Пагански цени спроти Христовото раѓање и воскресение(Испости си ја душата ако можеш)

Прими го во себе светото тројство. Отецот ,синот и светиот дух прибери ги во твојата душа со чиста мисла, без нагони и лакомштина, со срце исполнето со љубов, во мир и благосостојба.Но прими го ако можеш!!!

Јас како верник ,а иако не сум премногу исправен верник,  и не сум безгрешен, ами сум понекогаш пакосен, знам да опцујам, да отерам некого у курац, да се служам со цинизам и иронија сепак сакам да застанам во стројот на христијанството и да им одадам почит со сето мое срце на двата празници над празниците. Божиќ и Велигден.

И тогаш можеби Бог ќе ми прости што сум опцул некоја кокошка која не клевети и руга по медиумите, што не можам да го сватам идиотизмот на ,,распеаните скопјани,, што не сум толерантен кон хомосексуалците, што би ги  кастрирал педофилите и би ги фрлил во некоја печка во ,,Мак Стил,,што од дното на душата ги презирам нихилистите и неверниците. Пљукачите на својата земја и нација!Но кој ги ебе нив!

Лани  кога започнаа божиќните пости, застанав пред иконата на Божјата мајка и се зареков дека јас, Кристијан, грешното чедо, ќе се испостам во чест  на Бога. Без алкохол, без мрсна храна, без лоши мисли и нагони, решив во мир и духовен спокој да го дочекам Христовото раѓање.

Воопшто не ми представуваше проблем да се отргнам од храната, алкохолот и другите непотребни задоволства, знаејќи го мотивот поради кое го правам тоа. Не дај боже човек да мора да го прави тоа поради забрана од лекар.

И како врвеше времето и доаѓаше денот на Христовото раѓање, се повеќе на дело излегуваше бедотијата кај дел од мојот народ, кај моите македонци, христијани.Цените на посните јадења добија ценовен шок. Не нормални и вртоглави цени ги беа извадиле профитерите од Христијансиот празник за кои сум сигурен дека нема да се збогатат со вакви цени за ден два. Напротив. Ќе станат уште победни, но во душата и во срцето.

Заминав на зеленото пазарче да купам коштан и орев , нешто без што не смее да личи божиќната трпеза. Едно дебело и неприродно насмеано чиче ми олупета една цена по која добив нагон на гадење од оваа човечка македонска бедотија. Го гледав како голман шо примил гол во финале на Светско првенство  во 93 минута од офсајд.

200 Денари за кило коштан. Го прашав чичево дали е нормален со ценава а тој ми објасни дека коштанот бил од Љубанскиот, демек од најдобриот. Значи јас фино лепо морав од џебот да испразнам 400 денари за две кила коштан, нели сакајќи сепак да си ја почастам душата како што личи после 6 неделен пост.Веднаш го замислив главното мени на некои од нашиве  елитни ресторани. Коштан варен на посебен начин, гарниран со пченка и мелена љушпа од орев.

На еден киоск од спротива забележав надпис! ИМАМЕ ПОСНИ СЕНДВИЧИ. Заминав да прашам за составот на сендвичот и цената, и повторно исто. Една не природно насмена тетка ми вика дека едно сомунче леб, со рендани маслинки и растителен кашкавал чинат 100 денари.100 денари за сув леб, маслинка и растителен кашкавал, но тоа само доколку сакаш да постиш,инаку  никој не те тера со сила нели?

Па со тие пари се купува Шарска плескавица и помфрит бре луѓе. Со тие пари можеш да згнетеш пилеќи стек, со сенф и убаво стомкена нафора. Нејсе….

И упорно во себе се прашувам, дали таа и останатите македонски бедни души(МБД) се збогатија со овие цени спроти нашите најгелеми празници?? А што е со она, празник на солидарноста, празник за сиромашните, празник за еднаквост???

Не можам да поверувам што проклета сорта сме ние македонците кога на ваков празник, наместо да ги срушиме цените, да го отвориме срцето во име на бога и да се радуваме на празникот над празниците, ние мораме да се соочиме со буквален религиски рекет од профитерските настроени бедотии кои трљаат раце поради Бадник само поради цениве шо ќе ни ги опалат, а многу помалку поради раѓањето Христово.

И успеав некако да го задржам нивото, да не си го прекршам постот помислувајќи некоја гадна мисла за овие бедници,  но шлог ме погоди утредена, кога помина Бадник, кога замина Божиќ.

Истиот тој мочан коштан кој јас го платив 200 денари кило сега истиот тој ликсур ми продаваше за 80 денари. Демек бил на попуст. И сега истиот тој бедник, кој некого ускратил со некое килце коштан за најубавата вечера, сега ги дава пошто зашто, бидејќи и он не се опарил, да не речам не успеал да профитира според планот.

Истово дерење на кожата, истиот религиски рекет го имаме сега и пред велигденскиве празници. Христовото воскресение ќе го чекаме со два пати покачени цени на јајцата. А јајцето, симболот на раѓањето на животот, симболот на Велигден, сакал или нејќел мораш да си го приуштиш. Е токму тука, играјќи на нашата љубов кон верата, овие бедотии повторно стапуваат на сцена. Јајцата поскапеа вртоглаво, некои дури и одкупија голема колчина на јајца по пониска цена, која потоа ќе ни ја расплампат, лицемерно ќе ни ја тупосаат пред Велигден.

Епа господа, сортата наша е таква каква што е. Таа си останува ниска и бедна, баш поради оваа работа.

Кога муслиманите го колат својот курбан не прашуваат за цена, нити па  кој колку пари  дал. Ако сакаш да го пробаш курбанот само треба да ја подадеш чинијата а несебичната рака на верникот да те удостои, во име на празникот, во име на Бога нели?

Но што удостојуваме ние македонците-христијани??? На кого му одаваме чест кога Велигден и Божик ни се празници за да ги дигнеме цените на храната  до небо, да заработиме некоја пара, и уште повеќе  да го истенчиме џебот на сиромавиот верник. Го заборавивте ли начелото на Христијанството, начелото на хуманост, љубов и солидарност?

И не ме чуди што нашава вера се почесто ќе ја крчмат душмани и тирани како Вранишковски, ќе никнуваат нови цркви на прасовлавните заедници, некои си ,,Чисти Крстови,, и не знам кои, затоа што ние дефинитивно се одтргаме, се одродуваме од нашата вера, заборавајќи го љубењето на бога. Зашто го правиме тоа и која е целата причина сите ние да се наречеме Христијанско семејство? А вака дефинитивно не сме. Вака ќе се срамиме да се погледнеме во очи, наместо да си честитаме празник и да си посакаме среќа и здравје. Не знам за останатите, но мене, ниту Бадник, ниту Велигден не сакам да ме подсетуваат на луксуз, ами на одрекување, на скромност и благодарност…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Пагански цени спроти Христовото раѓање и воскресение(Испости си ја душата ако можеш)

  1. velichkoff напиша:

    Прекрасен текст, што треба да не натера да се замислиме на каде одиме и до каде ќе стасаме… Секоја чест!!!

  2. JADRANKA напиша:

    SEKOJA CEST ZA TEKSTOT KIKO! DALI KE SE OBOGATAT ,DALI KE SE NASITAT AKO ZA VELIGDEN GI KRENAT CENITE,A GI SLUSAM KAKO PLUKAAT PO NASITE VODACI VO DRZAVATA-PA ONI BI BILE USTE POLOSI DA SE NA NIVNO MESTO,KOGA ZA EDEN HRISTIJANSKI PRAZNIK NEZNAAT DA BIDAT BAREM REALNI SO CENITE ,ZA DA MOZE SEKOJA DUSA DA SI NAPRAVI MALA SVECENOST.SEKOJ SAKA NA MASATA DA GI VIDI SVOITE NAJBLISKI ,DA ZGOTVI UBAVI JADENJA…..SRAMOTA ZA ONIE KOI ZA MALA CENA SE PRODAVAAT.NO ZA SAMO 30 SREBRENICI GO PREDADOA ISUS HRISTOS,TOGAS I SEGA ZA MENE SE TIE PRAZNI DUSI…NO KE SE SNAJDE MAKEDONSKATA ZENA I SEPAK KE JA NAPOLNI TRPEZATA -A ZNAES SO STO ? SO SAKANITE ,A OD TAA HRANA NEMA POUBAVA ,DA BIDES VO BLIZINA SO SAKANITE PA NEKA IMA I SAMO SOL NA TRPEZATA!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s