Фашизмот во 21 век(геноцид за едно име и идентитет)

Еве го и тој НАТО самит во Чикаго полека доаѓа на агендата. Самит кој за нас и нема посебно значење ако се знaе дека Македонија нема да биде ни на точка разно. А причината ја знаеме сите. Нашите ,,пријатели” и докажани демократи, љубители на човековите права и на слободното самопределување ни поставија мал услов. А кој е тој услов, прашува Пемба???? Да им дадеме на европјаниве нешто за успомен и дуго сечање. Нашето име, нашиот скалп, Нашата единствена причина поради и која би влегле таму, Македонија.
Со денови со ,месеци па и години сме сведоци на една лицемерна подршка во врска со нашето интегрирање во овие две институции. Во нашата земја се изнаредија гости од странство, со разни подароци и лицемерни насмевки, пробувајќи и понатаму да не убедат дека проблемот е кај нас. Дека ние, а не Грција си има прооблем со името Македонија. За какви човекови права  сакаат да разговараат овие господа кога тие го рушат моето прво и елемeнтарно човеково право. Да се изразам онака како што се чуствувам. Впрочем затоа тие  и го победија Хитлер нели? Иако дури ни Хитлер никому не му забранил да се декларира онака како што се чуствува нели. Тоа е едно, а гасните комори се нешто сосема друго. За какво меѓународно право сакаат да разговараат овие господа кога не ги почитуваат своите судски тела?
Србија и Хрватска со години не можеа ни да спомнат а камо ли да почнат некој дијалог со ЕУ и НАТО поради спроведувањето или неспроведувањето на соработката со судот во Хаг. Бараа од нив по голубарници и кокошарници да ги најдат типчињата кои се за истрага у Хаг како главен услов за почеток на дијалог и предпристапни преговори. Србите си го дадоа Младиќ, Милошевиќ, Караџиќ, Хрватите ,Готовина, а косоварите добија слободњачко. Нивниве обвинети  да се бранат од слобода пошо на Косово не може никој да влијае на сведоци нели?Таму ,,владеат” права и закони многу посовремени  одколку во  Србија и Хрватска нели?
Но да се вратиме кај нашиот случај. Македонија во спорот со Грција ,пред меѓународниот суд во Хаг доби Хашка тапија  црно на бело дека Грциве не законски, не дозволено, не европски ни опнале вето у Романија. И наместо по автоматизам ние да станеме полноправни членки на НАТО , како земја која многу активно учествува во меѓународните воени мисии, сведоци сме на нови епизоди лакрдии , лицемерие и европска непринципиелност. И понатаму, притисокот е насочен кон Македонија наместо кон осудената и  докажано кривата страна. Како сега Европа , ООН, и сите оние кои го поставија почитувањето на Хашкиот суд како предуслов за евро-интегрирање, ќе ни го  објаснат нам нивното непочитуање на нивнот судско  тело?
Грција во залог го стави интегрирањето на цел регион во залог поради своите лични интереси. Македонија не може, и нема де факто да биде членка на ЕУ и НАТО додека ние не одбереме име кое ќе и биде по ќејф на Грција. Тезата за распад на оваа држава, или за евентуално цунами во Егејот се премногу оптимистички па изборот за морковот или стапот, за магарето и змијата го имаме на тацна.
А овие пешкириве од југ, докажаните светски миленичиња кои бесрамно ги лажеа и крадеа своите европски партнери, и ги натераа сега да р’мбаат за нив, сега пак  ги принудија своите партнери да ги прескокнат и да се оглушат на   судските инстанци во кои педериве од југ се со тапија  осудени.Какво фајде за нас што правдата е на  наша страна кога неа нема кој да ја спроведе. Правдата се блокира од највисоките инстанци. Еу и НАТО.

Но дали ние може да очекуваме принципиелност од организација која во изминативе 20 тина години практикува непринципиелност и двојни стандарди? Сеуште се свежи сеќавањата кога Натовциве ги ,,спасуваа” либијците од крвникот Гадафи. А овие ,,жртвиве” на Гадафи, условно кажано еве денес одкако дојдоа на власт во Либија го продолжуваат крвопролевањето и теророт. Истите оние кои му пикаа стап во газот на ,,лошиот” Гадафи убиваат цивили, силуваат и  шират хаос. Но добро, тие се другарчиња на НАТО, а тоа што главната поента не е исполнета, воведување на  ред и мир во Либија и не е многу важно.
Истото тоа Нато  сега  се оглушува на вршењето геноцид, и класичен терор над цивилно население во Сирија. Властите на Дамаск испотепаа 10 пати повеќе народ од Гадафи но тоа не беше доволно за ,,принципиелното” НАТО да интервенира.
Треба ли да се подсетиме кога на крајот на минатиот век, истото тоа НАТО, без одлука на Советот за безбедност на ООН,  не законски и споритвно на начелата на ООН започна воена кампања над СРЈ. Во срцето на Европа.
Значи оние кој нас не тераат да го смениме своето име, да се одкажеме од се, и како аморфна маса да влеземе во тоа бандитско друштво исклучиво се водат од своите интереси и од политичките глобални шеми кои тие си ги имаат зацртано. Во каква ли сме шема ние влезени кога не пуштаат да влеземе  во НАТО  ама без македонски префикс? И која е следната нивна постапка доколку тоа го одбиеме, а е логично и природно? Која е поентата да даваме војници во нивните валкани борби за хероинските полиња по Авганистан,  кога повторно сме надвор од друштвото иако многу, дури и повеќе активни од некои нивни членки кои сега не блокираат поради тоа што ние си го љубиме името.
За крај да резимираме. Никој на никому нема да му замери ако утре прекинат понижувачките преговори за името.Таква ретардирана причина за нечеие блокирање како име и идентитет не може и не смее да биде ни во умот на најрадикалните ултра-фашисти.Нема никој да замери ако нашите воопшто не испратата ни делегација во Чикаго. Така барем подостоинствено и од попристојана далечина ќе ја следиме најновата нивна лакрдија, наречена НАТО САМИТ Чикаго,2012…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s