На гости кај Адолф,Јосип Броз, Гоце и Сулејман….

Се шлаев по собите и умирав од монотонија.  Моите дома гледаа некоја си турцка серија,весниците ги имав прочитано од прва до последна страна, а главата ме болеше од предходната седенка со одфрлените патриоти. На тераса ми седеше машинчето едносед,со црно затемнето стакло кое за 3 килограми бензин може да ме прошета 1000 години назат и напред во времето. Денот беше идеален за патување. Можев да бидам одсутен само неколку часа а за тоа време да си напраам убав муабет со саглам луѓе.

Се наместив во моето машинче,го врзав појасот,го стиснав дугмето за патување и блесна силна светлина во близина на полициската станица во Ново Лисиче.

За еден миг се најдов во центарот на Берлин,неколку десетици метри под земја,во еден бункер каде пијаните нацистички војници го испраќаа бродот кој тоне. На крајот од еден ходник забележав отворена врата од каде се слушаше еден  налудничав крик како се  расправа со некоја жена. Дојдов до вратата и го забележав стариот и згрбавен Адолф Хитлер како пробува да ја нагузи неговата Ева. Не ги разбрав убаво за што се расправаа, но мислам дека Ади имаше проблем со ерекцијата а Ева си ја лепеше таа вина на себе и посакуваше да се убие поради тоа. Тропнав на вратата и се извинив:-Господине Хитлер,јас сум вашиот глас од иднината би сакал да разговараме,го имам клучот на вашиот спас.

Ади ме погледна збунето а потоа со раката што му трепери ми покажа да седнам на фотељата карши неговата. -Кој си ти?-ме запраша со испотено и уплашено лице.

-Јас сум човек од иднината,доаѓам да те спасам од светските срамови и да ти дадам некој совет, да не те плукаат по музеи и со тебе да играат курташак-пробав да го смирам налудничавиот. Адолф седна карши мене а јас почнав:-Еј будало една,кој кур те тераше бе да се закачаш со Сталин, малку ли ти беше цела Европа во џеб? навивав за тебе….  Но батали тоа ја утна работата иако сеуште не е доцна. Остај ги самоубиствените идеи, не и ги кажувај на Ева своите планови таа ги продава сите твои тајни на твојата секретарка а она утре од тебе  и твоите прикаски ќе напраи многу читана и продавана  книга. Излези вечерва во 01 часот ќе те чека црн Џип кај касарната, луѓето од Рајхот  ќе те одведат накај Северното море. Од таму со подморница ќе одпатуваш накај Аргентина кај дедо му на Габриел Хајнце.

Адолф ме гледаше збунето и се чудеше од каде ги знам неговите мисли.Извади едно старо француско вино,ме почести и ми се заблагодари.

Од таму влегов пак во моето машинче ,стиснав на дугмето и бела светлина го осветли небото на Берлин.
За кратко време се најдов во градчето Кумровец. Го видов познатиот бравар, Јосип Броз Тито кој беше на почетокот на својот доживотен  председнички мандат. Чекаше некоја  од своите комитетски фукари и кркаше напиток афродизијак со дробен рог од елен. Се шлаеше по едно брдо со  пијалок во рацете и го дрвеше курот.

-Еј другар Тито,што праите овде?-го прашав другарот над другарите а тој ми се обрати.-Еве шетам овде по полево,  гледам по грмушкиве погудувам каде се крие зајакот.

Ја сватив неговата позната игра но немав многу време да ги слушам тие негови прикаски па му реков:-Аман бе чоек,преземај нешто  под хитно овие братскиве народи после твојата смрт партали ќе се напраат. Во Босна и Хрватска крвови до колена ќе течат а и Јованка ќе ти остане без пензија овие во Белград после тебе здравјето ќе и го земат.И те молам дај малце од ова центриве префрли накај Македонија, се накај Словенија натуривте а после Братство и Единство….лошо ќе ти заврши државата Јожееееее….

-Ме здогледа Тито замислено не знаејќи кој сум и што сум по што исчезнав со својата машинка и долетав на едно друго место.

Беше ноќ.4 мај 1903 година и се наоѓав во село Баница пред една убава и голема двокатна куќа каде на чардаците беа распослани  најубави везени гоблени а имаше поставено и убави саксии со бујни цветови кои ширеа прекрасна миризба во дворот. Го чекав Гоце Делчев да излезе да замота еден качак-тутун па да му кажам нешто на само.

Залудно чекав,веќе ноќта натежна кон полноќ а Гоце веќе на големо ја теслачеше  својата љубовница.Една од најубавите и најпрефриганите жени во селото. Гоце беше голем револуционер но и голем женкар, но немаше представа дека оваа курава ќе го даде на турците за возврат на еден приватен харем кој и го имаа ветено мустаќлиите. Ах, ебати курвите морам да преземам нешто. Земав мавнав со еден камен и го искршив прозорецот каде Гоце ја искажуваше својата македонштина. Залајаа кучињата,списка невестата а еден засукан брк се појави на пенџерот.

-Кој е таму доле бе керата-свикна војводата а јас довикав од доле.-Војводо,извинете и се на госпоѓата ама имам една итна вест за вас. Гоце ги натакна алиштата и се симна кај мене. Се зачуди на мојата гардероба, на мојот мобилен телефон а со себе носев и еден учебник по Историја и дрес на Ф.К Вардар.-Војводо, вечерва треба да ве убијат,а оваа твојава фукса треба да те предаде на аскерот некаде околу 5.10 минути изутрина. Немој да спиеш кај неа,изеби ја убаво и бегај уште вечерва-му намигнав со окото и му се насмеав.

-Кој си бе ти керата???-ме запраша строго.

-Ја сум твојот гласник од иднината. Ако сакаш да доживееш и втора светска војна, и наместо име на касарна да те стаиме и како име на град во Македонија бегај од кај оваа фуксава малдоста ќе ти ја запусти.А и кога сум веќе тука,дај зауздај ги твоине спремаат некое востание а не се спремни за тоа. Бахтијар-паша пепел ќе ги напраи републиканците во Крушево.

 Остана Гоце задуман,и со лут поглед се заврте кон куќата а јас веќе бев во машината спремен да патувам повторно. Го стиснав дугмето и заминав во друг правец. Бев среќен што успеав да спасам еден наш револуционер од канџите на една курветина.

Следна дестинација ми беше харемот на Султан Сулејман. Се шетав низ неговите одаи со дрес на Вардар и по кратки шорцеви.Покрај него ја бев единствениот маж што може да биде со жена.Покрај оние негови аги евнуси чоек овде може партали да напраи со амамките. Шетав по ходниците и ја слушав Хурем како го кара Султанот бидејќи бил предходната ноќ со некоја од робинките. -Ме изневери,ќе ги земам своите деца и ќе те напуштам-врескаше Хурем.
-Немој љубов моја,свати ме, бев пијан, умот го изгубив.Те молам прости ми еве за тебе специјално ќе ја освојам Унгарија и ќе преименувам еден град по твоето име-ја молеше величенствениот својата втора жена.Тропнав во неговата одаја и побарав прием.

-Кој си ти???-ме праша одсечно и строго
.-Доаѓам од Македонија,луѓето многу те сакаат таму, главна фаца си на телевизија  а еве и аеродром изградија твоиве,економијата ни ја пичат.Доаѓам од 21 век со една посебна молба за вас.
-Како стои мојата Турција во 21 век-праша Сулејман .
-Одлично-му возвратив-По целиот свет криза,паѓа еврото,доларот,само вашата лира оди напред.Доаѓам со една посебна молба за вас.Дај со твоиве походи,нагази малце према Грциве душата ни ја вадат тие катили,за возврат  ќе им кажам на Гоце и Даме да не креваат востание против вас,а и Цвета ќе ви ја дадеме без кровопролевање.
Се задума малку Сулејман,и по краткото размислување се согласи да ја нападне Грција.
Го стиснав дугмето и пак одпатував,овој пат дома…….

За кратко време се вратив во мојот дом а тамо татко ми на големо пичкараше се живо и диво.- Да ви ебам турските серии да ви ебам не можам да гледам утакмица од вас……играат Барса и Реал….се дереше по мајка ми и сестра ми а тие на големо зјапаа во Тв екранот и грицкаа сончоглед задлабочено.

Тогаш сватив дека само не можам да му помогнам.Турските серии се навистина нерешлив проблем. Се прекорив себе што не го домакнав и Гоце да се увери самиот во овој парадокс. Неговата Гоцева раса по цел ден зјапа Турски филмови и наместо за христијаните, навиваат за муслиманите во прикаската за султан Сулејман. Штета,но мојата машинка е едносед.Ги спасив светските ликови од некои судбоносни потези по нивниот живот но на стариот мој едноставно не можев да му помогнам. На него му остануваше да ѕирне на фудбалскиот наптревар онака за кратко…за време на  реклами….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s