И НИЕ ДЕЦА СМЕ НА МАКЕДОНИЈА

Се случија протестите против бруталното убиство над 5 те невини млади македонци.Како кулминација на предходните гомнарии кои се случуваа и во кои беа главно инволвирани млади  луѓе. Настани на Кале, тепачки по автобуси, палења знамиња, цркви, повици за геноцид и етничко чистење и слично.
Протестите поминаа како што поминаа. Излегоа од рамката на нормалното. Имаше насилство, имаше невкусни скандирања, имаше демолирање , физички напади, обид да се турне Скендер-бег од постамент ред други заебанции.
Не, јас во никој случај нема да го оправдам тоа. Најмногу поради фактот што можеби и сторителите на оној злосторнички акт во Смиљковци и ја имаат таа цел. Да не фрлат во нивниот матен вител од каде се излегува со реки крв, колони народ во беспатие, и збришани села и градови.Да оправдувам нема, но да искажам разбирање кон ове изливи на емоции имам сигурно право.
Веднаш после тие протести на дело се појавија гнасните погани усти на новинарчињата платеници, на интелектуалците, на граѓани и разно разни фактори во државава. Сите тие не штедеа зборови да ги нападнат, и оцрнат децата кои излегле на протестите кои завршија како што завршија. Биле насилни. Та преку тасе. Такви протести има насекаде во светот,,кај нас многу ретко. А ако требаше и некоја причина разбирлива за да се случи тоа и кај нас, епа господа мислам дека од оваа и не може да има поголема.
Сите вие злобниците, заборавивте дека истите тие деца се другарчиња на убиените, ги етикетиравте како изманипулирани, одземајќи им го на тој начин најбезобразно нивното право да искажат револт и љутина. Зашто ова се случи? Предходните настани во кои истите тие млади луѓе беа туркани да влезат во некој конфликт завршија со мудрост и со зрелост токму од тие младинци кои вие ги нарековте манипулирани. Сетете се добро, колку време навивачката група на Комити, и на останатите се дистанцирани од сите збиднувања во последно време со цел работите да не излезат од нормални рамки. На нашите спортски борилишта исчезнаа и националистичките слогани. Значи сепак овие деца кои вие ги представивте како дивјаци, сепак знаеле да држат до некое ниво, многу подоследно и принципиелно од некои демек премногу загрижени.
И кога сега се случија тие немили настани со протестите, кои за среќа и не поминаа со премногу тешки последици, можевте барем во најмала рака да искажете разбирање како за оние кои кршеа и демолираа објекти на македонците во Гостивар, како за оние кои го палеа македонското знаме, како за оние кои ги прочадеа ѕидовите на нашите цркви. Но не господа.Тогаш со прст покажавте на карневалот во Вевчани,  со прст ги покажавте навивачите во Ниш,со прст ги покажавте нашите деца, наместо оние кои кршеа, палеа знамиња, тепаа деца и старци,и палеа цркви.
Да не ги спомнам сите оние невладини здруженија кои го осудија од старт полицаецот во Гостивар кој застрела двајца албанци под сеуште нејасни причини. Да, судскиот процес уште не започнат тие ја лупнаа пресудата. Модрицата на окото на полицаецот не беше доволна да се дигне рачна, или фактот што бил со својата малолетна ќерка.Но добро. За нив знам, за тие ѓубриња е битно само да легне траншизата од Брисел на нивните конта, а за нашите несреќи и баш ги заболе. Нивна задача е да приредуваат циркузанстки паради на кои  тие би требало да бидат некој двигател на затупената свест.Шие ми га ѓуро!
Но каде се парадерите сега??? Каде е нивната грижа за младите македонци сега???Или за нив овој случај повеќе не е битен. Работиве излегоа од контрола, отида можеби и подалеку, па сега се чуствуваат по супериорни од порано и ќе можат полесно да ни маневрираат. Не господа, вие секогаш ќе останете последната опција на народот. Вие сте на иста линија со нарачателите на нашето погубување. Вие сте на иста линија со оние кои сакаат да ни го сменат името. Затоа сега ве нема никаде. Сега мислите дека ја начекавте вашата шанса и дека ќе го донесете вашето погано антимакедонско царство од Перо Наков бб. Но не, премногу лошо сте ја процениле интелигенцијата на народот. Мнение се менува со пари некогаш, но во вашиот случај, речиси и никогаш!!!И ТИЕ ДЕЦА СЕ…….НА МАКЕДОНИЈА

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to И НИЕ ДЕЦА СМЕ НА МАКЕДОНИЈА

  1. ИгорНаворски напиша:

    Се сложувам со тебе но, потсети се дека провладините медиум(и) први најавија „партиски подржан“ протест пред Влада, а владеачката македонска партија т.е. нејзиниот младински огранок (млади сили) организираа паралелни контрапротести на друга локација… Така да, политички димензии на протестите им дадоа гореспоменатите. А не е фер, тоа е педерска игра, зарем сите што бевме таму бевме поради некоја ебана партија? НЕ! Барем јас, таму бев од други причини..

  2. Aleksandar Pesic напиша:

    Значи до сега најдобро напишан пост. Искрено и јас да го пишував немаше да напишам ништо помалце ни повеќе. Едноставно БРАВО !!! Но што има од тоа кога ако појдеме од самата наша власт, прво она не остава на непријателите и се понаша како еден од нив, а за понатаму незнам што да кажам. Си ги продадоа и државата и народот, а за што, е тоа ни јас не можам да го разберам😦

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s