Ајмо сви на Цицаааааа

kjЦица Ражњатовиќ има една песна на која широките нејзини маси паѓаат у транс. Песната се вика ,,Лепотан” каде на оној познат рефрен,,МРЗИМ ЛЕПОТУ ТВОЈУУУУУУ” 99 насто од мужуте ги дигаат руките триумфално во вис а жените кубат коси и и го пеат рефренот на својата другарка со искривена гримаса на очај.
Не ми е тука јасно. Дали сите овие сељаци себе се сметаат за лепотани пронаоѓајки се во оваа песна на Цица, и дали поради нивната убавина кокошкиве до нив урликаат и се тетерават како удрени од УВ бран.
Општо познато е дека публиката во Македонија не сака квалитетна музика, и дека турбофолкерите и кич музичарите ни се друмските херои. Не е ни чудо што познати светски бендови не заобиколуваат како тука да владее чума. Сега се најавува некој концерт на Дуран Дуран меѓутоа не осеќам некоја еуфорија околу тоа, некои посебни муабети меѓу људите.  Не е ни чудо што исчезна една група како Архангел, што Мизар прави концерти надвор од Македонија, што на пример  песните на Стринг Форсис на Ју Тјуб  едвај  имаат помеѓу 5 и 10 000 прегледи, додека на фаците како Синан, Хасан , Јашар и Шабан по милиони.
Синоќа фановите на Цица ја наполнија Метрополис арената.
Не ме чуди. Позната балканска фолкерка со двокомпонентно име Цица е нашиот херој. Намерно велам Цица, ако се знае дека носи корпи 90 на своите гради,нешто налик на падобран, и ако има полни и заводливи усни кои асоцираат на глаголско дејство (цица).Признавам дека и јас го обожувам тој дел ја фолкерката.  Цица ги воведе младите во занес, им мрдна неколку пати со газето, ги испеа нејзините најпознати песни и им кажа довидување.Цицките се прошетаа по калдрмата и пак се вратија назат во деколтето.
Коментарите околу овој концерт ќе траат и наредните две недели.Оние жути штампи и дегенерици од типот на Backstage ќе бараат кој конец од фустанот на пеачката бил попуштен, дали фолкерката одржува линија и дали спортува, а сигурно ќе се обидат и да ни доловат некоја наша, таканаречена Џет сетерска фаца шо демек била фатена у зумот на објективот на фоторепортерот. Сите ќе се обидат неприродно да делуваат природни. Типично за овие фејкери кои глумат некаков гламур, а не се ништо од бледа копија на кичот. Бар да копираа нешто асално.
Синоќа пиев ракија и  утрово осеќам нагон за повраќање. Ракијата стварно беше супер. Не верувам дека е од неа. Имало случаи да делкам и шеќерна брлива ракија па добро да се носам и со неа.
Многу ми е криво што синоќа не излегов да прошетам во град. Воздухот навистина бил прочистен а градот за некои два три часа суштински ослободен. Синоќа во град веројатно шетале правите луѓе, оние кои не сакаат Турбофолк и Кич-манија.Штета за мене…..јас го тегнев шишето домашна ракија на мојот астал, таманев шопска салата и се ,,дрогирав” со Рамштајн………

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Ајмо сви на Цицаааааа

  1. velichkoff напиша:

    Топ брат… Еве го делот:Многу ми е криво што синоќа не излегов да прошетам во град. Воздухот навистина бил прочистен а градот за некои два три часа суштински ослободен. Синоќа во град веројатно шетале правите луѓе, оние кои не сакаат Турбофолк и Кич-манија.Штета за мене…..јас го тегнев шишето домашна ракија на мојот астал, таманев шопска салата и се ,,дрогирав” со Рамштајн………

  2. sanja напиша:

    Браво бре, убаво им кажа дека се петли и кокошки, штета е што немаат умствен капацитет за да те разберат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s