Мирот во моето гнездо(Посветено на мојата сакана,моја љубов, мајка на мојот јунак)

Додека ме служат очите ќе се насладувам од твојата убавина. Ќе се радувам на твоето присуство до мене. Додека ме служат очите јас ќе знам дека сме млади и дека љубовта штотуку започнала. Да. Да не беа тие очи немаше да те пронајдам. Немаше да и се израдувам на светлината. Да те погалам тебе и нашиот мал јунак. Неговите и твоите раце го собираат немирот од мојата душа, неговиот и твојот глас го разубавуваат мојот сон. Поубаво се будам.
Додека ме служат очите ќе се насладувам од твојот лик, а кога тие ќе одкажат ќе те извадам од мојот спомен. Зачувана на најчистото место во мојот ум. Таму секогаш ќе сме млади и полетни.

 Циркулацијата на крв ќе се пренасочи на други места на телото, па ќе никнат хематомите, ќе ни отекуваат вените на нозете. Мојата сила ќе се намали, но и таа што ќе ми остане ќе ја потрошам на прегратка за тебе.

Сега додека спијам и го осеќам твојот глас кој го заспива нашиот мал ангел, за миг патувам таму далеку во иднината. И таму си мојата најсакана. И таму те гледам со полни очи и ти ја дарувам мојата љубов. Среќа. Тоа е само мисла. Ги отварам очите и ти си до мене. Јас и ти сме млади, а нашиот јунак допрва ги изучува првите чекори на животот.

Имаше нецели 22 години кога го роди, се плашеше да бидеш мајка, не сакајќи да му наштетиш нему. Тој е сега среќен во твоите раце. Ја чуствува мајчинската енергија додека го држиш во твоите раце. Тие му се нему се.Моите кошмари изчезнуваат кога ќе ве видам во ноќта припиени во едно.

Тогаш доаѓам да ве покријам и скришно да ве набљудувам. Дали знаеш мамо каков син имаш? Дали знаеш кој јунак тебе ќе те чува?

Покрај него и тебе израснав и јас, Вие сте мојата духовна сила, мојот остров каде можам да побегнам од немирното море.

Оваа ноќ јас не спијам. Но премногу сум одморен од сликата која ме исполнува. Мојата љубов и моето мало јуначе, припиени во едно. Два пара големи и два пара мали дланки испреплетени во две прегратки. Две мирни воздишки, две силуети на ѕидот во собата. Јас не спијам, но одмарам. Гледајќи ве вас.Точно од овој ден, за 30 години ќе те подсетам на овој текст и ќе те уверам во неговата содржина……Мајко на мојот мал јунак, девојко  на мојот живот……..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

5 Responses to Мирот во моето гнездо(Посветено на мојата сакана,моја љубов, мајка на мојот јунак)

  1. velichkoff напиша:

    Бравоооооооооооооооооооо!!!!

  2. Браво Кристијан, воодушевена сум!

  3. Orce Taneski напиша:

    Ajjjj, so me cudis???Ti si bil neotkrien talent (a sega mozebi se otkrivas :)).Bravo za tekstov, so zadovolstvo go procitav i najprijatno se iznenadiv.
    Pozdrav od Familija Taneski🙂

  4. EMMA напиша:

    AJJJJ Kikooooo !!! Me rasplaka.Ne te znam kako vakov -SEKOJA CEST!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s