Кој е патриотот, кој предавникот?

Овој наш народ по се изгледа си нема друга работа. Цело време настроен да вади непријатели, шпиони, со нагон за протерување на разно разни кои не размислуваат по кодот на нечија матрица. Еве Калиопи вечерва влезе во финале на Евросонг иако за неа се јадеше гомна колку лошо зборува англиски, како тоа смешно звучело и разно разни  слични македонштини.
Денес сите мастурбираат на Калиопи. Дури и оние кои сеирџиски ја хранеа својата бедотија и празнотија околу нејзиниот англиски јазик. Па лош англиски има и еден Жељко Јоксимовиќ, ама нашиве самопрогласени  ,,патриотски”свити не можат да се рчкаат за Жељко. Па молим вас, на  овие патриотиве им се влажнат и дигаат органите ако некој од север им рече  БРАЧО МАКЕДОНЦИ. Тоа е за нив момент за паѓање у транс и ширење на својот волумен. Сите тие патриотишта се дичат на Ноле, идат у Грчка на одмор со картица Фиром, ја вадат европската курва од економска криза лепејќи им еврејки на оние кои името не сакат да ни го изговорат. Јас во Грција не одам, и немам намера да одам. Но ако се водиме по нивните малоумни тези, тогаш од 2 милиона народ треба да депортираме милион ипол, а остатокот ќе бидат шиптари и цигани. Само тие не се предавници изгледа во тој случај.
Не можам да се изначудам на колективната дегенерија околу случајот Перо Антиќ. Не, Перо не ми е ни братучед, ни брат ,нити па личен познаник. Изјавил дека доаѓа од БЈРМ и тоа страшно ги налути некои јунаци овде  во Македонија. Неопростливо било предавството на Перо. Дури некаде прочитав дека Перо е српски четник и дека требало да се избрка од националниот тим и да му умре се до трето колено. Која злоба!
И откако стивна моментот околу неговата изјава, Антиќ излезе со уште една провокативна изјава. Пехарот од Евро Лига и го посвети на Македонија, а на злобниците за изјавата околу  ФИРОМ им порача да умрат.
И пак се јавија ордите, кои веројатно се препознаа во плукањето на нашиот капитен, па се усраа у гаќи стварно да не умрат и му го залепија и ова на Антиќ како грев иако примарно во неговата изјава беше посветувањето на неговиот трофеј на неговата татковина Македонија.
Аманте бе луѓе. Дали контате дека некој ја руши атмосферата во националниот тим пред најважните квалификации за Олимпијадата во Лондон? Дека таму потенцијални ривали ни се Грците, и дека овие изјави на Антиќ излегуваат од еден медиум близок на Србите и Грците. Мене кур ме заболе зашто и како Перо  го изјавил тоа што изјавил. За мене е битен неговиот спортски аспект.А човекот иако е европски промовиран,  впрочем е европски клупски првак, изјави дека врв на кариерата би му било со својата Македонија да се пласира на Олимпијада. Го заборавија многумина  учинокот на Антиќ во Литванија, трасирањето на Македонија до европските височини како  и неговото диригирање на ,,излези момче”, иако знаеше дека следен тим му е грчкиот Олимпијакос.
Но, тоа за дел од овој народ, со чуден синдром не е битно. Нему му е битно како да се лоцира предавникот, и како тој што лоцира ќе ги вади своите лични комплекси и фрустрации на ниска вредност, преку самопромовирање во голем и невиден  патриот.
Познати ми се тие патриоти. Тоа се оние климачи со глави, оние кои користат микро-чипови наместо мозок, тоа се оние кои повикуваат на ТАСТАТУРА  револуција а немаат помирасано барут во животот или атмосфера на фудбалски стадион или спортска сала.
Јас имам еден предлог. На ваквиве патриоти што шират не морал, и го рушат секое општо добро да им посочиме една интернет страница. Ете ви ја Porn Tube, или Red Tube, па таму гледајте, дркајте и вадете ги вашите вишок калории во вид на бљуткава течност.Лошо е ако таа почне да патува кон сивата маса. Настанува запушување на виугите.
Околу спортот и политиката, најхумано би било да ги остават спортистите на раат. Проблемот со ФИРОМ, не го измислија тие, туку оние кои треба да го решаваат. Политичарите. Впрочем тие веќе 20 години ја претставуваат нашата земја со таблите ФИРОМ пред нив. И пак на  нивните митинзи, плоштадите   се полни и слепите орди трчаат по нив. Перо ли ви е проблемот??? Тешко вас…….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

11 Responses to Кој е патриотот, кој предавникот?

  1. komitamkd напиша:

    Обединета Македонија…во срцата!!!

  2. Dimmu напиша:

    SEKOJA CEST !!!! NEMAM KOMENTAR !!!! Steta ne mislat site drugar isto kako tebe i mene…

    • komitamkd напиша:

      Абе на ова зло народ ни Лазаров не му чинеше после турнирот во Шведска…..Човекот што ги одби Шпанија и Унгарија за пасош за да игра за Македонија….а да….и Пандев беше предавник зашто го крстел син му Филипо, да не заборавиме колку се јадеше гомна и за Тоше па на крај сите плачеа за него демек колку го сакаме….абе во генот сме злобни, родени само да сереме и ништо друго…тоа е пријателче..јас нихилизам, и ниски побуди не сакам да подржувам кој размислува така негов проблем…нека се ебе!!

      • Gago напиша:

        Prijatele, ja use se mavam u grudi za 5toto mesto vo rakomet, za 4toto vo kosarka u sekogas ke se mavam,kako uspesi so ke ostanat, bez razlika so ke se desi ponatamu, vlegle ili ne na olimpijada ili na nekoe sledno zbidnuvanje…ama sin ti da go krstis FILIPO ne e predavstvo tuku e cirukus… i ke ostane cirkus pa makar osvoile svetsko vo brazil 2014 a goran da e zlatna kopacka🙂

      • Реален Македонец напиша:

        Злобата не ни е во генот братче… него таа злоба произлегува од преголемата невработеност и дремење на социјалните мрежи ,па ајде сеа ќе ќењаме по се и сешто заради тоа што неможе сам да си најде работа ,а + и му го стаиле од партија… тоа е тоа.

  3. toni напиша:

    E koj e de ?????

  4. Marta напиша:

    Суштината е јасна…повеќе од јасна, браво за тоа, ама дечко правопис???
    Колку и да биде добра колумната кога атмосФера е со В изгледа неписмено.

    • komitamkd напиша:

      Се согласувам Марта, речиси и никогаш не ги проверувам текстовите…сепак е ова блогерај кога би одело во некој медиум сигурно тоа би било одклонето….ете и женами ме критикува за правописот некогаш така да нема да ти замерам🙂

  5. komitamkd напиша:

    И Марта по се изгледа е филолог..обично тие ме напаѓаат за вакви пропусти хехех

  6. Goran напиша:

    Браво фраер…

  7. marko напиша:

    prekrasno dolovena slika na makedonskite internet patrioti-bravo za avtorot

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s