Една ноќ во Санаториум

Седев во мојата соба и штракав некој текст во компјутерот. Одеднаш со силен удар на влезната врата влегоа кај мене медицинските тимови предводени од психијатри, медицински сестри и болничари. За секој случај имаше и џандари. На масата ми беа пивото, лековите, и дел од сервисите за јадење со кои го парчосував ѕидот. Стаклата беа на сите страна а во устата ми димеше цигара со многу долг и неистресен пепел. По челото ми течеше пот а на креветот  беа еротските списанија со остатоци од бљуткава течност по страниците. Еден од болничарите ми ѕвизна бокс, блиц ми светна меѓу очите и полека осетив како ме исклучуваат од штекер. Во вената ми вбризгуваа негој нивни евтин медицински препарат за смирување.Полека ми се стемни. Исчезнав.
Како да ме беа телепортирале од мојот дом до нивната усрана медицинска установа. Високи ѕидови, железни решетки и искривени сенки го бркаа немирниот мој поглед. Дејството на нивното срање полека поминуваше а тогаш забележав дека се наоѓам во соба за изолација со лудачка кошула на себе. Го здогледав поставениот видео надзор преку кој го посматраа секое мое движење. Зјапав во таа камера добри 20 минути и на крај им ркосав еден густ шлаем од дното на петиците. -Ебете се ментосииии!!!-крикнав, а поради празнотијата на собата во која освен креветот немаше ништо ехото доби вистински налудничав крик. Сватив дека станав жртва на агенти на странска служба и дека веќе бев подготвен за лоботомија. Кој знае каков чип ми спреаа за во мозокот.
Лежев цели 24 часа во таа соба, со уклучени рефлектори. Зениците речиси ми беа на нула. Наредната ноќ влезе во мојата соба еден грд доктор, со високо чело, сребрено око. Одеше подграбевено и едната рака му се тресеше. Кога зборуваше изгледаше како да блада нешто. Не му ги разбирав зборовите. Само почетните и крајните букви од зборовите, а другиот дел одеше во магла. За миг ме ослободи од каишите затоа што требаше да ме премести во друга соба. Се уште бев под силни медикаменти и немав сила да го треснам по џгуљавата фаца. Во устата имаше уште 3-4 заба па веројатно ќе му ги одкорнев и тие со еден удар со глава. Немав сила да ја стегнам тупаницата а не па да помислам на нешто повеќе.
Вечерта заспав во друга соба, а до мене лежеа и други лудаци. Некои пушеа цигари, некои го дркаа, а некои седеа во кошот и беа лути на замислените непријатели. Еден забеган фрик се кикотеше ко хиена без престан. Кога дојде визитата се обиде да ја сокрие цигарата во болничката пижама. По некое време таа почна да чади од џебот а лудакот не престануваше да се смее. Го добив својот лек, го ставив под јазикот а потоа и го плукнав. Ноќта започна и сите заспаа освен мене.
Излегов од собата и заминав во приемната докторска одаја. На маса беше мојот оперативен план. Чип со сериски број 078-DZ-549-UXC, требаше да го имплантираат во мојот мозок.Надвор беа двајца мајмуни со капути кои чуваа стража и чекаа да ме преземат мене одкако ќе станам финален производ.
Извадив една ногарка од металната маса од кујната и се рашетав низ ходниците. Смрдеше како во золошка. Болните и накљукани со лекови пробуваа да се ебат во скришните делови на болницата, чуварите гледаа порничи на ТВ каналите а остатокот тонеше во сон. Во докторската соба, главниот доктор ја пердашеше дежурната сестра. Се доближив и го треснав со ногарката директно во малиот мозок. Се струполи над голата сестра а оваа почна да вриска и да мафта со рацете како страчка. Ја фатив за коса и и наредив да ме извади надвор. Одевме по ходникот а она мирисаше на кур и ебачина. Ме облече во докторски мантил и полека ме спроведе кон излезот.Надвор немаше никој. Го земав клучот од собите за изолација и од Санаториумот ги ослободив најтешките 200 случаи. На тој начин имав поголеми шанси да побегнам. Го искористив хаосот кој настана и за миг преку една жичана ограда се најдов надвор. Додека бегав накај градот позади мене трчаа и останатите лудаци. Ги имаа претепано и докторите и агентите на странската  тајна служба. Трчаа кон мене како нивен племенски водач.
Во еден миг ме пресретна едно летало со чудна форма и ме повикаа да влезам внатре. Влегов и одлетав а позади мене ги оставив Санаториумот и лудаците.Летав кон црната вселена а срцето ми чукаше во силен ритам. Осетив дека ќе добијам инфаркт. По некое време ги отворив очите и се најдов дома во мојот распратален кревет. Сум заспал доста цврсто а две празни шишиња со Шток лежеа покрај мене. Станав да се помочам и да се напијам вода. Домот ми беше хаос. Окрш на сите страни, уклучен Лап Топ и започнат некој текст. Го погледнав. Беше ужасно лош.Стиснав на DEL и го затворив Лап Топот. Од шанкот извадив нова доза обоен алкохол……http://www.youtube.com/watch?v=2KOwL4wI2f4

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Една ноќ во Санаториум

  1. velichkoff напиша:

    Буковски може вода да ти носи брат

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s