Околу 9743 метри одалечен од шанкот и 32 години од пичку материну

Го отворив ормарот во спалната соба и од таму ги собрав првите алишта кои ми беа на дофат. Црна сомотна пантолона,црно бел џемпер и црна сомотна јакна. Ги облеков а на себе ги натегнав старите и износени шпиц кондури. Ех кога тие би раскажувале што се доживеале и каде ме носеле.Излегов од дома оставајќи го запалено светло во предсобјето. Само што ја заклучив влезната врата,од кај соседите се слушна хистеричното лаење на нивниот куќен љубимец. Не можам тој лингур  да го наречам куче затоа што беше долго некои 30 см и тежеше неколку стотини грама. Лаеше хистерично како да сака да покаже дека е куче ама попусто. Некој налудничав пинч. Со него си легнував и со него се будев. Секогаш кога ќе го слушнев неговото цвикатање се прашував за животниот век на оваа таканаречена кучешка раса. Секоја ноќ кога ќе го слушнев како крешти замислував удар со кој ја кршам вратата на соседот и начинот на кој се ослободувам од таа пакосна џукела. Нека се ебат поборниците за заштита на животните но јас поради него не спиев веќе две години. Денот и ноќта ми се изедначија.

Одејќи накај лифтот го осетив мирисот на измешани кучешки гомненици и мочки. Смрдеше ходникот како кај волкот во зоолошка. Влегов во лифт а  во него го сретнав комшијата Јово. Го тргаше погледот од мене затоа што јас бев одвоен само еден ѕид во вертикала од неговиот пеколен дом каде што се слушаа пцовки, вриштења, мавање шамари и удирања по ѕидот и подот. Со жена му речиси секоја ноќ се тепаа. Не ретко кога ќе излезев на балкон да запалам цигара го гледав стариот гавран како виси и зјапа во небото. Јово имаше тенок мустаќ, изразена долга вилица која му се спојуваше со долгиот и тенк нос поради недостатокот на заби во устата. Кога зборуваше шуштеше а гласот му беше рапав, обвиен со шлаем и кркот.

-Курво!!! Ќе те убијам!!!-Беа последните зборови  на Јово пред да излезам од домот. За кратко и двајцата бевме во лифтот. Јас одев во град да ја изнесам депресијата на прошетка, а тој одеше ноќна смена во една спортска обложувалница каде што работеше како чувар. Од 7 дена во неделата тој 6 ноќи беше во обложувалницата позади една метална врата, просторија со многу фотељи и телевизори и една греалка на тајмер која грееше по цела ноќ. Што ли правеше жена му тие ноќи дома? Беше госпоѓа во вториот пубертет. Навлезена во менопауза,најверојатно со повторно разбудени хормони кои предходно заспале од морбидниот брачен монотон мелос одсвиран од страна на Јово.

Се прашувам зашто луѓето како Јово воопшто се женат???Не ебат,не се друштвени,не скомуниукативни,љубоморни се,посесивни,искомплексирани,не задоволни од самите себе. Како очекуваат да бидат прифатени од другите кога самите се одбиваат?Имаа лоша слика за себе. Не дека јас имам некоја голема слика за мене, но ја прифакам. Ми се допаѓа тоа што сум мрзлив,не друштвен самотник, пропаднат писател, пијаница,зависен од коцка и жени. Жив непродуктивен примерок.

Ме заболе за круговите околу мене. Го газев својот асфалт и ич кур не ме болеше дали вечерва ќе најдам некој познат во град или ќе изгнијам на некој шанк тормозејќи го несреќниот конобар, за кого имам сочуство и разбирање кога ќе дојде во ситуација мене да ме служи. Многу серам, многу сум некогаш напорен  додека пијам.

Поминав во неколку локали на улица Македонија и никаде не можев да најдам слободно место на шанкот. Не ни влегувам таму каде што нема празен шанк. Ја заобиколив улицата и појдов од задната страна во поодалечените локали и на првото место каде што влегов ме пречека убава атмосвера. Полупразен бар,полуосветен шанк,тивка џез музика и високи столици.

Тоа е имебецилноста на овој народ што живее овде.

На улица Македонија преполни локали, лоша услуга и лош ентериер, цени  на пијачките како во Рим а внатре е преполно. Само што не е Рим,туку некоја обична улица во моето Скопје каде широките маси правеа престиж кој повеќе денови ќе изгние во тие локали лигавејќи две пива и едно кафе за цели 4-5 часа. Лажичките од кафето го мотаа во устата,на масата имаат по 3-4 мобилни телефони,секогаш зборат демек за бизнис. А жените???

Е тие се посебна бајка. Детарани наконтени како за на свадба. Слојот на пудра на лицето е дебел околу 2 см и таа се одстратнува само со хируршки зафат но под локална анестезија. Гардеробата е копија една од друга.Сите се како кукли во излог. Се носи тоа што е трендовско а не тоа што е шик. Затоа и се сите напикани во тие мали локали на таа демек позната улица, затоа и мојот локал кој е само 50 метри позади таа улица е празен и внатре нема жив човек. И кур ме боли. Нека нема. Нека одат нека се ебат со нивните лажни прикаски и апстракниот тренд. Нека зборуваат за најновата колекција на Парфеми, гардероба есен зима, за шемите кои предстојат во викендот и слично. Јас сум аут од тие збиднувања. Едноставно јас не сакам да сум во тренд. Трендот е наметнат од некој што дебело заработува а широките маси го следат профитерот.

Гуската е едно од најглупавите суштества што ги создала природата. Кога една Гуска ќе скршне од јатото сите други одат по неа и мафтаат со крилата и грекаат. Така и на улица Македонија. Многу гуски беа залутани таму а јас бев среќен што не скршнале према мојот тивок локал.

Седнав на коњопојот на самиот шанк а позади шанкот две пријатни и интелигентни фаци. Еден старец на некои си 55 години,висок слаб,свиткан како кифла, со уморен и искусен поглед.Имаше ретка бела коса која наликува на слаба мувла, а едното око му даваше сребрен одсјај. Другото око му беше како мало полунапукнато стакленце од каде излегуваа тага и изгубени битки.

Ја дигна главата кога седнав, ме погледна со сребреното око и ме праша што ќе пијам.

-Дупли шток и едно пиво, и ако имате бадеми -нарачав и ја гледав неговата партнерка позади шанк. Постојано насмена девојка, височка тенка,со убаво извајано газе и половина,со црна коса врзана во странична опашка, другата половина на косата и паѓаше на едниот образ во многу убави бранови. Се смееше постојано, ја слушаше тивката музика и подпевнуваше.

-Повели шеф-ме пресече стариот шанкер и ми ги сервираше двете пијачки и бадемите. Чашата со дупли Шток беше несебично наполнета.Тоа беше тројни  Штокови ,истурен од несебичната шанкерска рака на уморниот борец.

Тоа го ценам, тоа го почитувам. Не мора многу да разговарам со ваквите луѓе за да укапирам дека се ок, дека се природни дека се на истото место со мене во вистинско време. Бев многу среќен што влегов во тој празен локал. Веќе душата ми се отвори, а организмот беше подготвен да ги прими своите редовни количини на алкохол и никотин.

Го пиев својот Шток и со Пивото ја омекнував неговата жештина. Пиев, слушав музика и ги гледав ортаците позади шанкот. Зборуваа тивко и се смешкаа. Стариот делуваше како татко на помладата шанкерка. Од разговор ги дознав и нивните имиња.Роки и Ема седеа на два високи стола и разговараа. Немаа многу работа. Само два залутани пара на две најодалечени маси и јас на шанкот.

-Дечки, сакам да ве почастам по една пијачка, што ќе се напиете од мене?-ги прекинав во разговорот. Во себе носеа стара градска душа и ми беше драго што сеуште под некој залутан камен се наоѓаат вакви луѓе. Далеку од градскиот шунд, од трендот и кичот.

Роки си стави една дебела чашка со Рум а Ема си стави Џин-Тоник комбинација, со многу повеќе Џин и малку Тоник веројатно за дополнителен шмек. Ги дигнавме сите чашите и наздравивме.

-Не доаѓаат овде многу луѓе?-ги прашав.

-Не-ми рече Роки,местото е малце изолирано и не е на видно поле-надополни.

-Лошо за вас,среќа за мене. Ова место е прибежиште од лудаците кои шетаат надвор-одпив од Штокот и Пивото-а Ема слатко се насмевна  на мојот муабет.

Да,да Ема.Вечерва немате многу гости,но верувај дека јас ќе испијам количина на алкохол како да ви дошле 50 луѓе. На крај вие финанскиски ќе поминете убаво,а мене главата ќе ми биде мирна далеку од сиот џагор и од малумните разговори кои се вртат напред на Улица Македонија.

-За улица Македонија!- наздравив со подсмев  и ја докусорив чашата до доле. Нарачав нова,а потоа и уште многу нови кои ги пиев со посебна сласт. Како блага наслага на нив ми доаѓаше смешкањето на Ема и тишината и мирот кои доаѓаа од фацата на Роки. Ден и ноќ.

Роки беше авион што слетува а Ема авион што полетува. Ни тргна муабетот одлично. Ема беше девојче од разведени родители која поради недостаток на финансии го прекинала школувањето а имаше дома и 3 годишен син  од неуспешен брак кој го издржуваше со дневниците од ноќниот бар и алиментацијата од поранешниот сопруг. Колку да преживее предпоставувам затоа што гламурот и сјајот на градските пуфли го немаше на нејзиното тело и на нејзината кожа. И недостасуваа сите тие работи на нејзиното лице, но сепак беше прекрасна. Сјаеше, светеше од природа. Скромно,но многу секси облечена, со чиста насмевка и поглед што смирува. Тонев пијан   во неа,тонев во моите чаши. Не сакав воопшто да ме забележи дека ја набљудувам. Тоа не е вкусно поготово не за девојка од нејзин калибар. Не сакајќи неколку пати го улови мојот поглед кој поради алкохолот се поспоро го бркав од неа.

Околу 1 часот по полноќ Роки замина а на шанкот останав јас со Ема. Веќе локалот беше пред затварање а Ема ми стави уште еден дупли шток на сметка на куќата. Ги спушти завесите од локалот, го затемни и онака затемнетиот амбиент и почна да ги порамнува сметките. Оставив доста пари, испив многу алкохол и ислушав многу џез хитови кои ќе ѕвонат во мене во текот на ноќта. Ја испив последната тура и под чашата оставив бакшиш.

-Имај убава ноќ принцезо-ја поздравив Ема и и упатив пред одење малку подолг поглед од другите. Се насмевна и ме поздрави.

Ми беше мило, кога ќе можеш намини пак-ми довикна од позади шанкот а јас веќе излегував надвор.Супер! СИ најдов пријателка и убаво место за шљокање!

Одев накај својот дом пијан и задоволен. Мислев на Ема ,на Роки, на изгубените заљубени парови кои доаѓаат во тој празен локал. Бев среќен што има такви луѓе иначе веројатно своите количини алкохол ќе ги пиев на некој планински врв, со моето пенкало и лист хартија.

Заминав во својот дом после долго пешачење по скопските улици на кои се брануваа паднатите жолти лисја од дрвата. Нивниот шум, нивното кршење под мојот ѓон ме смируваа. Имаа дејство на 50 мг Дијазепам. Потонав во тоа шумолење и патот кон домот ми се претвори во  вистинско уживање. Пубертетлиите се дереа по околните блокови згради, пееа навивачки песни, заљубените парови се љубеа на некоја клупа, а јас со рацете во џеб, со своите шпиц кондури ги газев жолтите лисја кои природата ги  имаше распослано  по асфалтот кој го газам.

Бев многу пијан кога влегов во мојот влез. Лифтот како по обичај не работеше па одев пешки и така замислен тргнав да ја отварам влезната врата од мојот дом. Вратата беше одклучена,влегов внатре и видов жена во бањарка.Потоа видов и друг мебел и сватив дека сум еден кат погоре. Во станот ме пречека со изненадување соседката која излегуваше од бањата. Со мокра коса и мокра кожа.Ја зјапав неколку секудни пред да се вратам на самиот себе.-Извини, промашив-и реков и заминав.

Би бил премногу идеален сон да и навалам и да ја разебам. Се извинив и си заминав дома……..

 

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s