На западот ништо ново

Во нашата ни соседна Србија председател стана Николиќ. Демек некогашниот радикал. Чисто информативно, колку да му го измерат радикализмот, НАТО-вците им плеснаа мал ќутек на србите на северот на Косово, само колку да му ја затнат устата на овој големиов патриот кој го црнеше и гаѓаше Тадиќ дека е многу пасивен во врска со Србите на Косово. Демек он бил голем патриот а Тадиќ голем предавник. И кога ја доби наклонетоста на народот, баш на таа радикална струја, господин Николиќ под дејство на фотељата си измутира во клон налик на Тадиќ(примерок2) само шо е овој првиот многу поголем факман, тип со европски шмек и представителност. Не е ко овој сељаков шо го разврза шумадиското со палците под мишка. Тадиќ е сепак господин човек, а Николиќ не е ни п од патриот. Нато му го измери патлакот на Николиќ и сега можат мирно да  си спијат и тие и властите во Приштина. Со пенис од 6.5  см  не можеш да целиш кон суштинска пенетрација. Толку за овие.
Кај нашиве ни мили комшии од југ, зачестен е трендот на самоубиства на лица од бизнис-фелата. Ортомата и акробатскиот скок од високите спратови сега засега им се единствен начин на пешкириве да се спасат од финансиската криза. Не пристаништа да продаваат. И жените да ги дадат на реверс гзот ќе им остане соголен и секогаш позади. А накомени шупак-мераклии по европава и белиот свет колку да сакаш.
Ние сеирџиски триеме руки, иако сме  утепани до немај каде. Ние живееме во филм дека Грција ќе се распадне или ќе ја мавне цунами, дека НАТО и ЕУ ке се растурат, дека Кина и Русија ќе ја сјебат Америка и дека нас ќе не спасат  античките кралски корени на Хунзите. Да заплачам или да се искинам од смеење?  Среќа наша шо ние немаме големи патриоти како Николиќ. Кај нас најголемите галамџии се на интернет порталиве и  на утринските контакт емисии. Ај шо нејќеме да влеземе у НАТО и Еу нејќеме. Не сакам ни јас. Но дај веќе со онаа сапуница преговори за името. Стоп!!! До кога партииве во Грција и Македонија ќе дигаат и спуштаат рејтинг на оваа тема. Народов е веќе шашардисан а неговите чуства веќе доволно злоупотрбени.
Кога сме веќе кај ова прашање. Радикалната левица Сириза најави дека доколу дојде на власт ќе го решела во најбрз рок спорот со Македонија и дека Грција ќе излезела од НАТО.  После оваа изјава сватив едно. СИРИЗА навистина не сака да биде дел од наредната власт. Како инаку  полесно ќе се самоубиеш  во Грција политички,  ако јавно не кажеш дека немаш ништо против името  на соседот Македонија?  Ех, сега навистина контам колку е тешка нивната финансиска криза и колку е заебана обврската да се обврзеш да враќаш милијарди. Името е гола вода!
Дора Бокојани, онаа недепилирана квачка го обвини лидерот на СИРИЗА дека  радикалната левица ќе ја претворела Грција во Боливија или Венецуела. Еј комшии. Ај фрлете ја оваа во казан со восок и објаснете и дека новиот грчки  Че Гевара има многу појасна и пореална визија од паразитските нарави на овие другите и нивното Анти-пролетерско мото,,НЕКА РМБА ЦЕЛА ЕВРОПА ЗА НАС’ .
Младичов е многу попринципиелен и кон својот народ и кон останатите европјани. Призна јавно. Не се бе дечките за тоа друштво и тоа е тоа. Подобро е да сватиш после 100 години одколку никогаш да не сватиш.

Слушам Чарли Шин пак почнал да праи бељи. Се вратил на своите пороци, алкохолот, дрогата и порно глумиците. И што има тука проблематично. Светов отиде у курац, армагедонот кружи околу зелената планета а Чарли е во транс. Дува, пие, шмрка и јебе. Секоја му чест на дечково. Се држи цврсто до вистинските вредности.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s