Во клинч со Статлер и Валдорф и самиот себе…..

Не ова не претстава на Мапет Шоу иако и самиот се чуствувам како дел од некој циркуз, како гостин на некоја туѓа претстава. Сосема не планирано тој ден  се упатив накај градскиот плоштад и кај блиските киосци   застанав да купам некој сендвич и ладна лименка пиво. Додека го гнетев сендвичот  и пиев од лименката до мене прсна една кеса полна со вода а од висината на Триумфалната капија слушнав сеирџиско кикотење на две стари силуети. Целиот бев наводенет а хистеричното старско смеење стануваше се погласно. Пробав да ги воочам ликовите кои ми пукаат сеир но сонцето кое беше високо на небото ме оневозможи во сето тоа. На крај слушнав еден познат глас.
-Еј бугарофил, кај се акаш по овој плоштад, си тргнал ли под ташаците на Букефал?-Тоа беше Статлер, познатиот стар дртоња од славните Мапети.
-Можеби тргнал да тегне некоја милфица, околинава е дефицитарна со полови органи-се надоврза Валдорф, вечниот пријател на Статлер.
Не ми се веруваше на очите, денот ми беше ужасен а во истиот момент станав мета на двајца сеирџии и вечни опозити на се што се мота околу нив. Само што тргнав да си одам повторно ми се обрати Статлер.
-Накај жена парк имаш поголеми шанси!!!
-Ама за што? -ми беше стариот нејасен во муабетот.
-Па да најдеш некоја загорена милфица-се надоврза Валдорф. Двајцата размислуваа како еден ум а говореа две усти одеднаш.
-Знаеш, продолжи Статлер, таму на хероите им ги врзуваат патлаците, или им облакаат гаќи, има добра шанса да најдеш загорено парче.
Будалите сакаа да ми алудираат на ликот Промотеј, кој поради криците на феминистките го беа облекле во  гаќи, иако и неговиот орган да не беше бог знае колкав, само онака, во уметничка форма заваен . Не знам ни самиот зашто реагирале жените кои тешко се интегрираат во општеството. Можеби барале поголем, па затоа барале да се покрие, не знам…..
Сепак заборавив на тој заробен куроња и продолжив накај плоштадот.
-Фати ја сенката под Букефал додека можеш-пак ме нападна Статлер.
-Да да, изгледа ќе му го отсечат ташакот пошо комуњариве често го зумираат по новини  па дел од таа сенка ќе ја снема-продолжи Валдорф.
Старите беа запнати како пушки и сака да се ругаат со мене иако бев по малку депресивен, нерасонет и со голема доза на алкохол во испраување кој патуваше во гасовита форма према мозокот. Тогаш крај мене помина една згодна и цицлеста тинејџерка која возеше ролерки. Срамежливо ја свртев главата за да и го запазам газето од позади.
-Би ја?-викна Статлер?
-Не смее! -се надоврза Валдорф. Ако овде го извади алатот одма или ќе му го исечат или феминисткиве ќе му се пуштат. А малиов не сака феминистки, тој е женски шовинист-рече Валдорф.
-Ма не, тој е само еден обичен и досаден блогер што многу пцуе-рече Статлер.
Сепак продолжив да одам накај плоштадот а главата ми чадеше се посилно. Барав да се напијам вода, сок или нешто друго за освежување. На два изодени чекори повратив. Ме блесна во глава сонцето, а околу мене се згнаа многу бронзени ликови.
-Само над 18 см-викна повторно Статлер.
-Да да, со толку не би му ставиле крпа околу половината, можеби со него и би привлекувале туристи од либерланите земји-продолжи Валдорф.
-Овој блогеров е изгорен за пичица, а пишувајќи текстови  целиот овој циркуз го пропушти, овие збиднувања на плоштадов. Невидена будала!!!-рече Статлер
-Ти си будала, Статлер, ти го гледаше тој циркуз хахахахаха- му опна капаче на муабетот Валдорг на другарот.
Еј морам да отспијам, не ми е до заебанции дртлиња-им замафтав со раката.
Заминав накај плоштадот пиејќи вода и гледајќи во сите тие фигури. На крај осетив и некој страв.
Сите тие ликови како да делуваа лути и изиграни до  мене. Гоце, Даме, Самоил….. На Воинот и не можев да му го видам ликот. Беше поблиску до сонцето отколку до мене смртникот. На кого му беа лути тие ликови, зашто гледаа во мене како да сум странец, што  ние им должиме на нив?- се запрашав се и сешто самиот себе. Тогаш го свртев погледот кон крстот на Водно.
-Боже, прости ни и врати им го мирот на овие славни ликови.  Толку си ја испоганивме оваа наша мила земја, народот фрлен во очај, хероите од минатото исполитизирани, иако речиси ние и да немаме ни една нивна навика и пракса како да ја чуваме и одржиме во живот  оваа наша Македонија. Сите овие големини, овие синови македонски стојат овде како во некое ропство заедно со мене и мојот народ. Само Статлер и Валдорф беа можеби најнасмеаните ликови на овој простор.
Тогаш сватив дека не ми е од алкохолот, туку од чуствато на вина. Од нискоста што ја осеќав како македонец да ги погледнам во очи моите предци. Тие не задолжија со крв ,младо тело и  дело да ја браниме и чуваме оваа земја, а ние наместо тоа водиме политика, се делиме, станавме популисти и продавачи на ефтини трикови. Станавме трговци со чуствата на луѓето.
-Еј блогер! Не ти иде а? -Викна Статлер
-Оди дома мавни си го, не изгледаш добро-се кикотеше Валдорф….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Во клинч со Статлер и Валдорф и самиот себе…..

  1. Tamara напиша:

    Komparacija i site mozni stilski figuri….Slikovito …. Kako da si tamu i go gledas celiot nastan… Bravo Kiko, sekoja cest!!!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s