Шундовски….тајм-аутот заврши!!!!

Секоја чест на ракометарите!!! И покрај резултатскиот неуспех на пред Олимпискиот турнир во Гетеборг,нивното срце не изостана, нивниот фанатизам, нивната желба со македонското знаме да се дофати Олимп.Но колку голема шанса испуштвме во овој циклус, во овие златни години на македонски ракомет ќе се увериме наредниве 10 години, кога нема ни со носот да помирисаме ваква Олимписка шанса. Фактот што најголем број од нашиот ракометен тим е на залезот од својата кариера(Лазаров, Мојсовски, Алушевски, Димовски……)  а  младиве категории не ни стојат баш најдобро со квалитет е доволен аргумент на моето тврдење.
И кога секоја екипа има пад во играта, кога на твојот најдобар играч ќе му се надоврзат во серија неколку загубени топки, тренерот е тој кој што мора да пресече, да побара минута одмор, да ги увиди причините и моментално да ги елиминира.
Видовме дека и со Унгарија, и со Шведска имавме добри моменти кои не понесоа во еуфорија дека победата можеби е на дофат. Колку и да беа тие моменти резултат на фанатизам и борбеност. Но добро видовме дека по првиот тајм-аут на нашите противници, играта веднаш се сврте во нивна корист. Но кој да им парира на тренерски величини како Мочаи и Олсон???
Оној првиот го видовме во авион со Лап топот како ја анализира играта на Македонија од првенството во Ниш,а овој другиов е светски и олимписки шампион, име и величина за која не се потребни зборови.
Најмалку сакам да го нападнам Шундовски. Неговиот тренерски (не)квалитет е очигледен. Додека на нашиве противници, селекторите   им ломотеа, и устата пена им фаќаше од разработување стратегии, нашиот тренер го завршуваше тајм-аутот половина минута порано. Не знаејќи што да каже, и во тие 30 секунди на тимски окуп не му го слушнав многу гласот.

Дека има суети во нашата федерација има. Дека Михајловски како председател на федарицијата од една страна, и ракометниот клуб Металург од друга страна отворија таква битка што мава по грбот на сите отворија.
Ние во нашата лига имаме тве тренерски имиња од светски калибар. Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Зборови да се трошат за овие двајца нема потреба. Дека имаме и ракометари надвор од кругот на овие во другиве европски лиги имаме. А таа фамозна позиција на лев класичен бек- шутер каде сме најтенки, позиција каде немавме човек што ќе го дуплира Лазаров и ќе одкорне од спротивнава страна додека е он врзан во фластер имаме. Горан Кузмановски еден од нашите најдобри интернационалци во Романија , Раде Стојановиќ  или уште еден деснорак бомбардер висок 196 см, Ристо Арнаудивски во своите десни шаки имаат бомби, имаат експлозив.Тие се проверен квалитет со настап во европски клубови учесници во лигата на шампионите. Зошто нив ги немавме во националниот тим а се врвен квалитет???
И сега сакам да знам, каде беше на овој турнир Филип Лазаров? Што одигра ова момче во овие пресудни за нас 120 минути???Која беше поентата да се носи во екипата играч кој игра на една позиција каде сме најтенки, а тој да одигра се на се 3 минути???
Ако има позадински суфлирања, наметнувања, а очигледно има, тие треба да се разоткријат сега, во овој момент, па кој и да е нарачателот на оваа директива.
Ако е Филип брат на Кире, не значи дека тој треба да игра во репрезнетацијата. Филип е подпросечен ракометар и во нашето македонско првенство. Дали овие братски помагања беа фер за останативе момци кои јадеа доста ќотек да го пробијат средишниот бедем на противникот? За друга некоја игра, преку крила и пивот неможе ни да стане збор кога селекторот многу почесто зјапа во семафорот, устата му се суши на тајм-аут, та дури и дозволи оној буцкаст помошник да му објаснува колку се 2+2 додека тој упорно зјапа во празниот простор.
Имам едно пријателче од Битола,спортски вљубеник,  кого пред извесно време го запрашав за калибарот на Звонко Шундовски. Човекот ми одговори кратко и јасно. Го опиша со два збора. Имал во Битола сендвичара!!!
Епа ако е тоа единствениот опис за еден селектор, за еден тренер кој треба да води тим по квалитет најдобар во нашата историја, каде допрва ги одкривме Дејан Манасков, Столе Стоилов и ги надоврзавме на проверениот и искален квалитет, нам драги мои пријатели ни требаше на клупата многу повеќе од Шундовски.
Јас и понатаму ќе тврдам дека и во Ниш и овде во Гетеборг ќе поминевме многу поубаво со проверено тренерско име одколку со некој што правел тостови и хамбургери.Во Србија бевме печени за медал, а во Гетеборг игравме со глава во ѕид, со многу ќотек го изработувавме секој постигнат гол против селекции кои во моментов се во очигледна криза. Не за џабе како мали деца ни се радуваа после победата над нас.А тоа го направија со ум, со тактика, удирајќи на нашите насјилни точки.
Ниту еден наш тајм аут, ниту еден наш договор, ниту еден план, ниту една ишкртана табла со изработен напад против Ким Андерсон, против Перез е рамно на харикири.
Момците се бореа, го видовме и нивниот очај, нивната желба за успех, но дефинитивно без кормилар кој ќе го сопре тонењето на бродот. Секој во даден миг на натпреварот има мигови на слабост, кога  едноставно не иде, кога едноставно си прочитан. Е тогаш не можеш да опонираш само со фанатзимот на Наумче, Миркуловски и Столе.  Ни беа потребни избградени патишта и за Кире, и за Алушевски и за Златко, кој сосема необјасниво беше оставен како  единствен наш избор на десната крилна позиција, на еден турнир каде се игра во пеколно темпо. Секој ден!
Зошто го немаше Гоце Георгиевски од Металург не мора да одговори Шундо, нека одговори Михајло Михајловски и сите негови суфлери кои личните интереси, комплексите,  ги ставија пред интересите на репрезентацијата.
На крај можам да изразам големо жалење и и голема благодарност до сите ракометари кои го испотија чесно дресот на репрезентацијата. Кај ниту еден од нив не недостасуваше желба.Но и веднаш да предупредам дека е време маските да се симнат. (Не)Успехот од Ниш дефинитивно покри некои лајна околу националниов тим кои излегоа на виделина во Гетеборг.
Баражот со Австрија ќе дојде многу брзо. До тогаш под итно е потребно проветрување и во играчкиот и во стручниот кадар.Затоа што и Австријците многу брзо напреднаа во овој спорт, им парираа за пласман на Европското на една Германија, па нема да ме изненади вешто да искористат слична наша неорганизираност како оваа. А за брзо време ќе излезат на виделина оние заташкани и и задскирени од јавноста односи внатре во нашиот тим,
 

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

19 Responses to Шундовски….тајм-аутот заврши!!!!

  1. Ljupco Mojsovski напиша:

    Е па сега вака…
    Те читкам по блоговиве, онака, одвреме-навреме и никогаш до сега не сум почувствувал желба да ти реплицирам. Можи затоа што сум се согласувал со твоите ставови, можи оти ме мрзело да ти реплицирам. Ама знам дека не потпаѓаш на првокации и реплицираш со коментаторите.
    И пак се согласувам со голем дел од твоите ставови. Ама плукањето по една личност (во случајов Шундовски), ама баш ме нервира. Е па не се согласувам со констатацијата дека човекот во Битола е познат по тоа што имал сендвичара. Извини, ама тој Шундовски беше солиден играч, кој многу има дадено за македонскиот ракомет. На крајот на краиштата, човекот беше селектор на репрезентацијата која го освои 5 место. А 12 години наназад не успевавме ни да помирисаме европско првенство. И премногу е пресно, за веднаш така да го отпишиме и да го прогласиме за главен виновник за неуспехот на квалификацискиот турнир. Истиот тој Шундовски, го водеше (води) Пелистер во најтешките моменти, кога не се знаеше дали ќе го одигра следниот натпревар заради беспарица, а камоли да биде платен за тоа. Е затоа Шундовски е голем.
    Грешки има во играта. Уште повеќе во тактиката. Ама дури и да не е соодветен за селектор, шефот мој вели “не е крив тој што јади два зелници, туку тој што му ги дава”. Само нема маж што ќе избери селектор кај нас, оти има 2 000 000 кандидати. Сите сме јаки, сите сме совршено подготвени за секоја ситуација. Ама никој не можи да сфати, дека имаш 12 играчи. И толку. Само еден (селекторот) знае кој колку е подготвен да игра, колку му е силата. Странски селектор не е правило дека ќе не донеси на повисоко ниво. Еден Червар, кој неизмерно го почитувам, пред сезона го продаде Столе Стоилов во Вардар оти му бил вишок?????
    Точно дека треба да се направи ред. Ама и во репрезентацијата, како и во нашата државичка, владеат посебни правила. И тешко дека ќе се доведе во ред за скоро. И дека срањето треба да излези на површина за да можи полесно да се измие, апсолутно се согласувам.
    Инаку, бидејќи си во Гетеборг, да ти кажам дека максимално сум разочаран од публиката. Еден куп начивачи, а јас само неколку пати слушнав страствено навивање (дали до Сител е или до вас, чекам да ми одговориш). Се надевам дека нема да се истепате оти сте Комити и Чкембари, дека барем убо си врвите ако ништо друго и дека Швеѓанките ќе научат побуо кај е Македонија!!!🙂
    Ај поздравче од Битола

    • komitamkd напиша:

      Во Гетеборг не сум….се согласувам за навивањето. Ама од 4000 души дали 300-400 се прави ултраси. Причините се јасни….
      Иначе искрено, во ниту еден дел од мојот текст јас не го навредив Шундовски. Го знам како играч, меѓутоа е фрлен во оган од други причини. Знаеш ли зашто од репрезентацијата е одстранет еден Раде СтојановиЌ??? Еден Горан Кузмановски??? Треба ли да покажеме со прст на нашиот великан???Можеби и треба. Со автортет тренер за неговото братче Филип ќе немаше место во тимот…..И допрва ќе излезат на виделиена многу нешта……околу коментарот за сендвичарата тоа е муабет кажан од мој пријател битолчанец..секоја чест за клубот Пелситер што го води за без пари, тоа се спортски и човечки гестови за поздрав меѓутоа овде во репрезентацијата се загуби покрај некои суети од федерацијата и од играчите…….

  2. Ljupco Mojsovski напиша:

    По муабетот сфатив дека си таму. Да се разбериме (иако мислам дека се разбираме)… апсолутно сум на твоја страна. Муабетот ми беше дека ако не го бива, одговорност треба да бараме од тој што го поставил. Ама така наеднаш да проплукаме по некој кој што ни го донесол најголемиот успех, како што читам по портали во последниве 2 часа, едноставно не е фер и човечки.

  3. marjan напиша:

    Imavme vrvni trenerski iminja od tipot na Vujovic, Tuta Zivkovic, Dragan Dzukic pa ni blisku ne bevme do plasman na EP ili SP, a so kakvi takvi nasi treneri (Sundovski,Temelkovski)uspeavme da napravime nesto, pa sega so ke kazes na toa. A kolku so znam Lazarov e toj so ne sakase stranski trener, od koi pricini mozime da pretpostavime, ne e tesko. Za Kuzmanovski, Arnaudovski iskreno se somnevam kolku bi bile od korist, a ni Stojanovic ne vo taa forma so bese, mozebi dobro bi bilo da mu se dade sansa na Jonovski vo napad, a ne znam so se slucuva so Pecakovski, spored mene ima kvalitet deckoto. A i Filip da ne se potcenuva, barem vo mak. prvenstvo ima pokazano deka vredi. A glavna pricina za neuspehot e katastrofalnata igra na Kire, losata odbrana i opsto losoto vodenje na timot od Sundo

  4. Jovica напиша:

    Во 80 % се согласувам со тебе, па затоа ќе го искоментирам она што веројатно си го пропуштил. Кога се повреди Темелков бев сигурен дека ќе игра Георгиевски, но Шундо наместо него ( или кое било друго крило ), го повика братму на Велко Марковски, кој едвај има 6-7 настапи оваа сезона. Сите знаеме зошто … нели ? Поради истата причина игра и Филип Лазаров, можеби и Златко Мојсовски. Е тука не е проблем тоа што Шундовски имал сендвичара, а не е дека не се ни разбира од ракомет … па он е вториот по квалитет тренер во Македонија. Значи суштината на проблемот во македонската репрезентација се крие во не(Авторитетот) на селекторот. Раде Стојановиќ, инаку еден од подобрите другари на Лазаров од младоста е отпишан поради тоа што игра на иста позиција со Филип. Георгиевски не беше на ЕП поради Златко Мојсовски. Што милиш зошто кире беше против тоа Лино Червар да биде назначен за селектор ? Зошто е авторитет …

    Во потесниот избор за селектор беа Шундовски и најтрофејниот македонски тренер во моментов. Кире го избра Шундо … а не Михајловски … Проблемот е што не става во ситуација да избираме, а тешко е да се откажеш од Кире нели …

  5. Бране горд Македонец напиша:

    Да беше Љупчо Савевски во Гетеборг, гарант ќе играше Раде Стојановиќ, Кире ќе го седнеше на клупа по вториот промашен шут( исто како што прави и Душебаев во Атлетико), и сигурно ќе одевме на олимпијада. Но Савевски никогаш нема да биде селектор, барем не додека типови како Трифун, Михајловски, Минчо и слични на нив сами сакаат да го раководат ракометот и нормално да исперат некоја паричка. Ним авторитети не им требаат, нив им требаат мутовци кои нема смеат да писнат пред мафиозите Начевци

    • Makedonska напиша:

      Brane muabetov ama bas ic ne ti drzi voda…Lazarov e alfa i omega vo Atletiko…sednuva samo za da se odmori-nemam propustena natprevar na Kire da ne gledam na net-taka da ova sednuvanje na klupa od Dusebaev ti e bez vrska..drugo..igral Zlatko radi Mojso..zlatko trebase da odi ama da bide rezerva na nepovikaniot Georgievski..problemot e sto trgna 3 pivot koj ne vleguva vo igra a odime so edno desno krilo koe e rezerva vo klupot kaj sto igra..drugo..Stojanovic ne e ni senka od toa sto bese..bese gledac na natprevarite na metlurg u sala sezonava mn cesto..znaci trebase vo timot da bidat georgievski kukoski i stojcevski..a edinstven kricec po mene e selektorot..site imaa postaveno igra da ne sporat nas..samo nasiot selektor igra bez taktika ostava na kretaivnosta i znaenjeto na mojso kire mirkulovski i drugite..a oni na ovoj turnir dobija samo kutek od protivnicite ocajno s eborea i nakraj dobia plukanje od spostveniot narod…a zatoa rfm se isposlika so precdeatelot na ihf koj dosol bas nas da ne gleda..

      • komitamkd напиша:

        Брат,,,нашите ракометари нема да добијат, нити па добиле плукање од својот народ….За нивниот труд во националниот дрес нема никаква замерка, напротив…тоа е репер за сите други репрезентации….

  6. Aleksandar напиша:

    Koga slusnav deka na samiot den na zaminuvanje tie ke ja analizirale igrata na protivnikot-odnosno ukraina,se zamisliv i koga slusnav deka site igraci se sobrale samo 3 dena pred zaminuvanje,a percepirav deka koga za evropskoto prvenstvo gi sobraa mesec dena odnapred,ocekuvav deka za plasman na olimpijada ke gi soberat mesec i poveke porano,iskreno kazano nemav srce da go gledam natprevarot vo zivo zasto i taka mi igra srceto,go slusav na radio….koga na krajot mu isklucuvaat igrac i plus vo napad so 1 gol negativa gubime natprevar,i koga me prasaa sto ke napravat so svedska znaev deka ke izgubime,krivo i zal mi e,osobeno mi e zal sto mozebi od nekoja pricina pretendiram deka bratot na kire zazema tugo mesto i ne zasluzuva da bide vo reprezentacija,se soglasuvam deka podobro dvajcata da ne gi povikaat odosto da igra covekot.
    Nitu se imase strategija,kako stado ovci, bez ovcar,nitu se imase napad,nitu se sostoese od odbrana,mozam da kazam deka treba da se preispita odgovornosta i vo rakometnata federacija-ramno na FIJASKO kakva igra pokazavme na evropskoto a kakva tamu toa e kako crno i belo……drago mi e sto izgubija zasto vaka mnogu luge ke si gi cuknat glavite(dokolku se moralno principielno i eticki obrazovani)-ne e potreben fakultet za takvi gledista,
    drago mi e sto izgubija zasto site se spustija na zemja….
    reprezentacija ne e nekoja biznis zaednica pa se gledaat licni interesi,igras ako znaes,vleguvas vo selekcija ako mozes,jasno mi e ako e nadaren pa mu treba nekoj da go potturne,no ne mi e jasno kako da se turkaat nekoi igraci koi nemozat da se spravat,kvalitetni igraci do bezskraj,nekoi od iminjata ne zasluzuvaat spored etickiot kodeks i moralnite gledista…..
    NAMERATA MI E DEKA NAM NI TREBA REPREZENTACIJA,A NE LOKALEN BIZNIS INDUSTRISKI AVTOPATSKI TEHNOKRAT DA DIRIGIRA,TAMU NEMOZE I NESMEE
    IM SE VOODUSEVUVAVME NO GO ZASLUZIJA TOA,GI VELICEVME I KE GI VELICIME ZASTO ZNAEME STO NAPRAVIJA,NO KOGA NESTO NECINI TOGAS DOBRO E KRISTALOT DA SE IZGLANCA OD PRASINATA….
    TOLKU KVALITETNI MOMCI A NESTRUCNO FIJASKO,PREGOLEM LUKSUZ OD KOJ TREBA DA SE OTKAZEME

  7. Makedonska напиша:

    ne sum brat..moze sestra da sum🙂 zensko sum ama mnogu dobro znam pratam i razbiram rakomet..iskreno krivo mi bese da gi gledam denes i vcera igracite..mi se placese radi niv i publikata so bese tamu..zasluzuvaat i vredat mnogu poveke od ova..Sigurno sekoj od nas saka da odime na olimpijada ali ne e zelbata tolkava kolku sto e kaj rakometarite..Protiv ungarija mn gresea i vinata e samo nivna (po mene na selektorot koj nema taktika spremeno)A mecov so Svedska bese sramota za rakometot..pa ni bokser po tolku kotek nema da moze da sutne jako na gol..nasite igraci denes sluzea kako bokserska vreka na Sveganite a sudiite toa go dozvolija..se sluzea so nesportski potezi i toa bese dozvoleno..jas do sega go nema videno Kire i Mirkulovski tolku luti.. A za plukanjeto ne mislev na vas nego po ostanatite forumi se plukaat igracite..moze da se procita se i sesto.

  8. Filip Makedonski :) напиша:

    Iskreno covekot me nervira samo zatoa so nema avtoritet edna rabota, a druga pokraj seta negova zelba za uspeh covekot se gubi na teren vo odnos na tajm autot. Vo zivot rakomet ne sum igral ni kosraka, ama ako me prasuvase mene tajm aut se bara koga vodis so 3 razlika da ja zadrzis taa razlika a ne koga od 3 razlika vo korist ides na 4 razilka vo minus…toa 7 poeni a toj aber nema….uspevame da izramnime kako taka toj togas bara tajm aut a pred minuta imalo tajm aut od Ungarija..mislam smisli nesto vo rok od nepolni 60 sekudni a nisto ne mu tekna za cela utakmica?? Mislam stvarno e glupavo. Drugo ako Kire saka da bidi selektor i igrac barem neka kazi da ne se frlaat pari po treneri, a ne si idi dva dena pred utakmici, na teren sebici i samo toj sutira ako ne igra negovoto bratce Filipce koj spored mene e trup neviden, kade za razlika od nego bratot na Naumce izigra perfektno i bez razlika so se braka ako deteto go biduva neka igra(a mislam go biduva) isto taka i Manaskov pak ke recam bez razlika so e sin na eden od najdobrite rakometari sto gi imala Makedonija. Ni trebaat igraci kako Mirkuloski, Jonoski, Vanco, Stoilov,Mojsoski,Velko Angelov koj sto srceto go ostavaat na teren za pobeda za reprezentacijata,a ne kako Lazarov koj so igra za negov licen uspeh (da recime najdobar strelec na site evropski prvenstva i sl. ( mozi covekot dobro igra ama za reprezentacija moe mislenje e deka ne) POzz od Prilep

  9. Jovo напиша:

    Sundo ne ti e mestito tuka,ne treba da bide marioneta na kire…idi si od reprezentacija za dobro na timot zaedno so pola tim grea4i na klupata koisto im go drzat mestoto na kvalitetni igraci koi sto ne se povikani zaradi niv

  10. Marija напиша:

    A zosto ne go zemaa vo sostavot Milan Lelov isto e levucar i mnogu e podobar od Filip Lazarov nekade bi go sporedila i so Mirkulovski, inace igra vo Metalurg i ima minutaza na teskite naprevari na Metalurg vo ligata na sampionite. Inace vo celost se soglasuvam zatoa sto ne moze da se potprime na ramoto na K.Lazarov …. kako da nemame drugi kvalitetini igraci?!

    • komitamkd напиша:

      Милан Левов доброволно се одкажа од настап на овој турнур. На негово барање. А да игра на местото на Филип не може бидејќи е левучар.Милан Левов има стагнација во неговата форма моментално и има многу слаба минутажа во Металург поради големата конкуренција

  11. искрен навивач напиша:

    навистина е жално да се прочитаат толку навреди за играч од калибарот на Кире од сопствениот народ. Не верувам дека половина од луѓето кои ги оставиле коментарите ја имаат гледано репрезентацијата на секој бараж и секој квалификациски натпревар што се играл. Па би сакал да ги потсетам дека Кире се откажа од Унгарско и Хрватско државјанство за да успее со Македонија. Клубскиот успех му е загарантиран, затоа што игра во еден од најдобрите тимови во Европа, а репрезентативниот успех одлучи да го чека и да го доживее со својот народ, како Македонец.Кире играл за репрезентација со срце и секогаш бил борбен и кога Филип не играше ракомет. Како познавач на ракометот ќе бидам среќен да има играч што ќе го замени Кире и нема да се осети во играта на репрезентацијата, но кога он вика дека нема работа со младинските категории никој не го слуша, него сите се зафатени со организирање на навивачки каравани и правење МНОГУ ПАРИ на сметката на навивачите.
    Се сложувам со вас дека Кире го користи авторитетот кај (НЕ) луѓето од РФМ за да протурка некои работи по негов терк, но нестручноста на господата што го довеле ракометот до ова ниво создале услови човекот да си го користи капиталот со кој го задолжил македонскиот ракомет. Кога ќе имаме 3-5 играчи како Кире нема да имаме вакви ситуации…

    ЗНАЧИ ДРАГИ МОИ СТРУЧЊАЦИ НЕ ЈА ПОКАЖУВАЈТЕ МАЛОДУШНОСТА ВАША И ФРУСТРАЦИИТЕ НАСОЧЕТЕ ГИ КОН ЛУГЕТО ОД РФМ, А НЕ КОН НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ КОИ ВЧЕРА СО ШВЕДСКА ИЗЕДОА ЌОТЕК НЕВИДЕН. УНГАРИЈА НЕ ПРОЧИТА ТОЛКУ КВАЛИТЕТНО, А И НЕ ИЗИГРАВМЕ НА НИВО.ТОА Е ШТО Е…ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ И БИДЕТЕ ГОРДИ МАКЕДОНЦИ И ВО ЈУНИ, НАПОЛНЕТЕ ЈА АРЕНАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ЗА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ПЛАСИРААТ НА СВЕТСКО ВО ШПАНИЈА.

    • komitamkd напиша:

      Пријателче, во текстот неколку пати ракометарите се посочени како единствени наши херои, и токму прстот е покажан и кон РФМ и внатрешните битки. Никој никого не навреди, особено не нашите ракометари на кои им благодаривме за трудот. За Кире Лазаров исто нема да трошиме зборови, сепак убаво е да се посочи проблемот и некои работи сега, додека сме во некоја еуфорија одколку понатаму кога ќе дојде баражот со Австрија. Верувајте ќе биде исклучително тешко, тие ја победија Германија во квалификациите за Србија 2012 и во последно коло испуштија пласман.Ние мора да корегираме некои работи……

      • искрен навивач напиша:

        Не се однесува коментарот на авторот на текстот, туку напротив се сложувам со поголем дел од содржината во него. Посочувам кон оние кои настапуваат навредливо кон ракометарите и нашиот капитен…Одиме во јуни во сала да дадеме подршка😉

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s