Марш на мирот….(Македонска пародија 2 дел)

И да.Навистина убав настан нели? Со ваков наслов и каков би можел да биде? После двонеделното кршење глави, користење на боксери ,безбол палици, метални шипки и ножеви, еве сега некој ќе маршира против националистите. Ќе  побара заедништво, ќе побара толеранција.Кога ќе ги видам сите оние хипици, кои својата национална кауза ја фрлаат во замана за едно глобално светско движење веднаш ми доаѓа на ум една мисла. Еј, па ние живееме на балканот! Па колку вакви движења можат да поминат во едно лудо опкружување каде од сите страни националистите ја оштрат секирата над македонецот?  А македонецот не би бил тоа што е , и она кое поради е доведен до овој степен, па со полна уста, окезени од уво до уво ќе го рекламираме овој марш на македонски и на албански јазик. Хм…Колку лесно овој народ си ги голта камењата кој некој ни ги натури. Една двојазичност стекната по ненормален пат, по пат на сила и тероризам еве денес хипиците од главниот град ќе ја пуштат како гулаб на мирот. Но дали е тоа гулаб на мирот, или уште еден степен подоле под калта? Каде отиде оваа моја држава, и дали е веќе моја? Можам да кажам, таа сечија само не македонска. Еден куп интелектуалци, познати фаци, рокери, глумци, кремци разно разни изломотија една двојазична реклама на нешто што треба да биде марш за мир.
А знае ли некој дека токму таа двојазичност, токму таа полазирација во општеството не доведе до ова дереџе очи да не си гледаме, муабет да не свртиме на улица, ние да живееме во еден крај другите во друг крај, Таа поларизација направи македонците да одат прва смена на училиште, албанците втора, едните да учат во една зграда а другите во друга…а зашто??? Епа баш поради таа двојазичнност која ние толку имбецилно си ја проголтавме како нормална. Иако беше наметната по пат на сила, иако за неа говоревме се најлошо, дека е ушпе еден чекор напред кон дезинтегрирање на ова општество
Вакви паради не можам да видам во соседтсвото, ваквите паради никој не му ги преведува на македонецот со полна уста лицемерие и насмевки. Со полна доза на глумење лудило.

И нема да згрешам дека парада на мирот во оваа земја ќе има само кога сите во оваа земја ќе застанат под македонското знаме и ќе повикаат на единство и унитарност на оваа земја, без поларизирање на териториите и етикетирање на наши и ваши. Така функционираше СФРЈ господа интелектуалци па видовте каде заврши. Многу лесно ја голтнавте и оваа лицемерна замка која ни ја сервираше некој по пат на сила. Многу лесно сето ова овде вас ви стана нормално а не е.
На балканот и гркот, и србинот и албанецот и бугаринот имаат своја национална држава. Не дека таму нема малцинства, не дека ние сме единствена земја со малцинства. Ние сме единствените во оваа ситуација кои сакаме да бидеме поголеми албанци од албанците, единствените кои ја ставаме главата во песок и се праиме како паднати од друга планета.
Ете, сонцето и убавото време се наклонети на овој марш. Сите ќе продефилираат низ главниов град и ќе ни пратат некоја порака двојазична, иако таа нема да ја разберат сите, ќе биде и она што всушност е. Уште една лакрдија која ќе издими во етерот. После тој марш , сите ќе се затвориме во своите кругови.

Јас нема да присутвувам на овој марш за мир па колку и да сум против на насилствата кои се случија изминативе денови.Нема да присуствувам затоа што тоа е уште една фарса која веќе утре ќе биде минато и свршено време. Веќе уште утре секој ќе се подели на веќе зацртаните територии кои македонецот ги обележа со црвен маркер правејќи се премногу совесен, и глумејќи лудило. Некој си ја оствари целта, овој двојазичен марш е уште еден горчлив доказ на сето тоа. Не знам само како вие дозволивте, и како можевте да бидете дел од овој циркуз. Заборавивте на македонштината, на нашата премногу делена мајка која и понатаму се дели со полни усти насмевки и доблесни  тапкања по рамо.
Македонија е двојна, и не гледам веќе начин таа да се врати во сопственост на македонецот. Македонецот е зафатен со хипички револуции додека некој се вкопува во рововите и го чисти нишаност за наш одстрел…….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

3 Responses to Марш на мирот….(Македонска пародија 2 дел)

  1. BRANITEL напиша:

    Tekstot e cista vistina ,mi se dopaga i ke recam BRAVO za toj sto go napisal.
    Posebno mi se dopadna recenicata ” Makedonija e secija samo ne Makedonska”
    Dodeka nekoj se bori za nea,nekoj ja predava za sitni pari,da ne spomnuvam i za mizernite makedonki nasi sto glumat postenost,a se utepaa ebavajki so niv :((
    Makedoncite se luge bez dostoinstvo,lige sto sekoj si gi gleda licnite interesi,a ni najmalce drzavnite.Patrioti se site samo na sportski nastani,nebare kojznae kolku si ja sakaat drzavata.
    Ponekogas se sramam sto sum Makedonec,ja sakam ovaa zemja no ne i lugeto sto ziveat vo nea.

  2. komitamkd напиша:

    za zal vo pravo si za se Branitel………

  3. Gianni B. напиша:

    Мир ќе има, работите ќе се смират, за недела или две се ќе биде како пред месец дена!
    До кога?
    Додека не бидат мнозинство, потоа на улица ќе бидеме убивани и никој нема да одговара за тоа!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s