Не знам кој Мај, но беше ден на победата над фашизмот од страна на новите фашисти

И зашто моите дедовци јуришаа на швабите? Биле фашисти, тргнале да го покорат светот. Но што се тогаш овие кои ми го негираат идентитетoт?  Кој мене како победник од таа војна не ми ги даваат основните придобивки, заработени со храброст и дадени жртви. За да влезам во тоа нивно друштво јас морам да се одкажам од мојот македонски идентит, да замижам на нивните двојни аршини, на нивните  слободарските бомби од кои гинат илјадници деца и цивили, на создавањето на држави-наркокартели каде се тие обезбедување на конвоите за Хероин по светот. Да бидеме на чисто. Мене Хитлер ме имал на нишан, но како македонец. Тој ги ништеше своите непријатели но не им го негираше основното чуство за самопределување.
Тие кои него го победија, од мене сакаат да направат жив мртовец. Обезличен зомби кој како дух ќе присуствува на нивната софра. Не. Thank you and fuck you господа.
Новите победници над фашизмот денес шуруваат со моите егзекутори. Во нивните земји тие се терористи, а во мојата се борци за човекови права. Новите победници создадоа Комумбиски енклави на Балканот и Европа угушувајќи ги притоа аргументите на праведникот. Да. Тие истураа бомби, осиромашен ураниум на 20 км од мојот дом создавајќи држава чудовиште во кое криминалот ја држи власта а единствен аргумент е оддекот на калашњиковот. Надвор од сите европски и светски законски рамки, по пат на сила анектираа територија на членка на ООН. Новите победници!
Денес тие ги држат авганистанските полиња со Опиум и драстично го зголемија  траснпортот на Хероин низ светот.
Новите победници иако се прокламатори на некаков мир, факт е дека тие и не би постоеле доколку во светот не владее хаос.
Во Либија го турнаа Гадафи, му пикнаа газ во чмарот, а оние кои донесоа некоја нова пролет ги прогласија за некакви реформатори.
Истите тие причини не беа доволни да се спречи геноцид над цивилното население во Сирија. За една година воспооставување на уставен поредок, за една година државен камшик  во оваа земја погинаа околу 11 000 цивили.
Е таму, новите победници шуруваат со чичко Башар Ал Асад. Тој е многу поголем ,,демократ” од Гадафи. Но што може Ал Асад да им даде, односно овие да му земат ако го бутнат од власт? Неговите карпи и песочните дини не се ништо во однос на нафтените полиња на Гадафи. Зарем не?
Денес кога се слави некоја си таканаречена победа над фашизмот(всушност само се заменети кукастите знамиња со нови), тие господа изразуваат сомнеж околу исламскиот радикализам кој се појавува во Македонија. Па чекајте. Нели Македонија го заслужува вашиот гард? Нели Македонија испрати свои војници за да ги штити европските и светски вредности? Нели тој исламски фундаментализам кој вие не сакате да го видите во мојата земја е најголемото зло на човештвото?? Па нели во име на него собороивте еден куп влади и отворивте десетици војни? А да . Заборавив. Во прашање се повторно двојните аршини.
И се прашувам, зашто моите дедовци јуришаа на Хитлер??? Па овие кој него го победија не ги почитуваат основните конвенции за човекови права кои баш тие ги напишаа. Во нив јасно стои дека секој човек е слободен на самоизразување, слободно да го изрази својот национален и религиозен идентитет. Зашто јас како македонец тоа не го можам?? Зашто мојата слобода се условува со основното човеково начело???? Јас сакам да бидам дел од Европа како македонец кој се борел и дал жртви за нејзиното ослободување. Сакам, ама нема. Прво треба да се одкажам од мојот идентитет. Тоа е оној идентитет позади кој се закопани десетици илјади македонци погинати на фронтовите за слобода на Македонија и на Европа.

Затоа овој ден, овој 9 мај, нека биде уште една лажна парада. Светот не е слободен, Европа е поделена, Македонија обезличена. И да подсетам. Денес демек го славиме триумфот над фашизмот….. Победа која почна со фрлањето на атомски бомби над цивилно население….Победа која се чува со слични такви бомби, во нешто помала димензија……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

3 Responses to Не знам кој Мај, но беше ден на победата над фашизмот од страна на новите фашисти

  1. marin drzik напиша:

    potsetam,ne podsetam

  2. cecika напиша:

    sekoja cest

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s