Матер ви ебам…кој прв почна???

Овие денови по градов…по државава…..се изнегаледав ,,херои”. Јунак до јунак. Секој ебан клатикур кој во својот мизерен живот го нема осетено здивот на опасноста сега зема палка во раце и почна да тепа. А тие ,,тепачишта” не ќе знаеа како изгледа да удриш некого да не беа разјарените диви орди кои како глутница хиени кукавички и од некоја безбедна дистанца чекаат плен да нападнат, да се иживуваат.
А тепаат девојчиња, тепаат малолетни деца…маваат на старици, на старци и токму тие за наша жал ги нарекуваат борци и чувари за некоја национална кауза. Се удираат во гради дека се невидени патриоти, дека се многу големи мангупи, големи факмани кога кукавички маваат од позади грб, кршат глава на некој невин минувач на улица или патник во автобус, а со брзина на светлината бегаат  во непознат правец. И така херојот си ја задоволува својата страст, недостатокот на ерекција го надополнува со иживување врз некој немоќен самотник во ова лудо опкружување.
И треба да си тежок измбецил а да не разбереш дека сето ова, оди по нечија режија, дека кујната на оваа манџа не е на домет на мојот нос, меѓутоа добро знам дека следен на нивното мени за сервирање сум токму јас, моите блиски, мојата држава која стана залог во матните балкански игри каде допорва ќе се црта и доцртува, ќе се соединува и разграничува.
Не знам како, но нема да бидам мутав и да не си го поставам прашањето на кое и не  сакам никој да ми даде одговор. Кои се инструкциите кои ги добиваат Албанците во оваа земја од тајните служби на друга соседна земја и колкава територија  на Македонија им е ветена во случај да го запалат фитилот на војната???Некако се ми испадна верижно поврзано.
Една наша министерка за евроинтегрирање беше на состанок во Грција кај својот домаќин, разговараа позади затворени врати 2-3 часа, излегоа насмеани и задоволни а резиме од состанокот не добивме. Ни беше објаснато дека разговорите биле конструктривни и во правец на идното евроинтегрирање на балканот.
Она што е сосема симпоматично е што веднаш после таа посета на Грција, овде во Македонија се проблематизираше еден настан, прилично стар, и подзаборавен. Маската со куранот од вевчанскиот карневал некој го извади како Тројански коњ кој ќе го распламти меѓунационалниот оган. Се подзапалија некои цркви низ државата, атмосверата и тензијата се кренаа до маскимум, почнаа да стигнуваат заканувачки тонови од соседството за нешто што се случило 15 дена претходно. Она што јас го имам забележано како лаик,  и тотален не познавач на новите прекројувања на теренот е дека господата во Атина и те како будно го следеле настанот во Вевчани. Таму, освен тоа што имаше невкусни шеги на сметка на муслиманите, беше и симболизиран погребот на Грција преку една од многуте маски. И како и да делуваат маските, и  кого  тоа  и да го навреди, нити Исламот згасна, ниту пак на пешкирите од  Грција им правевме парастос после таа епизода на црн хумор, која сепак останува во доменот на слободарскиот хумор  му се допаднало тоа некому или не. Вкусовите се секогаш различни. Јас како христијанин длабоко жалам ако некој се нашол навреден во тие денови на општо карневалско лудило.
Меѓутоа,  дали беше доволна причина  еден карневал со вековна традиција, да биде изваден од контекстот на зафрканциите, на слободољубивоста на умот, на бегањето од суровата реалност,за нешто што токму ќе не врати таму? Во суровата реалност.

Како домино ефект следуваа настаните после карневалот во Вевчани. Се изнагледавме лицемери и така наречени смирувачи на состојбата. Градоначалниците на некои општини го поведоа орото на пакоста, продефилираа со закани пред аудиториумот,  за потоа пред меѓународните фактори да повикуваат на некое си смирување. Задими црквата во Лабуништа, па во Мала Речица, осамнаа графити во кои се повикуваше на геноцид, беа напаѓани Македонците, беа провоцирани да се фатат за ова смртоносно танго за на тој начин да се исполни желбата на нарачателот на овие валканици. И сега воопшто не се чудам зашто Грците ги одбегнуваат преговорите за проблемот кои само тие го измислија. Сега гледам каков начин одбрале на ,,решавање”на нивниот проблем наречен Македонија. Ги охрабрија на пакост  своите несудени сојузници кои исто така имаат голема корист од дестабилизација на Македонија и за кои се прашував долго време, кога ќе почнат да работат против нас во спорот со Грција, а упорно се представуваа како конструктивни партнери и лојални на оваа земја. Никогаш и не биле за жал.
Последниве 10 дена состојбите во државава и речиси излегоа од контрола. Младите Албанци и Македонци со палки , ножеви, метални шипки и боксирачи застанаа во некоја си нивна одбрана на албанското….на македонското. И нема да изедначувам. Нема нереално  да балансирам. Речиси десет дена секојдневно слушавме вести каде брутално се претепуваат Македонци. Најчесто додека се сами по улица, излезени на прошетка, брутално и крвнички беа претепувани од страна на некои си многу ,,храбри” комшии кои потоа бегаат од настанот со молскавична брзина. Работата не се смируваше, напротив, тој тренд продолжи со несмалено темпо. Нападите продолжуваа, болниците се полнеа со повредени Македонци, ножевите и белбол палките станаа сретства за некакво си ,,превоспитување” на нас пакосните. И беше прашање на време. Кога Македонецот ќе ја прифати оваа валкана игра , наметната од некој сосема трет, кога ќе пукне филмот и на другата страна.
Пред некој ден бевме сведоци на еден насилнички акт врз група Албанци во автобус со број 58 кој се обраќа на релација према село Чифлик. Маскирани,со палки и шипки во рацете напаѓачите тепаа се што ќе им дојде пред рака. Билансот беше несреќен. Неколку недолжни млади луѓе заработија тешки повреди, некои во шок соба, некои и смртно преплашени не знаејќи како утре ќе заминат и ќе се вратат од училиште. Тој што не размислива со умот на насилникот,за жал во оваа ситуација е безпомошен.
Во оваа ситуација, насилниците се најбезбедни, тие одат во групи од по 10-20 луѓе, нив никој ништо не им може ,нив никој не ги напаѓа. Во сите случаи сметките помеѓу себе ги рамнат преку недолжни луѓе.

И каде сега? Ракавицата што ја фрлија едните, овие другите очигледно ја прифатија. До каде ќе продолжи овој верижен судир и дали има некакви шанси да се спречи влошувањето на сосотојбата? Ситуацијата е пред ескалација. Тие што тепаат и кршат треба да знаат дека насмевката на нивното лице нема да се врати ако претепаат некој свој опонент. И понатаму ќе се трујат во вителот на омразата, и самите ќе станат мета на таква омраза. Во тој случај ќе се спуштат многу рампи. Оние од Чифлик ќе кружат преку Драчево,оние од Крушопек преку Сарај..оние од Студеничани преку Велес и обратно. Нема оваа земја толку мостови за рушење колку што очигледно има омраза. А ако мислите дека е подобро да го гледате Скопје со двоглед, наместо безбедно да се шетате по него, повелете продолжете. Селото и на вас насилниците и на тие недолжните нема да ви побегне. Таму и ќе останете, неможејки да го прескокнете ѕидот на омразата кои сами го соѕидавте. Македонецот покажа колку е толерантен…но некој друг покажа колку е упорен да го извади од кожа. Стапот за среќа, или за жал има два краја.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

26 Responses to Матер ви ебам…кој прв почна???

  1. ubavko напиша:

    svaka cast za toj sto go napisal ova….ja opisal celosnata situacija!! ja vikam ako tie sega neka ne tepaat neka se sobiraat vo 12 saat 20 dusi i neka idat na eden ali eden den i nas ke ni pukne filmot!!! tie osven puska,pistol,boksirac,palka vo raka neznaat nisto drugo da pravat…licno sum iskusil da me napadnat i da im izvadat noz bez nikakva pricina i da mi baraat da ima dadam se sto imam ali golema sreka sto se znaev so eden od niv i taka se spasiv!! samo neznam zosto nikoj do sega ne mi dosol sam i da mi napravi nesto nego sekogas idat po 15-20 dusi i togas se silni so nozevi i palki?!

  2. lepi напиша:

    Ќе ти го прочитав целиот текст со голем интерес (бидејќи навистина ме интересира матер му ебам кој прв почна) ама ја извртуваш вистината од самиот старт така да решив директно да искоментирам и да го затворам табов.
    Значи
    1. Вевчанскиот карневал се случи на 13-14 Јануари (според Википедија).
    2. Арифи беше во Грција на 24-25 Јануари.
    Некои 10 дена разлика. Така да квалификацијата “еден настан,прилично стар, и подзаборавен” не ти е воопшто на место. Што се случи на Вевчанскиот карневал (односно конкретниот настан) никој не знаеше додека не се појавија видеа на Youtube, па се друго се случи.
    Се поставува прашањето, дали целиот текст ти е погрешен бидејќи првичната причина ја бараш на погрешно место?
    И уште едно прашање се поставува, зошто побогу се трудам да најдам разум и непристрасност на блог чиј сопственик е некој комита од мкд, па уште и реплицирам?

    • komitamkd напиша:

      datite ti se mnogu tocni prijatelce.I bas posle 15 dena pocnaa site tie zbidnuvanja.Da tvrdam ne tvrdam nisto,ova se samo logicni predpsoatvki na nelogicni nastani.Jas drugi pricini za tie zbidnuvanja ne vidov.Se pocna posle maskenbalot vo Vevcani i toa so golemo zakasnuvanje.Odkako se nalutija komsiite Grci izleze i reakcijata za drugata maska.No da ne ne navleguvame.Stom tebe ti preci mojot naziv na blogot se gleda od kade prozleguva tendencioznosta vo tvojot komentar.No ne sum pristalica na ednoumite i sakam tvojot razlicen stav da go krasi mojot tekst.Pozdrav…

  3. >MoNsTeR' напиша:

    prijatele nas amerika ne dupi sekad u 2001 so autobusi go iznesoa od aracinovo i od drugite sela inace nemase sega da dojde do ova togas se ke zavrsese!

  4. doce напиша:

    odlicen tekst, samo sto, onie za koi sto e namenet tekstot, ne znaat da citaat

  5. Aminta напиша:

    Mene samo me interesira dali i vo drugi drzavi amerikanskata ambasada i kancelarijata na evropskata unija vednas reagiraat na ulicni tepacki i vakvi incidenti. Mozebi so nivnite reakcii i izjavi si ja brkaat “muvata od kapata” deka tokmu tie se potiknuvaci na vakvite incidenti. Mozebi zatoa sto konecno nasite politicari sfatija deka ima mnogu porazvieni svetski ekonomii od onie na SAD i EU. Pa sega vo znak na odmazda poradi toa sto veke ne im se “trtime”i ne gi molime za vlez vo nivnite kolonizatorsko-fasisticki organizacii vaka sakaat da ni vratat i da ni ja rasparcat drzavata.
    ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!!!

  6. Провинцијалец напиша:

    Би сакал како МАКЕДОНЕЦ да го изразам моето задоволство од настаните кои се случуваат последниве 10тина дена во Скопје и скопско. Зошто??? Затоа што ниту Комитите како ти што се палиш сега, ниту власта, ниту обичниот народ, ниту медиумите, не се дрзнуваат да зборуваат за градови како Струга, Дебар, Гостивар, Тетово. Кога господинот Бучковски ја ПРОДАДЕ Струга на шиптари, ни 5 илјади граѓани од оваа проклетија не излегоа на референдум да речат НЕ. Производ на тоа? Денес Струга има малцинство Македонци од околу 30%. Затоа драги мои Скопјани вие што сте во “метрополата” вие што сте вистински граѓани, вие за кој цела Македонија е провинција, трпете го се ова што ви се случува и молете се што поскоро меѓународниот фактор да ве спаси, зошто провинцијата ќе гледа и ќе се сити!

  7. Chernobil напиша:

    realno e sve komito , sepak ovaa “ramkovna” borba e pomegju najvisokiot sloj na lugje.Silno sum ubeden deka ovaa “aukcija” e vekje pocnata i site ucestvuvame vo nea. Realen e i faktot deka nie sme hostot!Sami sme ja kreirale ovaa zapletkana mreza bidejkji narodot vekje izglasa nevrabotenost, nesigurnost , reklami so visoka procentualnost na zamackani ochi ili podobro sklopeno kampanja “napravi go prviot cekor” . tie go napravija i ocekuvaa deka ke bide vozvraten. na kraj sami ke bideme krivi.

  8. komitamkd напиша:

    jas izlegov na referendumot drugarce i go delam mislenjeto so tebe.Togas imavme sansa so penkalo da se izborime za svoeto,no nekoj go zamai narodot deka ,,Nekoi prasanja ne zasluzuvaat odgovor”.Sepak ne stanuva zbor za skopjani…struzani ili bilo koi….Toa e retrogradno razmisluvanje.Site sme makedonci i delime ista sudbina.Nekogas ubava,nekogas gorcliva.Pozdrav….

  9. Провинцијалец напиша:

    Токму затоа не е прашањето дали ти како индивидуалец си излегол на референдумот или не. И јас бев, ама ете гледаш ние двајца очигледно не сме направиле ништо! 20 години гледам како се богатат на проблеми од овој тип и мислам дека веќе научив нешто од овие работи. А тоа е дека ќе паднат неколку жртви, може ќе има и по некој загинат во овие случки (како што има веќе неколку поврзани или не) и се ќе се заврши само од себе без да објасни некој што и како…. А покрај тоа ќе се збогатат многу случајни и неслучајни лица….

  10. alexander напиша:

    Mi se dopagja komentarot na ”komitamkd” vo celost se soglasuvam so nego.. I bi dodal samo da dodadam uste nesto.. Ne daj boze da se sluci nesto pogolemo, koj ke izleze da ja brani Makedonija? Posle se sto se sluci so Branitelite i nivnite prava,veruvajte,moralot e padnat na njnisko nivo.Patriot ne e samo da se naviva na stadion,ili od govornica na parlament. Veruvajte,nikoj nema da go prati svoeto cedo da gine, a sigurno najmalku onie koi ja napravija ovaa “zavrzlama”. Pati obicniot gragjanin kako i sekogas. Lesno se pali i manipulira so ”nepismeni”. Veruvam deka i od drugata strana ima dosta koi so rezerva gi sledat nastanite..

  11. komitamkd напиша:

    Stanuva zbor za tesko scenario,i za teski momenti kade e tesko se kontroliraat emociite.Nekoj mava tamu kaj so e najtenko,Tezok period za site no za brzo vreme ke se odkrijat celite……

  12. Пингување: Weitere Gewalt in Mazedonien -Seite 5 - Balkanforum

  13. Андреј напиша:

    Се согласувам скоро целосно со твојот текст, бидејќи сум (необјасниво) скептик за поврзаноста на сето ова со Грција, иако провираат такви шушкања, особено во последните два-три дена. Лично сум разочаран што повторно се креваат тензиите и напнатоста и тоа на етничка основа. Живеам во Скопје од „другата“ страна на Вардар и досега сум немал никаков проблем, но таа има добиено етикета „Багдад“. Кога на своите другари со смирен тон им зборувам дека никогаш сум немал проблем, гледаат со чудење и набројуваат низа престрелки, тепачки, испоискршени автобуси… Страшно! Од такви постапки леб нема, а ние пак стапот го кркаме. По секој таков набројан настан се вжештуваат главите и пцости се истураат како дожд. Омразата иде преку таван високо…
    Најголем ќар од тоа добиваат самите предизвикувачи на инциденти. Еве, вечерва Скопје беше полу-празно – а сабота е, кога Скопје во принцип е многу раздвижено. Јас излегов и се вратив назад со автобус – глетката беше застрашувачка. Не оти немаше излезени, туку оти разбрав дека народот почна да се плаши. Вестите го направија своето и сега сите се кријат дома од насилниците меѓу албанците (за овие насилници гневно ќе кажам ШИПТАРИ). Секој албанец сега има етикета на насилник и примитивец. Сите ги избегнуваат и никому не паѓа на памет да се вози во автобус кој поминува низ места каде живеат, а на местата каде е можно да се движат нема никој освен – албанци. Дури низ цел град нема никој само поради помислата дека тие насилници не би размислиле два пати пред да дојдат каде сакаат и направат инцидент. Како резултат, денеска и деновиве Скопје стагнира, нема промет по кафулињата, кината, автобусите се празни, продавниците продаваат помалку – се е редуцирано. Македонскиот дел во економијата го крка од стравот, а со доволно време, ќе го крка прописно. Без раздвиженост во градот и пошироко во Републиката, албанските криминални банди си ја шират територијата каде никој не им пречи и нивните илегалности се одвиваат непречено, никој не ги контролира, никому не му текнува да се доближи и блиску до онаму каде тие функционираат. Ограничувањето им носи патишта и ресурси, можност да си назначат „локални шерифи“ и да си ја обележат новосоздадената територија. Кога човек слуша дека некој е истепан во непосредна близина на „Жабарот“, каде на 10 метри има обезбедување и полиција задолжена за сигурноста на владата, тогаш се поставува прашањето – каде не може да бидеш истепан?! Кукавичлукот на овие криминални банди, тепањтое на недолжни старци, деца и (најодвратниот чин кој заслужува гилотина и бесилка) девојчиња, колку и да е за да им свирнеш по еден куршум во челото, функицонира според планот за сеење страв. Чекаат на реакција од Македонците за да почнат да цмиздрат како се угнетувани, немаат права, тепани се и омаловажувани, а самите се провокатори, насилници и имаат повеќе права и слобода на движење од мене самиот, Македонец во својата земја!
    Ми се гади од помислата колку сме неспособни да се справиме со ова, не како народ, туку институционално. Радо би истурил две-три рамки куршуми на бандите насилници, но тоа воопшто не е паметно, ниту пак е решение.Тепачка и војна само ја комплицираат ситуацијата уште повеќе. Решението (за мене) лежи во засилени полициски патроли и навремено фаќање на предизвикувачите на инциденти кои, по кратко време, гледајќи дека стравот е присутен, ќе почнат да брмчат за нивните „достигнувања“. Со најстроги казни за нив и нивно затворање, полека ќе се стега обрачот околу главните криминалци кои стојат зад тоа, а тоа ќе ги уќути сите насилници, бидејќи никој од нив не сака да им се „заебе“ работата. Така полека ќе се елиминираат слоевите и ситуацијата ќе се стави под контрола. Да имав верба во полицијата и државата и да знаев дека ќе си ја работат работата и имаат храброст да ги подберат до последен „бос“, сега само ќе пцуев по напнатоста. Вака ми се гади од немоќта. Не сакам ни да помислам, а не па да слушам вести за претепани Македонци и да знам дека насилниците се шетаат чопоративно и се дерат за да ги слушнеш оддалеку и да им се плашиш! Ми се гади од забележливото замолчување на целиот автобус кога тој врти кон станицата на Бит Пазар и продолжува се до Бутел! Страв! Проклет страв! Како чума ги ништат вековните Македонски огништа и создаваат етничка територија додека ја планираат голема Албанија во тие криминални подземја! Тоа мора да се смени. Доволно исплакала оваа земја… Памет во глава и храброст низ врвот во институциите и кај народот! Да се избавиме и од ова зло на криминалот и да биде еден ден конечно соживот! Искрено се надевам дека не се надевам попусто…

  14. Bace напиша:

    Ако не приметивте само нашо коментирате на постов, така да за договарање треба двајца..
    Ја сум стар земјоделец и до сега со ниедна стока не сум се разбрал! поздрав..

  15. Safra напиша:

    медиумите: 3 албанци истепале полицаец Македонец, 4ца малолетни Македонци истепале 2јца албанци, напаѓачите на абтобусот бр58 македонци, а на бр57 албанци….. па дали ова ви личи на соживот, како очекувате соживот кога во секојдневното изразување има поделба на наши и ваши. соживотот меѓу овие горе наведени е смислена именка која упорно некој се труди да ни ја утури во пракса а тоа ти е како да споиш магнед ама од онаа другата страна

  16. jak напиша:

    edno sfatete ne e ni vmro ni sdsm kriv ova e od drugi luge sve ova e odnapred izrezirano i toa sto im se dade premnogu sloboda

  17. dangthe напиша:

    Морам да споделам едно мислење за целава ситуација. Не следам вести, па првите 2-3 дена од целово лудило ми “промакнаа”, па еден ден кога одлучив да се update-нам со најновите дешавки во државава, налетав на сите овие приказни, од улетување во автобуси, до начекување на случајни минувачи на улица и тепање со палки, шипки и ножеви. Одвратно се чувствувам гледајќи што се случува и се плашам за нарушеното ниво на соживот. Меѓутоа, како што почнав да размислувам на темата, дојдов до еден чуден заклучот – што е точно “соживот” и дали ние реално го имаме во последните 15ина години? Јас лично би рекол не. Имам доста пријатели Албанци, сите се одлични луѓе – меѓутоа колку и да имам добро мислење за овие кои ги знам, никогаш нема да смогнам храброст да се прошетам сам навечер по некои улички од “онаа страна” на Вардар, само затоа што сите ние знаеме какви случки неретко се случуваат таму. Албанците имаат многу поголема слобода на движење низ градов, иако самите би ви рекле дека тоа не е точно, не ми текнува на ниедно место во градов низ кое не би можеле Албанци да се прошетаат навечер пешки, а притоа да се плашат дека некој би ги нападнал. Да, можеби некој би ги нападнал, ама не затоа што се Албанци, затоа што истиот тој некој би нападнал и Македонци… Сакам да кажам, според мене ние не сме ни имале соживот во државава, а нема ни да имаме. Некои луѓе сметаат дека соживот е само фактот што живееме на иста територија, а не се убиваме – тоа според мене е само буре барут кое што чека да пукне. Исто така, најголем дел од Албанците што живеат тука, не се претставуваат, и ни од далеку не се чувствуваат како Македонци – епа како би очекувал некој да ми биде пријател и сограѓанин, кога истиот тој контрадикторно се претставува како Албанец, иако е роден и живее генерации наназад во Македонија??? Факт е дека премногу сме различни како народи, имаме премногу различни вкусови, култури и погледи кон животот. Но, сево ова може да се надмине ако има желба – но кај поголемиот дел од народот таа желба ја нема, има премногу “bad blood” – и судејќи по минатите искуства на Балканов, истата нема да исчезне во догледна иднина. Веројатно коментаров ќе звучи доста конфузно, пошто така и се чувствувам додека го пишувам, имам премногу работи што сакам да ги кажам, ама не во некој одреден редослед.

  18. FiljoKomita напиша:

    Ова од секогаш го имало .. имало тепачки и во автобуси и на секаде .. само што сега сме премногу информирани за тоа .

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s