Светот е на егоистите, приклучете им се :)

Како што вели  еден од моите омилени писатели Оскар Вајлд во свој роман,(Кога човек ќе тргне на пат, најубаво нешто што може да понесе за читање е сопствената автобиографија)🙂.
Цар е човеков. Што има да му се замараме за туѓите животи кога нашите се нели најинтересни. Не за друго, меѓутоа кога човек би се водел од оваа максима ако ништо друго ќе го искорениме трачерајот, оговарањето и ред други малограѓански активности потикнати поради интересот за животот на останатите. Кога сите би ја практикувале тезата на Вајлд светот би бил лишен од приказните на сељаците кои немаат свој живот ами гинат и горат во туѓите. И каква врска има тоа што е Вајлд невиден егоцентрик кога човекот му нема згрешено никому, едноставно, си го смета својот живот, својот лик за најдобар од сите останати.
Може ли некој да му забрани на она ликсурчено Кристијано Роналдо да мастурбира на самиот себе кога ќе постигне гол? Ја криви муцката онака бит-пазарски, као да е препродавач на цигари на Бит пазар, покажува кон самиот себе и му порачува на аудиториумот-ТОА СУМ ЈАС, МАЈЧИНИОТ ЕБАЧ, со една кофа гел на косата која доколку се растури за време на натпреварот, судијата е должен да ја прекине утакмицата за миг.
Не, забеанција на страна, но каква врска има со Вајлд фактот дека овој ликсур е единствен играч кој во  тимската гардероба има  свое огледало.Се пали типот на самиот себе. Најубав си е. Шо му можете?
Или каква врска има со Вајлд оној политичар кој им ги опна жените на социјалците и за несреќа на некои бидејќи  немал време да постигне кај сите. Тој сакал ама не можел бе брат. На нас ни останува да си ги прашаме девојките и жените дали они го фатиле редот пошо нели, бракои се растурале поради мангава.
Сите го имате гледано она дебело типче кое сака да се нарече себе си дека е најпаметно, нај упатено и  со најегзистентни ставови. Додека он јаде бурек, вие сте должни да го слушате и да ги прифатите неговите мисли. Ако случајно размислувате  поинаку, моментално  станувате говеда неваспитани, и добивате бесплатна реклама кај него у студио у наредни 15 минути  каде у сред емисија ќе се гради вашиот ментален профил од страна на архитектот водител.
Егоистот е  човек кој сака да се храни од сопствената вредност. А за да се нарани убаво мора прво да се надуе ко квасец. Егоист или дигнат кур исто му се вајча. Нема разлика! Егоистот користи сленг во муабетењето, некој висок стил на говор а ако е недај боже гастербајтер има да развлекува зборови како епизоди од турски серијал. Егоситот у теретана најмногу калории не троши на бенч или на груда.  Тука на дување пред огледало и самоиживување кон самиот себе.
Шо ги ебам бе….
Од утре и јас станувам егосит. Ако веќе и не сум станал.Хаааа…..врв на егоизам е да не признаеш дека си егосит. Да мислиш дека тоа е природа. Ма баш ме заболе.
Од утре ќе си купам огледала за у сите соби, у кола на ретровизор ќе ја акнам мојата слика, ќе земам тегови за издолжување на половиот орган, ќе се облечам у бело сако и бели пантолони со бела ципела и ќе очекувам сите да ми застануваат на улица. А дали ќе имам време да постигнам да застанам за сите не знам…..Ја би сакал, ама нема да можам бе браттттттттттт

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s