Во своја димензија

Дојде дома со желба дека ќе се засолни од надворешните влијанија. Луѓе,сообраќај,метеж,муабети,урликање,кучиња,мачки,попуштени гуртни на автобусите у градски..Едноставно се преку кур му се накачи тој ден.  Влезе  во својата соба,извади залиха од кесичката со зелена татковинска трева од струмичкиот крај, ја замота во дупла ризла, ја излигави со јазикот и беше готова во неговите дланки. Лакомо и желно да ја испуши. Да ги затвори виугите со неа, да премине на хибернација и на релаксиарно дишење. Запали, повлече и му се навали на креветот седејќи на подот. Со секој дим го осеќаше звукот како се пригушува во него. Надворешните крици  му станаа далечни,а на неговите половни  звучки одеше Транс музика пуштена на тивок тон со желба уште повеќе да се намали во неговиот мозок. Сакаше да вози по надолна пруга, без никакви препреки,не сакаше да се секира дали ќе налета на остра кривина, изместена пруга или било каква препрека .Сакаше да вози надоле влегувајќи и излегувајќи во тунелите.А во неговиот воз  никој друг, освен него. .Тој  и еден зелен гуштер кој што се пикнал во вагонот помеѓу старите даски, го гледаше со скаменет поглед вадејќи го расцветаниот јазик надвор. Му завидувше на убавиот  гуштерски јазик .Посака  и тој  да има таков.

Осети јадеж во носот,силно се почеша и одеднаш го одкорна соларна топлина, како да се одвои дел од сонцето и се залепи силно на неговото лице.Му потекоа очите од жештина, воздухот го снема па го отвори прозорецот од неговиот расклатен вагон. А надвор…..од надвор идеше чад на запалена трева.

Гореа стрмништа, ѓубре,и секакви гомна. А тој  се бореше за воздух со мал напад на паника влезе во купатилото каде го  пречека скршено огледало и лавабо со повраќаници, улошки со менструација и полни куртони. Се погледна во скршеното огледало и во него ликот му се пристори  на распрнста ѕвезда. Од очите се уште  му излегуваше по некој сончев пламен но полека почна и тој да заоѓа. Почна да му се заоблачува видот а вдишувањето и издишувањето да стануваат се пократки. Одеднаш во устата почна да џвака тесто со горчлив вкус. Посака  да го плукне  но се лепеше во  неговата сува образна шуплина. Излезе од купатилото а возот пичеше во се поголема брзина. Одеднаш ја погледна сината ламба во неговата соба. Возот го снема. Го слушаше  само лупањето на шините а возот го снема во далечината. Го изгуби. Беше пребрз за него .Сината светлина на ламбата почна да ја менува својата форма.Се рашири кон него  и целосно го голтна .Не знаеше ни самиот што ли јадел оној  анимиран лик од детските видео игри Супер Марио,но сите печурки што ги голтнал не го траснформирале толку во психата како него што го   направи  неговиот  воз.

Замаглена ламба,густо тесто во неговата  уста, и облак во неговите очи. Гуштерот од возот беше во неговата  соба. Седеше на перницата под сината ламба. А перницата?? Поудобна,помека перница  и да немаше  сретнато во животот. Легна на грб до својот зелен гуштер и тонеше во тивката транс музика.

Заборави на целото свое опкружување, го болеше курот за сите збуднувања околу него. Беше ставен целосно во лер. Како некое возно тело пуштено по удолница без кочници кое може да летне уште на првата кривина. Беше целосно мирен. Во неговата олабавена психа речиси и да немаше битки. А и да имаше сите беа со исход 0-0. Телефонскиот предплатник моментално е недостапен,предплатникот е предодреден на хибернација и психичка нирвана. Го возеше своето кајче по бескран океан без ниту еден бран.

Влезе во купатилото, запали светло и во огледалото го виде својот потемнет лик. Празен  во погледот, со душевна  левицатија гравитираше одлепен од земјата неколку сантиметри. А проклетата гравитација му беше единствен непријател во намерата да летне во просторот и да се изгуби без димензија и форма.Човекот тој ден беше предодреден само длабоко да вдиши и издиши,да се насмее на таа забегана фаца во огледалото,да го исплази сувиот јазик и да се напие вода чешмата со попуштени гумички. Човекот тој ден беше предодреден да се претвори во пичкин дим, залепен на бркот на некој испотен пичколижач. Човекот се претвори во дежурен безгрижник.

А остатокот на светот е една тешка багра која и самата не знае што глуми. Луѓето се расипани, и не сакаат да мислат на своите животи. Живеат во туѓите, а во сопствените горат, Луѓе без големи амбиции, задоволни со малку, зацементирани вечно на долните позиции.

Човек може да се глупира, да се бламира, но нема критика меродавна.Се е е сведено на приклонување кон моќните елити. Луѓето сакаат да бидат лицемерни, да ги тапкаат гомнарите по рамо, да се сликаат со буџите од горните слоеви и да се пофалат со тоа. А човекот од нашиов расказ, единствено сака да потоне во својот мир, во духовен контакт со неговиот зелен гуштер, навален на плочките во купатилото, со запалена цигара  во устата и голем неистресен пепел……

Човекот е претворен во сончев зрак кој полека заоѓа позади западната падина и која набрзо ќе ја голтне мрак……сон……..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s