциплина  има колку и да сакаш……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to На пат за Лондон (Внимавајте на фалц картите, не на УВ зраците)

  1. velichkoff напиша:

    Исход понатаму и нема да има, сем ако си политички непогоден. А во земја ко Македонија политички непогоден значи да си бугарофил, да си грчки шпиун, да си предавник , да си плукач по својот народ. Е за ваквите профили на луѓе, оваа земја си има свои разно разни институти кои ќе елаборираат, ќе анализираат и кои ќе организираат разно разни дебати.
    За оној кој не знае, како се станува подобен на системот, нека го прашаат чичко Додовски или батко Петровски. Тие долго време беа чеда одметнати од јатото, но брзо се вратија назат пред волкот да ги изеде. – тоа е тоа брат тотално се согласувам

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s