Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени?

 

  • Правиме реклами за странците да ја запознаат Македонија, снимаме скапи спотови а всушност не е до рекламата туку морам да забележам ние Македонците не сме баш добри домаќини. Зошто?
    Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово. Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете??? Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив. Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае. Колкумина од вас биле на беровско или дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз? Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија а продадени без никакви последици на аукција во големата Сотби аукциска куќа.
    Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене ама за да го поткрепам тврдењето еве неколку факти за Македонија, некои познати но за некој малкумина ги знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го овие информации.
    – Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
    Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.
    – Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости.
    – Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!
    – Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”
    – Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.
    – Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица. Дебарско.
    – Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука..
    – Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.
    – За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
    – Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.
    – Најстаро дрво во македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот. расте од времето на Св.Климент Охридски 9 век.
    – Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец.. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.
    – Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
    – Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија“ и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.
    – Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..
    – Прва зоолошка на Балканот е во Скопје.
    – 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години ( а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро…)
    – Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.
    – Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.
    – Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност..
    – Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.
    – Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.
    – Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија.. Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I…
    – Првата црква, првата покрстена во Европа Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – “ пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња
    – Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот
    Во него постоело книжовно училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.
    – Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха. во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок
    – Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000
    Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.
    Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите..
    Како што велеше една кратка кампања на невладиниот сектор.. запознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш… !!!!!

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s