Исповед на еден непоправлив балканец-Тоа сум јас!!!

ImageРоден сум  во времето кога  Тито одеше по земјата. Кога фреските беа покриени со една фаца која цица пура и сите не посматра. Се родив во време кога во мода беше длаката под мишка, кога афрофризурите почнаа да се модофицираат околу препоните.Роден сум во времето кога сите го баравме господ, а тој беше толку далеку од нас.
Длабоко навлезен во пубертетот, не можев да ја разберам мојата учителка зашто ме тегне за бекенбарда додека се кикотев ко недоквакан на сирените кои трештеа секој 4 ти мај.Не можев ниту да ги разберам нивните солзи, љубовта кон тоа усрано Братство и Единство. Братство и Единство засновано над камшикот на браварот кој сите не построи во неговиот групен секс.
Да му се намочам на системот, што би рекол Илко,Илија од филмот Тетовирање. Но за какво братство и единство не учеа партизаните кога со првиот симптом на нивна импотенција почнаа да се бришат цели цивилизации со катаклизмата на комунизмот. Сребреница, Вуковар,Косово, Македонија…….Тие го иживеаа своето, младината им р’мбаше по некој пролетерски акции додека  тие тегнеа млада пилетина и правеа јагнешки бригади,а остатокот од народот го слушаше говорот на лидерот и приготвуваше за ручек  зелка во кофа.
ImageВо меѓувреме, оние со слободен ум ги превоспитуваа во некој каменолом гасејќи им ја жедта со морска вода.
Фала богу нивното несреќно време заврши. Тоа што ние ги плаќаме сеуште сметките на нивниот раскош е друга приказна.Некои од нив денес тегнат пензии поголеми од просечната плата на македонецот, но кој ги ебе нив. Ним и онака пак не им чини државата.
За себе можам да кажам дека сум една чудна биолошка појава која некако мутирала во нешто налик на човек. Говорам емотивно.Како би можеле и да се наречеме денес кога нашата љубов, нашата душа ја дадовме на лукавиот, а сето тоа за обичен ситнеж, за бедна позиција, за ебана власт, за слика со локалниот моќник.Пред овие наши екцеси, умираат аргументите, умира нашата молитва кон бога. Преќутно стануваме амеби, восочни кукли, бројка на нечиј митинг, обележани со црвен или син маркер. Ние сме обична маса  за пополнување на дупките во асфалтот.Ние сме куртонот кој секогаш го вадат пред некое нивно блудничење.
Можам да седнам на шанкот и да им објаснам  дека кај жена госпоѓа, на гости  се оди со цвет во рака.Дека кај курва на гости, се влегува и излегува преку прозор.
Сите можат да ве поканат на ракија и домаќински муабет. Јас би ве поканил на ракија и на крајно недомаќински муабет. Сакам да ги вадам валканите алишта на маса, сакам да црпам во гомната, тие да засмрдат и да не натераат конечно да се ослободиме од нив. Сакам да го испијам дуплиот  шток и чашата да ја акнам од земја. Сакам да отворам шише сортно вино и да го истурам по цицките на некоја не припитомена ѕверка од најеротските соништа.Сакам пијаниот другар на раце да го однесам дома. Сакам со него да го поделам и ќотекот на дивата орда.Ги сакам расипаните жени. Сакам  кога некоја   ми го цица додека возам кола. Но не ги сакам легнатите полицајци во тие моменти. Тоа е во моментот штетно за грлото на мојата партнерка.
Можам да бидам архив во барот, можам да бидам и неканет гостин таму. Можам и самотњачки да гинам на шанкот, да паднам во дното на чашата, но никогаш не можам, и нема да бидам клатикур кој ќе го даде газот за едно здраво со намазаниот ликсур. Нека се ебат сите полтрони и лицемери. Полтронството и дудлањето ги доведе амебите да бидат управувачи на нашите животи. Тие да го водат светот, и иднината и на неродените деца.Знам дека за некои не сум идеален, а и не сакам да бидам!!Знам дека некој предавник  ќе ме нарече дека сум ултранационалист,полн  со предрасуди кон педерите и различните групи.Дека сум удавен во патриотизмот кој некој го нарекол дека е мртов и бесцелен.Не сум, и не сакам да им бидам идеален.Не сакам тие да ми судат, и не ми значи ништо нивното мислење. Тие се за мене еден глас, една лага кој паѓа во амбисот.

Мојот единствен суд е наздравувањето со пријателите. Начинот на влагање и излагање од барот. Начинот на поздравување и пцуење. Начинот на кој се седнува и на кој се станува од маса. Мојот единствен суд е фреската на мојот светец, кој полека бледее од гревот на останатиот џган.
Мојот едиснтвен суд е судот на моите пријатели а не на моите  непријатели.

Ајде мои пријатели….повелете на една ракија, и на еден недомаќински муабет…..
Image

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Исповед на еден непоправлив балканец-Тоа сум јас!!!

  1. velichkoff напиша:

    Текстов е закон брат, само напред!!!

  2. lj.bozhinovski напиша:

    Браво!

  3. Jerina напиша:

    Jas so gordost bi se potpisala so ime i prezime na vakov tekst.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s