Шести век турско ропство

Медиумски крах. Од 07 часот изутрина, па се до 22 часот низ етеров на нашиве ТВ станици дефилират некои нови јунаци, некои нови мангупи. Сулејмани, Ибрахими, Саваши, Клешти и разно разни типчиња додетарани у скупи одела и дебели прстени на руките. Ах дедовциве ни играaт ,,Брејк Денс” во гробниците а еден куп револуционери ни црвенеат по музеите. Ништо чудно ако со ова темпо Гоце и Даме паднат од коњите на плоштад. Џабе Цвета ја браневме со вили и секири од бегот што ја граби,кога денес херои ни се Полат, Саваш, Мемати , Султанот и многу други. Упорно чекав некој да реагира на ова медиумско и кичерајско насилие но  тоа сеуште не се случува. Канал 5 Телевизија а и многу други, како национални сервиси на граѓаните буквално се претворија во турски продукциски куќи во кои во секој момент се вртат околу десетина турски серии кои редовно се пополнуваат со нови при завршеток на некоја предходна . Па нашиве актери, Рубенс Муратовски Бранко Ѓорчев, Владо Јовановски, Биљана Беличанец, и многу други наместо да снимаат наши драми, нови македонски ТВ серии, македонски филмови се претворија во Езели, Ибрахими, Султани и Султанки.И зачудува фактот,кога не само на Канал 5, туку и на останатите ТВ канали дефилират во секој момент триесетина ТВ серии од турската продукција. Детските ТВ серии јавните дебати, отворените спортски студија, студенстките форуми, музичките колажи, документарците од нашата славна историја (исклучок е државната телевизија) речиси и да исчезнаа.Дали се тие скапи за емитување или пак  овие шлаканици што ни ги емитуваат се многу ефтини.
Децава наши ги заменија урбаните македонски херои со некои си битпазарски сурати ко Али Клешта, со некои оделосани убијци како Полат, Мемати ,со некои си дворски дами како Хурем и Махидевран, со некои шмекери како Саваш и Eзел и разно разни. Дечињата си ги бараат назад Сунгерот Боб, Гарфилд, Том и Џери.Не само што нив ги снема, туку едноставно секој слободен медиумски простор се пополнува со нови и нови турски ТВ серии.А која е функцијата на советот за радиодифузија? Дали некој ја запазува програмската шема на овие ТВ куќи. Дали е некој веќе свесен дека 90 % од времето во кое се емитува ТВ програма се одвоени за нови епизоди или репризи на споменатите серии??? И конечно, ќе стави ли некој крај на ова агресивно наметнување на нечија култура,на нечија традиција и навики. Никој нема против да се емитуваат и странски Тв програми, но ве молам дајте некое шаренило. Со која лудост се прикажуваат наново оние серии кои веќе завршиле и кои го испрале мозокот на голем дел од народот? Кажете ми мене, јас не гледам, дали имаме медиум во кој се прокламира македонската музика, македонскиот филм, македонскиот спорт, нашите актери. Дали имаме емисии од културата, за нашата историја, и каде се старите но историски хитови од тетарските представи. Со што се едуцира младиот човек во оваа земја???
Вака денот од сабајле наместо со цртан филм за најмилите започнува со турски филм. Веднаш по него следуваат репризите од епизодите кои се давале предходната ноќ, потоа се продолжува со нови репризи од веќе некои завршени ТВ серии за вечерта да биде резервирана за новите епизоди, кој задолжително ќе се репризираат наредното утро. Некој толку се засекирал да не се пропушти некоја епизода што ќе помислам дека гледањето на епизодите е од нужно значење на живот и смрт.По константно конзумирање на Истанбулски фолови човек добива симптоми на Оток-Теститис Не е важно што почнавме да навиваме за турците во битките со Христијаните, не е битно што утринското кафе можеби ќе го замениме  со руски чај, и што жениве ќе почнат да ни кенкаат за златен накит.Она што е исклучително важно и опасно е што се инсталира еден вид на културна пасивност во создавањето и творењето на наши македонски филмски проекти. Нашиве глумци се веќе зафатени со по 10 тина  серии во просек, Нивните гласови ги слушаме во 20 тина ликови па така нивните физономии веќе почнуваат да бледееат, а кога ќе ги слушнеме нивните гласови пред очи ни излегува Султанот Сулејман, Полат, Али Клештата Зумбуљ Ага и многу други.
Турците во Македонија влегоа во економијата на голема врата и од тоа нема и некој проблем.Слободен и отворен пазар. Влегуваат наголемо  и во филската индустрија.
Но на што ќе се сведе нашиот културен идентитет ако на една телевизија гледаме партизани и германци,а на друга аги и бегови???

Па луѓе,нашите урбани легенди како Илко…Илија, чичко Кумплунг од Саноуништување, Пиги и Бугер од Среќна нова 49 та и многу други, сеуште се штосни низ кулоарите. Сеуште нивните реплики ѕвонат во нашето опружување.Дали ниската цена на турските тв серии е профит за нас, ако на сметка на тоа се гасне нашата филска, тетарска индустрија. Извадете ги нашите глумци од синхронизација и пратете ги пред ТВ камерите, каде што им е и местото, а за синхронизирање ликови, имате студенти и млади таленти кои допрва треба да се калат и пронаоѓаат.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

7 Responses to Шести век турско ропство

  1. BRANITEL напиша:

    drugar nasata generacija ucese za istorijata na toa tursko vreme”ropstvo” sega vo skolite im davaat za domasna da pisuvaat za dolina na volcite,pismeni temi praat na turski serii….
    istorijata Makedonska zgasna ,pocna da se izucuva turskata istorija :((
    za seto toa licno gi obvinuvam mediumite,imaat odvrzani race,i za sitni pari ne se svesni kolku i stetat na drzavata :((((((( — ali sto e najtragicno i onie sto se smetaat za makedonci ne se svesni za seto toa-pozzz

  2. Safra напиша:

    Бате Кико, дај бе оди прво измочај се… извини Пума ама морално беше вака да почнан. за моја среќа што живеам во странство сум комплетно изолиран од новосоздадената окупација наречена тирски серии. но тоа не значи и дека целосно сум неинформиран што се случува. ќе ти напоменам некои работи што јас сум ги увидел а што не си ги спомнал ти но поќето се веќе напишани во готенаведениот текст како на пр. дека османлиите одеднаш се симпатични и нашите домаќинки и децава почнуваат за нив да навиваат додека нашите дедовци си играат хилихоптери и пропељери во гробовите. сакав да кажам со колку ситни финти се служат ТВ уредниците се разбира со предходна наредба од оние што го диктираат светот, а тоа се се разбира – големите глобални компании. на домаќинкава (како најзаразен сегмен во опшеството) и ја најавуваат серијата во 16:00 а и почнува во 16:20. тие 20 минути се за неа најдолгите минути во животот но сепак чекајќи да почне потсвесно и ги тураат во мозок потребните реклами. врти сучи пак се работи за потрошувачката кошничка. и друг најбитен спореден момент е што кога има лига на шампиони, врвот во спортот или што би рекле овие … величенствениот од спортските активности, можеби малкот и скријан талент Пандев или Меси а можеби и Роналдо седи дома и е изложен на клетвите кои ги упатува мајка му кон ТВ приемникот зошто таа сега морала да гледа 22ца будали ккако трчаат по топката кога можела да си го гледа султанот. на нашиот мал талент од љубов спрема мајка му му се раѓа одбивност спрема фудбалот за на крајот заврши, не чичко Кимплуг неее,… само што тогаш е веќе понеделник само што ти не излегуваш😉

  3. velichkoff напиша:

    Топ текст!!!

  4. Joco напиша:

    Кажете ми мене, јас не гледам, дали имаме медиум во кој се прокламира македонската музика, македонскиот филм, македонскиот спорт, нашите актери. Дали имаме емисии од културата, за нашата историја, и каде се старите но историски хитови од тетарските представи. Со што се едуцира младиот човек во оваа земја???

    Одговор: ТВ Сонце !!!🙂

  5. komitamkd напиша:

    Фала ти Јоцо, сега ми олесна и тоа како🙂

  6. Бојан напиша:

    е јоцо само што ТВ Сонце е кабелска телевизија и не секој ја фаќа таа телевизија. остатокот е подложен на перењето на мозокот од овој шунд заради кој од септември нема кај да има да се гледа елитен фудбал како шпанската Примера Лигата на шампионите Лига Европа а прашање е и Италијанската Серија А дали ќе продолжи на Телма. тоа меѓу другото. Треба да се донесе закон за радиодифузија според кој само 10-15 % од програмската шема да биде пополнет со овие шундови а остатокот со филмови серии и разно разни програмски шоуа како Ѕвон како и театарски претстави од домашно македонско производство како и филмови од холивудска продукција

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s