Хероите си имаат свое име

Пред некој ден бев седнат на  телешка чорба во кафанчето Стара Чешма во Кисела Вода и вниманието ми го привлече една бронзена статуа непосредно до мене  која почна да се издигнува на постаментот. Одкако завршив со појадокот веднаш се доближив до истата бидејќи ликот на херојот качен на коњ ми беше многу познат. Дојдов блиску до него и подвикнав:Еј па тоа е Тодор Александров!
За миг се сецнав и помислив дека некој 136 годишен партизан или поранешен секратар на комитетот на СКЈ  ќе ме акне со чадор за сонче по глава . И кога веќе некој смета дека дигањето на споменици е толку неопходно за оваа земја(јас лично не сметам дека е така) сепак интерес во мене предизивикува интегрирањето во нашата историја на некои ликови кои во минатото беа оцрнети. А во минатото  учевме за другарчињата на Лазар Колишев, подоцна Колишевски, учевме за оние кои ја прифатија со двете раце и устата,  номенклатурата на Тито. Ех, кога  од некого ќе слушнам дека Тито ни ја подарил државата,во моментот осеќам  како да ме сече некоја сабја по целата дијафрагма. Нејсе.
Ги протрљав убаво очите и пак се уверив во првичното. Не ми се верува. ,,бугарофилот”   и ,,крвникот” Тодор Александров некој се дрзна да го стави во срцето на Скопје.
A во тоа Колишево време, крвници и бугарофили  стануваа  сите кои се бореа против српските интереси и против интересите на петокраката. Да почитувани мои. Во тоа време жигосани  бараби и бугарофили  беа Тодор, Петар Чаулев,Ефтим Спротстанов, Васил Чакаларов и сите кои го кренаа мечот против српската чизма во Македонија. Да. Тие со тоа си го ,,заслужија” бугарскиот префикс.
А македонскиот префикс во тоа време се заслужуваше со испраќање на свои соборци Македонци по логорите само затоа што тие   не сакаа да се поклонат на просрпскиот и пројугословенскиот режим. Тогаш во тоа време големи Македонци беа оние кои седушно се залагаа за ослободување на Срем. Големи  Македонци беа оние кои на клоци ги дигнаа струмичките момчиња од својата матурска  прослава  и ги   стрелаа некаде кај бугарската граница.Големи Македонци беа оние кои затворија Ченто и неговите соработници.
И наместо да оставиме таа нивна филозофија и идеологија да биде изгризана од забот на историјата ние се плашиме од реакцијата на некој пензиониран секретар на СКМ и СКЈ околу ликот на Тодор Александров и останатите ,,бугари”!
Аманте бе …Зашто за војводата на коњ во Кисела Вода не се каже јасно и гласно дека тоа е ликот на Тодор Александров? Па кога веќе ги ставаме на постамент нашите херои најмалку што можеме за нив е да ги спомнеме со име и презиме…нека писка и  нека скока  кој колку сака. И не само тоа. Сакам да видам уште еден славен  лик веднаш до него. Сакам да го видам до Тодор и  да се освети ликот  на човекот со букет цвеќе во раката Владо Черноземски!
Пред некој ден во некое Липковско село едно училиште доби име на паднат борец на УЧК. А да .Заборавив. Тие се бореа за слобода и за човекови права. Бранителите не смее никој да ги спомне за тоа што на тој начин може да се разнишаат некои сојузи и колации. Имињата на овие македонски чеда кои пред само 10 години ги дадоа своите млади животи за својата земја заслужуваат да добијат имиња на свои булевари, имиња на касарни, имиња на населени места. Пак ќе речам Нека скока и нека писка кој колку сака!!Ужасно се осеќам кога ќе видам колку се маргиналзиирани овие наши најсвежи јунаци. Како нивен брат и соборец имам чест и должност да ги споменам и да побарам нивно овековечување во оваа наша ,,Рамковна” Македонија!

Другата година Македонија ќе одбележи 100 годишен јубилеј од Тиквешкото Востание а баба Наца Пинџурова, чија сурова смрт беше директен повод во Тиквешко  да се удри на српскиот џелат и окупатор, заслужува со народна и црковна панихида  да се одаде почит на нејзината жртва која  е симбол на непокорот на еден народ. Смртта која беше иницијална каписла тиквешки војводи Мишо Шкартов, Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Пано Измирлиев,Ристо Михов, Тасе Мурџев, Тодор Камчев, Димитар Пинџуров, Милан Анастасов и други, подпомогнати од четите на ВМРО предводени од  Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Ѓакон Евстатиј, Ефтим Спространов, Милан Ѓурлуков да го дигнат населението на востание против српската војска.
Тоа како нација им го должиме и на баба Наца, на славните востаници и на цивилното население кое го загуби својот живот. Оваа нивна протечена крв не обврзува нашите јунаци да си ги споменеме со име и презиме а тоа да биде симбол и почеток на национално помирување и обединување на Македонците! 

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

3 Responses to Хероите си имаат свое име

  1. Boban Karanfilovski напиша:

    Дали авторот на текстот знае дека тој Тодор Александров ни уби половина национални херои кои ги пееме во химната?

    • komitamkd напиша:

      Кој го уби Тодор Александров? Истите тие кои ги убија и посочените во химната…….Различно политичко делување, иста идеологија…..сите тие припаѓаат на МАКЕДОНИЈА!!!И Дража Михајловиќ убил многу партизани, па сепак не е германски шпион како што се учеше…..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s