Дали сме доволно хумани? Да спасуваме животи!

Овде Во делот овде, стои веста која искрено многу ме погоди. Погледнав во очите на еден млад човек, кој е очаен за живот. Срцето на Кристијан Неделковски работи со само 25 проценти, а момчето доцни со итната операција поради недостаток на финансиски средства. Навистина, 350 000 евра се навистина големи средства, но дали еден млад живот има цена? Секако дека не.
Преку видеото кое е закачено ,пред почетокот на овој текст(Овде), се гледа желбата за живот кај еден млад човек кој со последните атоми на силите моли на хуманост, моли на помош од државата и од добрите луѓе. А нив ги има зарем не?
Момчето аплицирало за финансиска помош од страна на Министерството за здравје, каде на првостепена комисија е одбиено. Останува да се надева на второстепената одлука, а исходот од неа може да биде прашање на живот и смрт за Кристијан. Искрено се надевам дека додека го пишувам овој текст, овој  млад човек веќе ќе биде на пат за Берлин, и дека веќе по ден два ќе биде ставен на операционен стол.
Еден повик на бројот 143 122, во зависност на операторот, за нас нема да значи ништо, меѓутоа за Кристијан може да значи многу. Јас лично, секој месец донирам најмалце по пишливи 200 денари во вакви хуманитарни акции. Симболична и никаква сума за единка како мене  нели? Но колкава би била таа сума ако тоа го прават приближно 1 милион корисници на мобилни телефони?
Моите 3 евра месечно, годишно стануваат 36. Ако еден милион корисници на мобилни оператори, донираат ваква минимална сума во хуманитарни цели,  би се дошла до сума од околу 36 милини евра. Пари за да се спасат многу случаи како Кристијан. Пари да се спасат многу други  животи.
И целта на овој текст не е само да се помогне околу лекувањето на Кристијан. Во иднина ќе има многу вакви случаи, а повикот за хуманост не треба да не остави рамнодушни. Нашите 100 или 200 денари месечно, рамни на едно пиво од 0.33 на шемаџиската  улица Македонија нека одат во спасување на нечиј живот. Мене веќе тоа ми премина во навика. Не е бог знае што, меѓутоа сосема доволно да се осеќам малку подобро и поспокојно, бидејќи  длабоко сочуствувам со сите овие тажни приказни.
Право на живот, право на лек и право на надеж има секој . Јас не знам каде е човечноста на онаа комисија на Министерството за здравје кои на Кристијан му образложиле дека неговот барање е одбиено поради фактот што и евентуалната операција немало да му го спаси животот? Дали воопшто некој, освен бог има право да пресуди за нечија судбина? Дали има на оваа планета човек што може да го одземе последното нешто на луѓето со ваква судбина? Надежта.
Не сакам и нема да терам политиканство на вакви прашања. Можеме сите да бидеме помали или поголеми ѓубриња кога тераме политика. Ова е нешто сосема различно. Ова е надвор од сите други теми. Надежта на Кристијан и на било кое  друго живо битие не смее, и нема право да ја одземе никој. Па макар тоа било и лекарски конзилиум на врвни доктори.
Токму тие се водат од некаква заклетва и етика. Дали ја применуваат и во овој случај???

 200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ,

IBAN MK 07200002451809046

SWIFT STOB MK 2X

И НА ТЕЛЕФОНИТЕ :

077-143-193 НА ВИП

070-143-122 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА Т МОБИЛЕ

075 143-450 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОНЕ

Бидете хумани, и нека овие повици станат наша навика…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Дали сме доволно хумани? Да спасуваме животи!

  1. velichkoff напиша:

    Брат, силно се надевам дека твојот повик ќе стигне до повеќе луѓе. Треба сите заедно да му помогнеме на тоа дете и да побараме од надлежните институции поголема одговорност во врска со овие случаи. Голем поздрав до тебе. Господ да му помогне на Кристијан.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s