Жигосувањето на измислените ,,бугари”

Сеуште е свежа историјата, онаа поновата македонска во која жртви беа млади Mакедонци кои не се согласуваа со режимот на комунистичкото уредување, со курназите на Удба кој го маваа камшикот на непокорниот Mакедонец. Оние серковци кои вадеа деца од матурска прослава, ги дигаа на клоци таму накај Бугарската граница, ладнокрвно ги стрелаа и ги пресоблакаа во бугарски униформи представувајќи ги како бугарски платеници и шпиони.

Пред некој ден, на официјалната страна на еден наш познат новинар  се разви една дебата околу наименувањето на новите скопски улици. Еден талентиран мутант чие име не го памтам извади една идиотска теза   како тоа  ние Mакедонците сме смееле  да ставаме улици на докажани бугари како Тодор Александров, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и многу други. Еден ркулец, една комуњарска врхушка почна повторно да рти и да ги именува како Бугари сите оние кои не размислуваат како протагонистите на УДБА и Белград.

Меѓутоа не би бил тоа јас, па да не го оправдам составот на спермата која ме зачнала и да не им плеснам у фаца на тие  неупатени, на тие заблудени чеда кои си го ограничиле хоризонтот на видното поле, стеснувајќи го  до одредени децимали на преглед, притоа селективно бирајќи ги своите душмани и своите херои. Вадејќи им докази за патриотизмот на овие таканаречени бугари, со фотографии од гробот на нашиот великан Тодор Александров каде е испишан надпис во кој јасно  стои дека  овој револуционер загинал за Обединета и Независна Македонија.

Заблудените чеда се побунија зашто надписот бил со демек бугарски букви, не знаејќи дека се до 1945 година Македонецот  се изразувал и пишувал на тоа негово вековно слово кое од само причини познати на УДБА, и Белград некој се дрзна да го промени, наметнувајќи му нова азбука. Па така се погоди ова денешново наше писмо да се коси со писмото на кое е напишан на пример Крушевскиот Манифест, делата на Миладиновци, на Прличев и Цепенков, и на многу други, давајќи го на тацна тоа писмо на Бугарите како Бугарско а представувајќи не нас Македонците како паднати од Марс, или зачнати од Удбашки кур таму некаде околу 1945 година.Класичен тивок фашизам!

 Па околу ова мое излагање, од страна  на  новинарот кој сака многу да гаѓа ,,Во Центар,, бев обвинет дека ширам нео-врховизам, дека сум бугарофил и фашист иако предходно им дадов еден класичен пример на фашистичко обезличување на Македонецот во примерот со азбуката и презимињата на кои им се додавани додавки (ски или иќ). Не сакајќи да навредам никого, решив да се пуштам во дебата со овие заблудени чеда со цел малку потрезвено да и погледнат на вистината.

Без агресивно убедување, како што тоа некој го правеше 50 тина години, без перење мозок пробав да ја објаснам големината на овие македонски синови. Да, некој рече дека тие   се залагале за федерација со Бугарија, дека нив ги славеле Бугарите и поради тоа ние не сме смееле да ги славиме, дека тие работеле за Софија и многу други причини поради кои ние треба овие ликови да ги одфрлиме.

Но добро.Ако се водиме по овие нивни тези, тогаш веднаш ќе треба да се откажеме и од Климент Охридски, од Гоце Делчев и Јане Сандански затоа што и овие големци се многу ценети и возвишени во Бугарија нели?

 Како големиве ,,Македонци,, ќе ни објаснат на нас продадените ,,Бугари,,дека е патриотизам дел од Македонија (Вардарска) да ја обединиш кон некоја друга држава, во случајот СФРЈ, а невидено предавство борбата на Александров, Сарафов, и многу други да ја обединат Македонија во своите природни граници и да ја внесат во некоја си конфедерација со Бугарија???Значи овие кои го направија тоа со Вардарска Македонија, внесувајќи ја во федерација со СФРЈ се големи патритои и големи Македонци ,  а овие другите кои се бореле за  обединета и цела Македонијапа макар и  во некаков лабав сојуз со Бугарија се предавници и бараби??? Хм,чудно…..Нешто тука не ми е логично. Но логично ми е и тоа  како  во тоа време на Македонецот да му е  забрането да учи за Владо Черноземски, атентаторот на кралот Караџорѓевиќ, или за големите идеи на Ченто, за саможртвувањето на младата тетовчанка Мара Бунева убивајќи го српскиот крвник на скопските студенти, џандарот Прелиќ. Мене ми е логично на Македонецот да му се забрани да учи и сонува за својата Македонија во природните граници, и да ги етикетира за домашни непријатели сите оние кои се противеле на седнувањет во српскиот скут и за сепарација на Вардарска Македонија од својата македонска срцевина.

На овој македонски народ, на оваа наша земја не и се потребни нови етикетирања и делби на Срби и Бугари. Историјата е таква каква што е и таа треба да биде македонска и обединувачка, без разлика дали станува збор за периодот на НОБ или Илиндеснкиот период и многу пред тоа. Јас ги ценам заслугите на моите дедовци во НОБ за ослобдодување на Македонија иако влегле во една идеолошка погрешна држава каде Македонецот 5 децении беше обезличуван, негиран. Држава каде Македонецот стана Македонче.

Цели 50 Години ние не смеевме да го спомнеме Ченто, несмеевме да  знаеме каде  се коските на Брашнаров, да го смениме рељефот на Голи Оток, да не лажат 50 години дека Триглав е повисок од Кораб, да плаќаме за болници и медицински центри во Љубљана и Белград, да не учат на братство и единство со Балистите кои ја свртеа пушката кон Македонците заедно со окупаторот при тоа истите да добијат подобар третман од многу наши македонски синови кои своите коски ги оставија по ладните зандани  за Македонија .

И добро, дебати имало и ќе има. На етикетирањата нема да возвратам со етикети. Нема овие кои ме прогласија за ,,Бугар,, да ги наречам Србо-четничиња. За мене ќе останат во најблага форма кажано, не упатени и заблудени. Цела среќа, и на голема радост што се поголем број Македонци го отвараат срцето за своите големци како Тодор Александров, Васил Чакаларов, Борис Сарафов, Мара Бунева и многу други. Ние тоа им го должиме на нив. Да ги ставиме во ист ред со Гоце, со Дамјан, со Кузман Јосифовски Питу, со Рацин , со бранителите од 2001 и со стотици знајни и не знајни. Затоа што сите тие, својата младост и својата крв ја положија за нашата света и библиска Македонија. На оние злобниците, кои се болни од фрстрации на ниска вредност ќе им ги оставиме нивните стрелички да не етикетираат, нека не маркираат. Не свесно, не знаејќи дека полека самите ќе влезат во еден црвен круг од каде што никој нема да може да ги извади.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

6 Responses to Жигосувањето на измислените ,,бугари”

  1. Blaze Angelovski напиша:

    кАКО НЕ СЕ РОДИ ЕДЕН ОД МАЈКА РОДЕН МАКЕДОНЕЦ НАЛИК НА РАДОЕ ДОМАНОВИЌ (да напише нешто), ИЛИ ПАК НЕКОЈ БУГАРСКИ ЦАРИНИК КОЈ КОГА ЌЕ ВЛЕГУВАМЕ ВО БУГАРИЈА ДА НИ УДИРА ПЕЧАТ НА ЧЕЛОТО!!!

    • komitamkd напиша:

      А замисли да маваат на чело печат за влегување и излегување во Србија? На што ли ќе личиме тогаш?? На многу македонци србоманството им е изворна енергија..лечење на компелскот на ниска вредност. Па ќе навиваат за Ноле, ќе пукаат петарди ако Србија тепа фудбал и ќе слушаат турбофолк…..Македонија им е далеку од срцето…..

      • BLA напиша:

        Vo makedonskata istoria postoat mogu falsifikacii…vistinata e edna dobredi 1945 slovenskoto naselenie se chuvstvuvashe kako bugarsko ,makedonec beshe geografsko poniatie, istoto kako dobrudjanec, (bugarin jiveesh vo dobrudja)….site geroi i prerodbenici nasekade se pisheli bugarin ili makedonski bugarin …ideiata za samostojna i nezavisna makedonia se rajda koga se vidi deka nikoj ot velikite sili nema da dozvoli golema (velika) Bugaria koia ke bide prav sauznik na Rusia ,bidejki blizka po rod i ezik so rusite….
        Udba i Tito izmislia deneshnata makedoniska istoria za da bide Makedonia chast ot Ugoslavia ,demek da si e okupirana ot srbite …..te ova e vistinata …..vistinata izliza na iave vo fyrom…..

  2. komitamkd напиша:

    Ти го одобрив коментарот за да видат сите колку си заблуден и контрадикторен…Зашто нарекуваш ФИРОМ ако ја сметаш Македонија за ваш регион? Тито е најголем крбник на македонската кауза, тој ја закопа идејата за Обединета Македонија…Прашањето околу Македонија е класична битка на Пан Словенизмот и Хеленизмот….чива е Македонија. Одговорот лежи во депортацијата на скоро еден милион словенско население од денешната (грчка провинција) Македонија, и во промената на топонимите на Солун, Лерин, Воден и Кукуш….Тој регион не бил никогаш Грчки и тие до 1990 не го ни нарекуваа тој регион Македонија…Затоа името ФИРОМ е еден печат на сите грчки лаги…сите знаат кој е најголем лажов и ајдук во светот…. поздрав обаче

    • ГОЦЕ АНГЕЛОВ напиша:

      ФИРОМ НЕМА ИМА ФИРО МАКЕДОНИЈА НО ЗЛОБНИЦИТЕ ТАКА САКААТ ПОГРДНО ДА НЕ НАРЕКУВААТ И ПОРАНО ПОГРДНО НАРЕКУВАА КАКО СРБИ БУГАРИ НЕ НЕ ПОЧИТУВАА НЕ ВРЕЧАА СО НИВНИТЕ ГРДИ ИМИЊА НО НИЕ ПАК НЕ ИМ СЕ ЛУТИМЕ ТОЛКАВ ИМ Е КАПАЦИТЕТОТ НЕ ЗНААТ ДА ПОЧИТУВААТ ДРУГ ПОИНАКОВ ОД НИВ СО МНОГУ ПОГОЛЕМИ КВАЛИТЕТИ И ПОРАЗЛИЧНИ КАКО ШТО СМЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ !!!

  3. Ljupco Mircevski-Trepet напиша:

    NEW MACEDONIAN BOOK 2012: From the author Ljupco Mircevski-Trepet MY FIGHT FOR MACEDONIA!

    Please visit my web site: http://www.myfightformacedonia.com

    НОВА МАКЕДОНСКА КНИГА 2012: Од Авторот Љупчо Мирчевски-Трепет МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА!

    Ве молам посетете ја мојата веб страница: http://www.myfightformacedonia.com

    http://sv-se.facebook.com/people/Ljupco-Mircevski-Trepet/100000849458261
    Best regards
    Ljupco Mircevski-Trepet

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s