Вистината за Тодор Александров

 Деновиве повторно се дига прашина од страна на љубителите на српски турбофолк и поборниците на Титовата фела.     Повторно летаат етикети кој е Бугарин а кој голем Македонец. Повторно од матрицата на поренашната УДБА се оцрнува ликот на еден од најголемите македонски синови. Тодор Александров, со име, со агенда, дело и младо тело докажа што значи да се жртвува еден млад човек за својата татковина.
Фашизмот кој што е напревен над Македонците  после 1945 година со менувањето на азбуката кирилична со некоја си нова КОНЕСКА азбука, со додавањето на додавките (СКИ) на македонските презимиња од Вардарска Македонија одеше во име на  тој српски, комунистички , фашистички чекор,  да го раскине ткивото на Македонецот со Македонците од Пиринско и Егејско.  Оние кои му го уништија дисконтинуитетот на Македонецот правејќи го Титово чедо кој немало ништо пред него а ни после него. Во договор и корелација со Бугарските комунисти, сите оние кои не беа за Тито, за Братството и Единството, за СФРЈ, да бидат прогласени за Бугари и домашни непријатели. Истата прикаска што беше инсталирана за четникот Дража Михајловиќ и за усташот Анте Павелиќ. Во продолжение на ова мое кратко излагање се приложени извадоци од еминентни западни весници кои во кратки црти го опишуваат ликот и делото на Тодор Александров. Неговото мото Македонија на Македонците остана забележано од еминентни западни новинари, но за жал не и од одредени кругови на имбецили во нашата ни ментално поробена татковина Македонија,  кои денес ни го прикажуваат Александров како  тиранин и македонски крвник. Под моето кратко резиме вам почитувани читатели ви се доставени  извадоци од познати западни весници кои го опишуваат ликот и делото на Тодор Александров.Со гомнари и сељаци не сакам да се докажувам. Фактите нека говорат…….

(ЗЛОСОТОРОТ НАД МАКЕДОНЕЦОТ СЕРВИРАН ОД ТИТО И ЛАЗАР
КОЛИШЕВСКИ-АЗБУКА ПО НАЛОГ НА ТИТО СО ЦЕЛ РУШЕЊЕ НА
МАКЕДОНСКИОТ ДИСКОНТИНУИТЕТ)

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските  И грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)
 

Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1924 год.)
Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)
Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.(Париски Журнал, септември 1923 год.)
Народните песни излегуваат од народот. Во оваа песна е опеан ликот на Тодор Александров кој македонците го гледале како свој спасител и ослободител, а не како крвник и тиранин….Песната е достапна во ВМРО
Нема никогаш да дозволиме, оние кои ги фрлија Македонците во келиите на Голи Оток да ни ја сервираат нивната просрспка, и прокомунстичка историја. Денес Македонецот гледа со свои очи, архивите се достапни и отворени. Вистината е за наша среќа подостапна од некои други матни времиња……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

19 Responses to Вистината за Тодор Александров

  1. Blaze Angelovski напиша:

    Незнам што имаат заедничко Тодор Александров и Новата (реформирана) азбука од Коневски! За ликот и делото на Т. Александров напишани се и кажани многу вистини и невистини, испеани се и многу песни, сеуште кружат преданијата, од колено на колено, кои ја потврдуваат верноста и чесноста на Т.Александров кон Македонското дело, Но да се навредуваат некои кои не доволно ја познаваат личноста на Т. Александров не држи место! А крајно вулгарено е пишувањето за македонската азбука, која благодарееќи на Коневски е една од најубавите! Буквите не се БИБЛИЈА и во интерес на луѓето е да се прилагодуваат на јазикот т.е. изговорот!!! Тоа се правело и треба да се направи и во другите јазици англискиот, францускиот…. Традицијата не е во буквите туку во ЗБОРОВИТЕ!!!

    • Бојан Кипријановски напиша:

      –Blaze Angelovski ЗА ТЕБЕ —————————-
      Се поклонувам само пред Бога, вистината и Татковината! Во 1944 година почна процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик. Но во какви политички рамки и во какви политички услови се развиваше овој процес? По поразот на македонската национална автономна ориентација (Методија Шаторов-Шарло од 1941 и Методија Андонов-Ченто по 1944), политичката власт во Македонија помина во рацете на “пројугословенската” ориентација, персонифицирана и симболизирана од Лазар Колишевски. Победата на “југословенската” ориентација во македонскиот политички живот сериозно ќе влијае и врз судбината на македонскиот јазик.

      Во такви политички услови почна да работи и Првата комисија за јазик и правопис (11 члена, речиси сите специјалисти во дадената проблематика). Во текот на работата на Првата комисија за јазик и правопис од самиот почеток се појавија две јасни и непомирливи тенденции. Од една страна се појави едно мнозинство на чело со В. Марковски и од друга страна едно малцинство на чело со Б. Конески. Судирите меѓу мнозинството и малцинството беа од суштинска и принципиелна природа. Прво се разговараше за тоа кои дијалекти ќе се сметаат за централни и ќе стојат на темелот на идниот македонски литературен јазик и второ каква азбука треба да се прифати и да се примени во Македонија. Во врска со дијалектичната основа на идниот литературен јазик се изразија длабоки несогласувања. Мнозинството сметаше дека како основа на идниот македонски литературен јазик треба да се земат централните македонски дијалекти (Велес, Прилеп, Битола и Охрид), а малцинството сметаше дека треба да се земат таканаречените западномакедонски дијалекти (Тетово, Скопје, Велес, Прилеп и т.н.).

      Во врска со азбуката се појавија сериозни недоразбирања. Мнозинството се залагаше за формирање посебна македонска азбука (со посебни македонски фонеми – букви), а малцинство се залагаше за целосното прифаќање на Вуковата азбука. По тешки дискусии и со гласање (9-2), мнозинството го порази малцинството и предложи азбука од 32 букви. Во врска со темниот вокал, мнозинството членови на Комисијата за јазик и правопис сметаа дека темниот вокал “ъ е нужен за македонскиот јазик, а е и старомакедонска буква”. Поразот на малцинството и неприфаќањето на Вуковата азбука од страна на Комисијата за јазик и правопис ја вознемири “пројугословенската” македонска политичка номенклатура. За да се попречи примената на новата македонска азбука, Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ предложи до дефинитивното прифаќање на понудената азбука од страна на Првата комисија да се поканат и да се изјаснат и руските слависти Н. С. Державин и С. Б. Берштејн. Целта на предлогот не беше да се поканат руските слависти, туку да се одложи и да се оневозможи прифаќањето на новата македонска азбука предложена од Првата комисија. Веднаш македонската политичка номенклатура (ЦК КПМ), со писмо, го извести ЦК КПЈ дека успеаја привремено да ја отстранат таа опасност со предлогот на Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ за покана на руските слависти.

      Со помош на “пројугословенската” македонска номенклатура се формира нова, но сега партиска комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Во Втората таканаречена комисија за јазик и правопис влегоа и луѓе што дури не го знаеле македонскиот јазик. Главна улога во Втората комисија заигра претставник на малцинството од Првата комисија (Блаже Конески). Новата комисија за јазик и правопис реши “да се усвои наполно Вуковата азбука…”. Членовите на Втората комисија за јазик и правопис решија исто така дека “ъ не е каракеристичен за македонскиот литературен јазик и не треба да се внесува буква во азбуката”. Така графемата “ъ” доби политичка димензија. За нејзино отстранување особено се залагаше Б. Конески. Мотивот беше едноставен: пирова ќе беше победата на Вуковата азбука во Македонија ако беше прусутен и “ъ” во неа. За многумина таа буква “мирисаше многу на бугарски”. Со желба да се отстрани таа графема дури се скрши и фонетскиот принцип во јазикот и графемата “ъ” беше заменета со апостроф. Против решенија на Втората јазична комисија енергично беше В. Марковски. На тој начин малцинството, со помош и поддршка на ЦК КПЈ и ЦК КПМ, од малцинство бргу се претвори во мнозинство и ја наметна својата волја, спротивно на волјата на македонскиот народ, која ја изразија претставниците на мнозинството од Првата комисија (д-р Г. Шоптрајанов, д-р М. Петрушевски, В. Марковски, Г. Киселинов, Д. Џамбаз и др.).

      Прифаќањето на Вуковата азбука ја вознемири македонската јавност. Македонската “пројугословенска” политичка номенклатура, по договорот во Белград меѓу М. Ѓилас, В. Малинска, Б. Конески и В. Марковски, создаде Трета комисија за јазик и правопис. Третата комисија на 3 мај 1945 година донесе своја дефинитивна (компромисна) одлука по прашањето на македонската азбука. Со тоа духот на малцинството победи и стана основна јазична политичка ориентација во Република Македонија. По кодификацијата почна еден суптилен процес на историски јазичен дисконтинуитет на македонскиот јазик што постепено го оддалечуваше од неговиот природен и нормален историски тек и континуитет. Денес, кога се штити духот на малцинството, всушност не се штити македонскиот јазик, туку српскиот отпечаток врз македонскиот јазик. На тоа всушност се должат неодговорните напади врз Македонскиот историски речник и врз главниот уредник. Тие напади земаат размери на вистинска вербална граѓанска војна и главни носители се “Утрински весник” и “Старт”. Крајна цел на тие напади е да се овековечи историскиот дисконтинуитет на македонскиот јазик (да не се дозволи никаква јазична ревизија) и да се ограничи, диригира и да се потчини повторно македонската научна мисла. П.С.

      За веродостојноста на пишаното ги упатувам сите читатели што им е мила вистината да ги прочитаат записниците од комисиите за јазик и правопис што се наоѓаат во Архивот на МАНУ или да ја прочитаат извонредната книга на д-р Стојан Ристески, “Создавањето на современиот македонски литературен јазик”, Скопје 1988 година, каде што исто така може да се најдат записниците од комисиите за јазик и правопис. (Авторот е доктор по историски науки)

  2. komitamkd напиша:

    И јас мислам дека азбуката не е Библија. Тоа е точно. Меѓутоа, мотивот на менувањето, кодифицирањето на нашата азбука не е научен туку политички, и само политички. Направено по диктат! Исто така и говорот е драстично изменет, со тивка елиминација на некои стари наши жаргони….ОРЕЛСКИ КРИЛА КАК ДА СИ МЕТНАМ, В НАШИ СТРНИ ДА СИ ПРЕЛЕТНАМ……..Исчезна полека таа наша фонетика.

    • Марко напиша:

      Менувањето на нашата азбука??? А каква беше нашата азбука пред тоа. Ако не се лажам, тогаш за првпат се кодификува македонски јазик, значи азбуката што се користела пред тоа не била македонска, или не била кодификувана од македонска институција. По чиј диктат е направена „промената“, е едно прашање. Друга работа, јазичните комисии само го продолжуваат делото на Мисирков, кај него темниот вокал во првата фаза се бележи со а со капче, а во втората го нема. На крај, знаеш ли ти воопшто што е фонетика?

      • komitamkd напиша:

        Бате, ние и Србите сме единствените две нации на светот со фонетски правопис. Читај како што пишуваш. Правопис на Вук Караџиќ. Цел паметен свет користи етимолошки правопис. Поради овој злочин на тогашните комуњарски комисии ние за 40 години загубивме скоро 20 000 збора!!! Прочитај ја Тга за Југ па види колку од овие збориви денес ги користиме…..

      • Марко напиша:

        Нациите немаат правописи, јазиците имаат. Многу јазици имаат фонетски елементи во своите правописи, некаде се поприсутни, некаде помалку. Вуковата реформа е мошне успешна, затоа што целта и било брзо и ефикасно описменување на што поголем дел од популацијата, токму затоа дел од елементите на Вуковата реформа се прифатени и во бугарскиот и во рускиот правопис. Албанската и турската азбука и правопис исто така се фонетски. На крај, те прашав дали знаеш што е фонетика, затоа што тоа за што зборуваш во тој дел од коментарот се однесува на лексика. Тука работата е следна, јазикот е динамична категорија и некои зборови се губат со текот на годините, а други навлегуваат во јазикот. Некои, пак, го менуваат своето значење.

    • Марко напиша:

      Тоа се случувало отсекогаш, со сите јазици во светот. Дали под српско, кинеско, руско или не знам какво влијание зависи од случајот. Дали мислиш дека рускиот јазик денес е ист како во времето на Пушкин, или францускиот е ист како во времето на Иго? Како дојде до пресметкава дека се работи 20 000 зборови баш ме интересира, како и тоа дали некои направил список на тие зборови. Доколку знаеш точно за кои зборови се работа, ништо не те спречува тебе, и твоите истомисленици да почнете пак да ги употребувате. Јас не знам ни за кои комуњарски комисии зборуваш, ако мислиш на трите јазични комисии, тие зборови не утврдувале, само го утврдиле правописот.

      • komitamkd напиша:

        Под тој правопис се исченазти многу зборови. Напиот јазик денес е во светот еден од најсуромашните со зборови.Тоа го говорат угледни професори на нашиот универзитет, тоа веќе станува јавна дебата дека јазикот умира како што умирааат зборовите….

      • Марко напиша:

        Пак ти кажувам, комисиите утврдувале ПРАВОПИС. Фондот на зборови зависи првенствено од говорителите на јазикот. Како може под тој правопис да исчезнале зборовите не разбирам. Да, нашиот јазик е еден од јазиците со помалку зборови и таков бил отсекогаш. Прво е кодифиуван доцна, второ, географаската површина и бројот на говорители влијае на бројот на зборови. Трета работа, кога се утврдува бројот на зборови, на пример на англискиот, во таа евиденција се вклучени и зборови од староанглиски и средноанглиски што веќе не се во употреба, а на македонски, се бројат само зборовите што се денес во употреба. И уште еднаш, комисиите немаат врска со бројот на зборови во јазикот.

  3. Dejan напиша:

    Во музејот на Македонската борба за државност и самостојност, како и на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим, кустосот и водичите низ музејот за Тодор Александров велат дека тој го нарачал убиството на Ѓорче Петров, колку е тоа вистина, зависи од тоа кој како гледа на работите.

    Но тоа што е вистина, е фактот дека од тројцата потписници на Мајскиот Манифест кој повикува на слободна, независна и обединета Македонија, потпишан во 1924 година од страна на Александар Протогеров – своерачен потпис, Петар Чаулев – своерачен потпис и Тодор Александров – ополномошнет потпис од Протогеров и Чаулев, само Чаулев се држел до својот потпис и барал јавно објавување на Манифестот и реализирање на неговите цели, додека Протогеров и Александров ги повлекле своите потписи бидејќи немале тестиси за да се соочат со бугарофилските врховисти во ВМРО.

    Дали Александров е крвник или не, зависи од тоа како ги толкуваме историските настани, но дефинитивно не е во ист кош со народните херои како што се Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Петар Чаулев, а уште помалку па со народните херои како Стив Наумов, кој на 22 години загинал борејќи се против бугарските фашисти.

    Можеби не им е симпатичен Стив Наумов на пвеводбениците бидејќи уште од 19 годишна возраст бил член на Комунистичката Партија на Југославија, но останува фактот дека е народен херој кој загинал за Македонија, а не за КПЈ или за Југославија, многу поголем херој од луѓето како Тодор Александров и Александар Протогеров, кои со нивните повлекувања на нивните потписи од Мајскиот Манифест, се ставаат во ист кош со потписниците на Охридскиот Рамковен Договор, кои еднакво ги предадоа националните интереси на македонскиот народ, како што и Александров и Протогеров ги предале националните интереси на македонскиот народ со нивните повлекувања на нивните потписи од Мајскиот Манифест.

    • komitamkd напиша:

      Кај мене како Македонец,подеднаква е почитта кон сите Македонци кои го дале животот за слободата на Македонија. Политичките идеологии е едно, а начинот на дејствување за една цел, Незавизна Македонија е сосема друго. Јас не можам да се помирам Тодор Александров да го нарекуваат крвник некои шо се бореле на ЈОРГАН планина ,имаат 130 години и лапаат боречка пензија. Кој знае дали и им свирнал некогаш метак над глава..не е битно. Не дозволиво е да се оцрнува било кој лик од нашата Историја. За тоа нека дебатираат оние што се платени за тоа, а не политичари и сенилни старци.За Стив Наумов нема никаков коментар во овој текст бидејќи неговата големина никој не ја оспорува…барем така треба да биде…ПОЛИТИЧКИТЕ ИДЕОЛОГИИ НЕ СЕ ПРЕДМЕТ НА МУАБЕТ.

      • onaka напиша:

        ti pa znaes dali im svirnal ili ne…

      • Марко напиша:

        Ако треба за историјата да дебатираат тие што се платени за тоа, зошто тогаш ти дебатираш. Дали, на пример, академик Катарџиев смее да дебатира и да каже дека придонесот на Александров е спорен, или ако не ти се допаѓа ставот не смее да го соопшти. Ако не треба старци, дали треба историски неписмени и неуки личности да дебатираат? Дали за Втората Светска Војна треба да дебатираат тие што биле живи тогаш и учествувале во неа, или они немаат право да дебатираат? Кои се тие кои се бореле под јорган планина а „лапаат“ пензии? Знаеш имиња, или онака рандом ги етикетираш сите партизани?

      • komitamkd напиша:

        Под Јорган планина се бореле оние кои седеле во скутот на УДБА и ги испратија нашите великани по затворите. Ако јас не сум бил улесник во таа втора светска војна, фала богу има архиви и сеуште живи сведоци па добро ми се јасни оние генералчиња во пензија кои матљаат 30 000 денари пензија а се прчат на горд српски јазик и по 40 години не знаат еден македонски збор. Тоа се тие јадачи на младо пилешко мевце.

      • Марко напиша:

        Пак нешто одоколу, збогатено со фрази и флоскули кои би требало да го направат исказот поуверлив. И повторно целата народно-ослободителна борба ја квалификуваш како обид да се злоупотребат пензиските фондови. На другите забелешки не даде никаков одговор.

  4. Марко Чаласан напиша:

    Јадите гомна тука, а ТИТО е единствен што ја изедначи нашата Република Македонија и за ПРВПАТ!!! Дотогаш не не есапеле за живи… А сега тоа се заборава заради бугарските интереси???

    • komitamkd напиша:

      Тито не изедначил со нула мајсторе. Најутепана република од сите 6. Колку Македонци скапаа по занданите од тој твој Тито……..Што ти оставил тебе Тито во наследство кажи освен долгови и долгови??? Тито ја убик идејата за обединета и независна Македонија, токму она за што се бореа плејада наши ревоуционери..еден од нив и ,,лошиот бугарин” Tодор Александров….

      • Gargamel напиша:

        Ne cepkaj go Tito i socijalizmot!Po pisanoto nitu znaes,nitu imas merka za takvi istorijski fakti.Puli si go Aceta i cukaj vo negovite i tvoite gradi,za sebe,a makedonskiot narod ostavi go da ja izboluva svojata bolka od silniot patriotizam na Aleksandrovcite,ta antickiot,ta ovoj Todor,stipska dika,kako i Vanco.

  5. Gargamel напиша:

    Do komitamkd
    Brat,debatiras za azbuki i vedi,a vamu *komitamkd*.Daleku si ti i od istorijata,vistina se faktite,i od cuvstvoto za tatkovina i pripadnost kon istata.Tito i komunistite ja oslobodile Vardarska Makedonija,ona sto bilo banovina.Za Solun i Trst,anglicanite vednas ke go donesele kralot i Makedonija ke bese pak banovina.Idejata za obedineta i nezavisna Makedonija,zad koja se krijat i denes laznite patrioti, postoi vo umot na bugarskite spioni i fasisticki sorabotnici za da go opravdaat svoeto odnesuvanje.Sto i dal Tito,sto dade socijalizmot na Makedonija bi videl ako si pominal vo istocna Makedonija 1955 i ako si pominal 1985.Ej Krivi Dol nemase struja i oravme so drveno ralo,ako znaes pilistaru sto toa znaci.Posinevte od udiranje vo gradi,patrioti,a vamu najsiromasna zemja vo regionot,bez debata.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s