Бомбаш-самоубиец

Кој е тој кретен што верува дека убивањето во името на бога дава виза за во рајот? Пералницата на мозоци, во форма на верски училишта во земјите од Исламскиот свет создаваат потенцијални бомби на две нозе.Ќе го изговорат името на бога и ќе го измасакрираат ,,неверникот” кој не е муслиман или пак не живее според шериетот.
Качени на некои чудни камиони со искривени лимови, натискани како сардини, остро ја фаќаат кривината додека ги перчат  калашњиковите и двата дигнати прсти кон небото. Во случај некој да падне од камионот, нема застанување. Тие фураат понатаму.Викотници,праисториски крици и матни фаци во прашината од неасфлатираниот пат. Со калаши во рацете, појаси со експлизив и црни марами на главите испишани со арапски букви итаат кон својата правда. А нивна правда е да  го масакрираат цивилиот, да џитнат бомба во храмот  каде верниците поинаку го изговараат името божјо.Нивна правда е да се саморазнесат со 40 кила експлозив, и заедно со својата мизерија и кукавичлук ,во смрт да однесат и стотици други.Го бараат својот рај залепени како јаглени флеки на асфалтот.Ја бараат својата слобода внесувајќи ги своите верници да живеат во пештери и карпи. Ги бараат своите права одземајќи им ги правата на жените да се образуваат.Зборуваат за развој и напредок на нивната нација, а се враќаат во 5 тиот век каде се сечат глави и се каменуваат луѓе до смрт.
И она што е најтрагично за самата нивна религија.За онаа религија кои тие фанатично ја ,,бранат” Им го залепија на муслиманите стереотипот за примитивизам и тероризам. Ја извитоперија љубовта кон бога, ги искривија фактите на куранот, па наместо книга која прокламира љубов и мир, ја изсатанизираа дека е прокламатор на насилство и терор.
Ова како последно зло кое го прават а упатено баш кон оние кои демек ги застапуваат.
Искрено се надевам дека бомбашот самоубиец нема да го поведе орото на теророт  и овде на балканот. Дека  сите сме овде со  поразвиени европски и цивизилзациски вредности. Искрено верувам, дека бомбашот самоубиец ќе загине од куршумот на своите, како еден вид на праведен начин за наплаќањето на гревот. Ставајќи ги и оцрнувајќи ги  сите муслимани како терористи. А не се нели? Барем јас не видов разлика од учењето во мојата библија и учењето на нивниот куран. Вистинкиот верник тоа ќе го препознае затоа што жртвите од глобалниот тероризам нема да станат мета  според нивната верска определба, туку според начинот на живот. Начинот на слободарски живот.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s