Кастрација за манијаците и педофилите

 

Мојот пријател Атанас Величков е многу кивен на натрапниците против половата слобода и морал.Педофили, силеџии, онанисти и егзибиционисти. Он лично смета дека законот во Република Македонија е премногу благ за ваквиот тип на ѓубриња.

И јас се согласувам со него.Јас дури би го употребил и тесличето по тилот на овие.

Денеска слушнав  за момакот од она демирхисарско село Ковач, кој ја начекал дома сама старата комшика, ја потиснал во дворот, полово ја обесчестил а притоа и мавнал и  ќотек.

Да. Тој се вратил од село и забележал дека кај бабичкава во куќата сеуште свети ламбата. Тоа  на  мајмунов  му ги попалило страстите  и знаејќи дека старицата има чести  физиолошки потреби ја сочекал во дворот додека  уринира,ја силувал и ја скршил од  ќотек.

Младич на 25 години!!! Не знам само од каков крој е створено ова говедо та своите полови побуди да ги бара кај безпомошни старици. Некој ќе рече дека нешто во главата му фали. Е токму таа теза драги мои пријателчиња ги вади мајмуниве од долгогдишна робија. Тезата дека се тие штракнати во мозокот наместо во затвор, ови ѓубриња ќе ги дотера во медицинска установа. Наместо казна, тие ќе добијат третман. Наместо како криминалци,  нив ќе ги третираат како пациенти и жртви. Нешто што е нон сенс. Тогаш нека ги пикнат во иста соба и натрапнициве и силуваните пошто според оваа наша перцепција на двете страни им е потребна помош. Извитопереност до немај каде.

Или пак случајот со нашиот бербер од Прилеп, кој своите сексуални апетити ги задоволувал кон момче со пречки во менталниот развој. Редовно го носел во својот салон и кога ќе останеле сами манијакот посегнувал кон телото на безпомошното момче. Не знам колку силно навалил во анусот на детево, и како ли само го допирал по гениталиите, ударот кој му го има зададено кон и онака кревката психа на настраданот момче, ќе остане како вечен  пеколен жиг во неговата меморија. Во своите соништа, во своите стравови, ова момче постојано ќе бега и ќе се одтрга од канџите на крвникот, за кого сите ќе кажат дека со паметот не бил нормален.

Но што велат членовите од казнениот закон за оваа сорта на животињи?

Освен фактот што мораме да им го почитуваме правото на презумција, што мораме да им обезбедиме лекарски третман, право на адвокат и право да се бранат со молчење, овие крвници спроти себе имаат една смешна казнена регулатива.

Тој што ќе изврши полов напад врз лице, искористувајќи ја неговата психичка состојба, ментална заостанатост,немоќ, или друг тип на состојба поради која не може правилно да расудува и да се брани, ќе биде казнет со затворска казна од 3 месеци до 5 години!!!

Тој пак што ќе изврши полов напад над дете, или друго полово дејство ќе се казни со затворска казна од 6 месеци до 5 години.

И сега отворено се поставува прашањето. Како може да ги казниме овие престапници, овие животни, со вакви смешни затворски казни??? Во најдобар случај тие можат да добијат 5 години затвор , меѓутоа многу често тие  се надвор по само 2-3 години. Тие ќе бидат на слобода, а жртвите доживотно казнети и истрауматузирани.

Некое циганче ако опне трафика, и притоа од нејзе украде некој ситнеж, чоколада, некој сок или штека цигари ќе биде казнет драстично и многу потешко од колку овие манијациве.

Ова е законска казна  кој стимулира земање на правдата во рацете на жртвите. Ова се законски казни кои се смешни и крајно понижувачки.

Потребата од кастрација за овие стоки е повеќе од евидентна. Речиси и да нема педофил, силеџија кој излегол од затвор а да не го повтори делото. И да се стави во ред, нешто што многу ретко се случува, злото со кое државата ќе го казни него за неговото сторено зло е смешно и понижувачко  во однос на злото кое им го нанел на  жртвите.

Кастрирањето е нужен и потребен акт, нешто што единствено ќе ги одтргне овие манијаци од животот и здравјето на потенцијалните жртви кои се во нивна близина. Ако има дилема, дали кастрацијата да биде со инекција, или со физичко дислоцирање на ташаците, нека се одбере вториот метод. Затворската казна за нив не е вредна. Не се  ни тие  вредни  за  лебот да го јадат таму.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Кастрација за манијаците и педофилите

  1. velichkoff напиша:

    Брат браво за текстот… Го постави круцијалното прашање до експертите што ги пишуваат законите… Кој кур ако некој педофил лежи три години у затвор, кога откако ќе излезе тој останува ист монструм.

  2. Deni Rainbow напиша:

    Koga ke se zeme predvid celoto zakonodavstvo, togash ke se uvidi kolku e diskriminatorski postaveno kon “poslabite” od koi nesomneno e ogromen broj na traumatizirani i “osakateni” poradi slobodata na “posilnite” koi se na nekoj nachin i podrzani da gi izrazuvaat svoite prvobitni instikti kade i koga da sakaat. Po se izgleda zakonodavstvoto se vodi spored uchenjeto na Charls Darwin i opstanokot na posilnite…za zal

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s