Во клинч со депресијата

Во клинч со депресијата

 

Се разбудив со силна болка во коските .Лежев како цреп едно 32 саати и речиси добив атрофија на сите мускули на телото. Осетив дека во собата нема доволно кисолород и дека надвор градот го порубува магла. Горните катови на зградите и да не се гледаа. А дома кај мене…Тишина….Само одчукувањето на сказалките на часовникот ме клукаше по осетливиот мозок и ми даваше знаци дека сум сеуште жив. Се мислев добри 30 тина минути дали да станам и што би правел кога  би станал. Од се ми  беше  преку кур тој ден.
Ја видов старата кучка во црно-бел фустан и црно-бел шешир како седи на трпезаријата во дневната соба. Седеше  и ништо не правеше. Подосаден лик и да не постиои на галаксијава а јас толку често го гледам. -Добро утро маме ти ебам,и денес ли ќе ме мачиш? -И се обратив на депресијата пред да одам во ходникот и да ги натегнам обувките до пола и да слезам до продавница да купам кафе. Ја отворив вратата за да излезам а гомнарката се уште се ѕвереше во мене….Крвта да ти ја ебам…-реков и влегов во лифтот.
Лифтот бучеше а јас од третиот кат одев надоле. Не ги гледав бројките на кој кат сум и само го очекував последниот удар на лифтот кој ќе ме предупреди дека сум веќе на приземје.  Излегов надвор. Мирисаше на Скопје. Магла,чад,запалени контејнери. Влегов во продавницата да купам кафе.  Продавачот? Еден дебел потечен меур со полускапан образ и очи набабрени со тага. Прегазен и отфрлен од животот, од сопругата и пријателите. Таа фаца беше неизбежна во продавницата речиси 24 часа. Чинам дека и кога не беше таму неговиот сурат се уште рефлектираше низ продавницата. Ме отпоздрави со рапав глас
-Добар ден комши-….Му климнав со главата без некоја сила да му изговорам. Се прашував во себе кој е тој добар ден што ми го спомнува. Да му се помочам јас на денот-си реков во себе, надвор магла, сивило, сонцето се чинеше светлосни години од мене, небото полузатемнето. Како да бев фрлен во дупка. Го ставив кафето во кесата,земав и едно шише коњак ,,Бадел,,од 750 мл и се вратив назад кај мојата депресивна кучка. Кога влегов дома гнасотијата се уште седеше на трпезариската маса и со незјиниот поглед упатен длабоко во моите зеници го убиваше моето посетоење,секоја смисла на живот. Имаше денови кога шетав,им ѕвонев на моите курви и на моите шутраци па често денгубев,те во меаната те кај некоја курождерка. Во главно деновите ми беа исполнети со неморал.
Иако со неморал и непримерност, деновите кои ги поминував така и  ми имаа некоја  смисла. Но што да кажам за овие денови кога одвратната гостинка ме будеше. Со глупав израз на лицето, црно бел фустан и црно бел шешир? Не ми преостануваше ништо друго. Или да земам да си свирнам метак, да испијам солна киселина, или да се симнам кај подуениот и да си купам нешто за пиење.

Седнав на стакленото масиче во дневната соба,си донесов чашки за коњак , многу мраз и наполнив. Првата голтка како и секогаш, ме фати за врат и за миг ми го одзема воздухот. Ја погледнав депресијата, и сета таа безволност за живот, чуство на осаменост,на без причинско постоење ги голтав со мала тешкотија. Која е целта на животот???Живееш за да јадеш,да се посереш на тоа што си го изел,да излезш во град и да присуствуваш на некој си циркуз, да се заљубиш и да сватиш дека тоа е срање, да бидеш патриот и на крај да те продадат твоите,да навиваш пеколно за својот фудбалки клуб и срцето да го оставаш на стадион а од некој агол да ги гледаш таканеречените водачи на навивачите како финасниски профитираат од љубовта на навивачите. На крај сето тоа ти доаѓа преку кур,сваќаш дека имаш 31 година и дека курот не ти се дига на бакнеж со некоја девојка и бараш нешто повеќе, нешто порасипано и повалкано. Некогаш убавиот и нежен бакнеж беше столбот на моето заспивање, а сега тој е извалкан, непотребен и досаден.Бакнежот се прерипува и се преминува на онаа животинска фаза на сексуално празнење. Прикаските на партнерката најчесто и не ги слушам иако така делувам.

Продолжив да пијам….две , три, пет,седум десет голтки, и веќе почнав да осеќам како секоја наредна е се повкусна и посуштинска. Пиев од коњакот и ја гледав таа нечешлана гнасотија како имебцилно ме посматра и ми ги врзува рацете и нозете. Веќе и да сум пијан, па почнав да и се смеам на таа мивка, да ја презирам, да станувам се  помоќен во менталната битка со неа. За кој кур е оваа тука? Кој ја поканил, кој и ја отворил вратата? Станав и видов дека клучот од бравата е сеуште таму. Како ли само влегла?- се прашував. Кој го има клучот на мојата  влезна врата? Кој го има клучот на мојот мозок? Се шлаев низ собата и се прашував како е тоа можно.Го цедев шишето и почнав да станувам агресивен кон неканетата гостинка.

-Еј грдосијо,ти си нула,ти си ништо. Ти постоиш затоа што постојам јас. Јас сум твојот газда а не ти моја. Еј бубуљичарке,ај одјеби,оди најди некој розов пинк пантер кој упорно ги сјебува малерите и биди му тутор во таа битка. Ќе те отфрли како мрсул после кивавица.  За кој кур ли јас те трпам?? Од тебе душата ме боли, коските ми тежат, чекорот ми е бавен и болен, гласот да ми е и речиси занемен а изразот во лицето пропаднат.

Моите насмевки се закопани неколку десетици стапки под бетонот и зацементирани со уште еден слој бетон. Ѕидарката беше кај мене на гости.

Потегнав тогаш и од шишето. Од чашата ми здодеа. Бев веќе пијан а алкохолот беше мојата бариера која ме штити од одвратните  и долни погледи на таа караконџула. Како се повеќе се пијанев така нејзината фаца стануваше се поиздеформисана. Гнојните бубулици и се зголемија во форма на јаболко,а тртките на јазикот и беа обраснати со влакна. Забите и беа црни а здивот и смрдеше на мрша. Очите и беа како мали скршени стакленца низ кој нема одсјај. Ја грабнав за косата, која како грмушка со трња  прекрива скриено гомно на не знаен јунак и почнав да ја влечам по подот. Влечејќи ја по подот оставаше гнојни остатоци и распадната кожа а смрдеата ме штипеше за нос. Одпив од коњакот и ја треснав главата од ивицата на трпезарсата маса. Извадив една ногарка и и ја треснав по главата со целата должина и ширина. Овој пат си моја-реков, ме осоколи нејзиниот животински крик и прозолжив да и ги кршам рацете на 3-4 места правејќи и притоа уште по 3 зглоба на двете раце. Проба да ме бакне, ја отвори смрдливата уста а таму го начукав празното шише со шток. И ја треснав главата од ѕид а главата и доби форма на шише. Потоа ја удрив уште неколку пати од масата и слушнав како се кршат стаклата во неа. Ја одвлечкав на тераса и ја фрлив од третиот спрат.На првиот кат се закачи со окото на една тенда и со рацете целеше повторно нагоре. Го пуштив системот до даска……Рамштајн пичеше со целата своја енергија……

.Добив желба да станам и да излезам надвор. Депресијата ја одфрлив од себе иако знаев дека за неколку дена повторно неканета гнојна бубукица повторно ќе дојде во мојот дом. Кој ја ебе. Ждригнав и мирисав на коњак. Сватив дека сум ок. Излегов надвор а сонцето веќе беше широко раскезено на небото.Газев по жолтите лисја на мојата улица а луѓето кои ме одминуваа ме поздравуваа…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
Aside | This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s