Дупка

Никогаш во живото не сум бил присталица на елитни ресторани и гламурозни кафани. Кога влагам во таков локал имам чуство дека некој ми ја мери јачината на гласот со кој зборувам. Таму сите разговараат на тивок тон, таму сите се наконтени на напарфемсани. Таму сите се влезени во филмот на својот омилен лик од некоја забегана сапуница. Таму сите растат и стануваат повеќе од она што се. Во тие локали тенкиот џеб на клошарот станува длабок, но само за таа ноќ. Рестото од месецот клошарот работи за гламурот кој си го приредил на себе и на својата курва. Жените кои идат во тие луксузни места очекуваат да бидат изнесени таму, затоа што себе се сметаат како предодредени за таму. А уствари, тие се тешки фукари, материјалистки. Тие дури не го гледаат во очи својот соговорник кога наздравуваат  затоа што ако не е тој, ќе си најдат друга овца што ќе им удоволат луксузна вечера. Тоа се бештии кои својот партнер не го изговараат по име, туку по марка на кола, статус во некоја фирма, министерство. Ропакот кој ги вади на вечера овие вечно  незадоволниве е само една пластична картичка која треба да ја резнат кога ќе стигне сметката. Ропакот потоа станува вибратор, или во полош случај епруветка за приплод, затоа што овие фукси немаат потреба од маж покрај себе. Тие живеат од спонзорства, од алиментации. Тие остануваат вечно млади, и секси мамици и кај нив дома многу често има гости.
Толку за гламурозните ресторани. Толку за шљамот што иде таму.
Ајде да зборуваме сега малку за моите омилени места. За дупките во кој влагаат само залутани патници. За биртите на автобуските станици, за пијанчењето по бифиња перални, или локали на некој ефтин Хотел-ебарник. Често зборат дека ова се локалите на курвите. Јас не се согласувам со ова. Курвите го јадат калапот во некој елитен ресторан. Жените кои го јадат стапат во овие дупки се мераклики.  А има огромна разлика од курва до мераклика другарчиња нели? . Да бидеме на чисто.
Оние кои се од Скопје ги знаат залутаните места од ваков ранг. Ќе им опнеме една бесплатна реклама. Оние бифиња кај Саем под мостот, кафаната Принц, бифето Перална кај Сок банки, или биртијата Дупка кај оној ебарникон Лаки. Тоа се места каде што инвеентарот и послугата, заедно со гостите се распаѓаат. Има се на се 3 маси и 6 конобарки. Кога ќе седнеш да пиеш во овие крчми, една девојка те служи, втора ти носи пепелник, трета сметка, четврта пушта музика на шанкот, петтата влегува и излегува од вратата со разни мајмуни, а шестата дреме во некој ќош и чека да ја собере  некој мајмун на кој лесно му се меша алкохолот и тестостеронот.
Во овие места гостите зјапаат наоколу, те гледаат како потенцијален непријател, а по првата голтка алкохол веќе стануваш дел од тоа племе. Со перманентно цицање на алкохолот те унапредуваат во племенски водач чија филозофија станува главно мото во дупаката. Ако ја поминеш линијата, добиваш флаша у глава, пукнат нос и блиц во едното око. По некое време се освестуваш и приметуваш дека најгрдата конобарка од таа крчма ти ја собира крвта со некоја влажна марамица од 15 денари. Во Дупка можеш да правиш се. да пиеш, да ебеш, да пцуеш, да бидеш главен фраер кога за тоа ќе ти дојде ред. Може да правиш се освен да ја поминеш линијата. Таму барем знаеш дека курвата со која ќе наздравиш ќе те гледа во очи. До душа тие секогаш те гледаат во очи.
Во овие места секогаш мириса на алкохол, на цигари и на износени гаќи. Жените се друштвени и лесно влегуваат во дискусија.
Ако некогаш објавам книга, со збирка од моите раскази, ќе приредам коктел за моите најблиски во некоја од најдолните дупки-локали. Ќе ги поканам сите пијаници, сите бештии, и сите пензионирани пијандури. Гламурот ќе го баталам на некој на кој тоа му е неопходне за да преживее. Мене ми треба клиентелата. А таа е веќе одбрана. Тоа е друштво кое се гради веќе 30 години. Заеби ги позерите и позерките. Кај нас ќе биде доста повесело. Чекајте го само дуплекост на збирка од раскази кој во блиско време ќе го доставиме до нашите навивачи јас и Атанас Величков. Коктелот и презентацијата ќе биде лудница. Опишан е во горниот пасус кај оние вторите локали. Не гламурозните.До тогаш, на здравје драги мои…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Дупка

  1. violeta petkovska напиша:

    Druzenjeto so tvoite kolumni i mislite preneseni vo niv,sekogas se i za mene edno zivotno iskustvo,sekogas ucam poveke,od zivotot i za zivotot.

  2. Јана напиша:

    Да ти кажам една тајна ? Проклето си дрзок и безобразен но затоа просто те обожавам.После читање на секоја твоја колумна ништо не ме боли и се ме боли иствремено;)!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s